EBOOKS AND AUDIOBOOKS DISTRIBUTION

Amazon: [Kindle]

Audible [audiobook] [curatela]

GooglePlay [audiobooks]

Mondadori Store [audiobooks] [ebooks]

Kobo [audiobooks/ebooks]

Libraccio [audiobooks] [ebooks] [classicistranieri] [curatela]

Libreria Universitaria [ebooks]

IBS [audiobooks/ebooks]

LaFeltrinelli [audiobooks/ebooks]

Youcanprint [audiobooks/ebooks]

Barnes and Noble: [audiobooks/ebooks]

Findawayvoices Shop [audiobooks]

StreetLib: [audiobooks/ebooks]

Audiobooks.net [audiobooks]

Casa del libro [ebooks]

Libro.fm [audiobooks]

Gandhi [audiobooks/ebooks]

Web Analytics
Август - Википедија

Август

Од Википедија, слободна енциклопедија

Јул - Август - Сеп
п в с ч п с н
  1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
календар за 2008 г.
Сите дати

Август е осмиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден.













1 август настани родени починале
1498  Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела.
1834  Ропството е укинато во Велика Британија.
1944  Ана Франк го пишува последниот податок во својот Дневник.
1960  Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан.
1981  Во 12:15 минути напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и модерната поп-култура.
1819  Херман Мелвил, американски писател, есеист и поет.
1952  Зоран Ѓинѓиќ, српски премиер.
1984  Бастиан Швајнштајгер, германски фудбалер, играч на Баерн Минхен.
1966  Чарлс Витмен, американски масовен убиец, убиен од полицијата.
1967  Ричард Кан, австриски хемичар и Нобелов лауреат.
1968  Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, новинар и публицист.
1990  Греам Јанг, британски сериски убиец, попознат како Чајниот трујач.
1997  Свјатослав Рихтер, руски пијанист.
2005  Фад бин Абдул Азис, крал на Саудиска Арабија.


2 август настани родени починале празници
338 п.н.е.  Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над комбинираните сили на Атина и Теба.
219 п.н.е.  Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска армија.
1903  Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Kичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Mариовско.
1944  Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик е воведен како службен јазик во Македонија.
1991  Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.
1932  Питер О'Тул, ирски актер.
1939  Вес Крејвен, американски филмски режисер, еден од татковците на современиот хорор жанр.
1942  Изабел Аљенде, чилеанска писателка.
1788  Томас Гејнсборо, познат англиски портретист и пејзажист.
1921  Енрико Карузо, италијански тенор, еден од најголемите оперски пејачи во историјата.
1922  Александар Греам Бел, шкотски иноватор, изумител на телефонот.
1976  Фриц Ланг, австриски филмски режисер. Неговите филмови Метрополис и M и денес се сметаат за ремек-дела во областа на седмата уметност.
  Македонија - Илинден, празник во чест на Илинденското востание.
  Христијански празник на пророкот Св. Илија.


3 август настани родени починале
1909  Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.
1936  Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на Олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф.
1946  Во САД се основа Националната Кошаркарска Асоцијација.
1960  Нигер се стекнува со независност од Франција.
2002  Турција ја укина смртната казна
1832  Иван Зајц, хрватски композитор, диригент, пијанист и музички педагог, втемелувач на хрватската опера. Умре во Загреб, на 26 декември 1914 година.
1882  Алојз Градник, словенечки преведувач и поет и на националниот отпор против угнетувањето. Негови најпознати збирки песни се Ѕвезди што паѓаат, Златни скали и Песни за Маја. Умре во Љубљана, на 14 јули 1967 година.
1926  Тони Бенет, американски пејач.
1959  Коичи Танака, јапонски хемичар и Нобелов лауреат.
1979  Еванџелин Лили, канадска популарна актерка и манекенка, позната по својата улога во Изгубени.
1857  Ежен Си, француски писател.
1902  Лазар Москов, еден од најпознатите македонски револуционери. По завршувањето на класичната гимназија во Битола, разви организациона дејност во Костурско. Таму тој стана еден од поактивните организатори на ВМРО и со својата агитација и пропаганда ја подигнуваше револуционерната свест и борбеноста на македонскиот народ. Роден е во селото Д'мбени во 1877 година.
1924  Џозеф Конрад, британски писател со полско потекло, автор на Срце на темнината.


4 август настани родени починале
1914  Во текот на Првата светска војна, Германија врши инвазија врз Белгија. Како одговор на ова, Велика Британија и објавува војна на Германија. САД објавува неутралност.
1936  Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
1944  Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна.
1984  Горна Волта го променува своето име во Буркина Фасо.
1993  Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.
1792  Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата Кралицата Маб го дава изразот на својот револуционерен дух против кралевите, свештениците и политичарите. Неговиот сонет Озимандиас се смета за едно од врвните дела на светската поезија.
1859  Кнут Хамсун, норвешки писател и Нобелов лауреат од 1920 година.
1900  Луј Армстронг, американски џез музичар и трубач.
1940  Абдураман Вахид, четврти претседател на Индонезија.
1947  Клаус Шулце, германски композитор.
1875  Ханс Кристијан Андерсен, дански писател, создавач на многу бајки кои се преведени на повеќе од сто јазици и продадени во милионски тиражи во многу земји во светот. Меѓу нив како најпознати се издојуваат Малата сирена, Царевите нови алишта и Грдото пајче.
1890  Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп Смртта на Смаил-ага Ченгиќ. Роден е во Нови Винодолски, на 18 август 1814 година.
1984  Ричард Волтер Џеникс Бартон, великан на седмата уметност, прочуен британски актер и на два пати сопруг на Елизабет Тејлор. Роден е во Пантрихидифен, Јужен Велс, на 10 ноември 1925 година


5 август настани родени починале
1305  Вилијам Волис, водачот на Шкотите во нивната борба против Англија е заробен од Англичаните во близина на Глазгов и е транспортиран во Лондон за судење и егзекуција.
1858  Поставен е првиот трансатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија.
1884  На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата.
1962  Затворен е Нелсон Мандела. Од затвор нема да биде пуштен се до 1990 година.
1974  Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на Аферата Вотергејт.
1802  Нилс Хенрик Абел, норвешки математичар.
1850  Ги де Мопасан, француски писател, мајстор на расказот, претставник на европскиот натурализам и автор на околу 300 новели, шест романи и на неколку други дела. Меѓу многубројните збирки раскази се истакнуваат Куќата на Телие, Раскази и новели и Господин Паран. Умре на 6 јули 1893 година.
1862  Џозеф Мерик, британец со огромни деформитети на телото, многу попознат како Човекот Слон.
1906  Васили Леонтиеф, руски економичар и Нобелов лауреат.
1930  Нил Армстронг, американски астронаут, првиот човек што стапна на Месечината.
1962  Патрик Јуинг, американски кошаркар, долгогодишен играч на Њујорк Никс.
1895  Фридрих Енгелс, германски философ. Заедно со Карл Маркс го напиша Комунистичкиот Манифест.
1962  Мерилин Монро, американска филмска актерка. Пронајдена е мртва во нејзиниот дом. Стана поп-икона на 1950тите. Играше во филмовите Џунгла на асфалтот, Нијагара, Мајмунска работа, Автобуска станица, Мажите повеќе сакаат русокоси и Седум години верност. Родена е во Лос Анџелес, на 1 јуни 1926 година.
1998  Тодор Живков, бугарски комунистички лидер од 1956 до 1989 година.
2000  Сер Алек Гинис, британски актер.


6 август настани родени починале празници
1825  Боливија стекна независност од Шпанија.
1900  Во Битола, во т.н. Поп-Ставрева афера, османлиската власт го затвори, а потоа го осуди на робија Даме Груев, еден од водачите на ВМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност.
1903  Напишан е Крушевскиот манифест.
1932  Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот.
1944  Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.
1945  САД ја фрлаат првата атомска бомба, врз Хирошима, Јапонија.
1962  Јамајка станува независна.
1809  Алфред Лорд Тенисон, англиски поет.
1881  Александар Флеминг, англиски микробиолог, добитник на Нобелова награда.
1911  Лусил Бол, американски актерка и комичарка, четирикратна добитничка на Еми, позната по своето шоу Ја сакам Луси.
1917  Роберт Мичам, американски актер.
1928  Енди Ворхол, американски уметник, најпознат претставник на поп-артот.
1637  Бен Џонсон, англиски поет.
1660  Диего Родригес де Силва Веласкез, еден од најпознатите шпански сликари.
1991  Ружа Икономова, македонска актерка, една од основоположниците на повоениот театар. Родена е во 1928 година.
2005  Ибрахим Ферер, кубански музичар. Член на Buena Vista Social Club.
  Боливија - Ден на независноста.
  Јамајка - Ден на независноста.


7 август настани родени починале
1816  Францускиот лекар Рене Ленак го измисли стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел на инструментите на секој лекар.
1888  Џек Мевосек го извршува првото од своите убиства во Лондон.
1895  Во Венеција, Италија е отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.
1960  Се осамостојува Брегот на Слоновата Коска.
1876  Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, германски шпион од Првата светска војна со холандско потекло.
1932  Абебе Бикила, етиопски атлетичар, познат како босоногиот тркач, освојувач на два златни олимписки медали во дисциплината маратон.
1958  Брус Дикинсон, англиски пејач, член на Iron Maiden.
1961  Јелена Давидова, советска гимнастичарка, освојувачка на два златни медали на Олимпијадата во Москва од 1980 година.
1982  Јана Клочкова, украинска пливачка, освојувачка на пет олимписки медали, од кои четири - златни.
1890  Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој е еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Роден е во 1826 година.
1987  Михаило Апостолски, македонски генерал.
1989  Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Роден е во Прилеп, во 1933 година.


8 август настани родени починале
1945  Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх на кој му се приклучија и други држави. Судењето на Хитлеровите главни соработници почна во Нирнберг, во ноември 1945 година и траеше една година.
1966  Битлси го издаваат албумот Револвер, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според веб-страната Rate Your Music.
1969  Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа.
1974  Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон и соопшти на јавноста дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во Аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател на САД - Џералд Никсон.
1976  Американскиот рок бенд Бостон го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата.
2001  Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.
1879  Емилијано Запата, мексикански револуционер.
1901  Ернест О. Лоренс, американски физичар и Нобелов лауреат.
1919  Дино де Лаурентис, италијански филмски продуцент, познат по својата долгогодишна соработка со режисерот Дејвид Линч.
1925  Алија Изетбеговиќ, претседател на Босна и Херцеговина.
1981  Роже Федерер, швајцарски тенисер.
117  Марко Улпиј Трајан, римски император, по потекло од Шпанија. За време на неговото владеење (од 98 до 117 година), Римската империја имаше најголема територија и околу 70 милиони жители.
1879  Имануел Херман Фихте, германски философ.
1944  Хаим Сутин, руски експресионистички сликар.
1996  Невил Мот, британски физичар и Нобелов лауреат.


9 август настани родени починале
1930  Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Dizzy Dishes.
1942  Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!.
1945  Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.
1969  Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената актерка Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански.
1986  Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури.
1631  Џон Драјден, англиски поет.
1776  Амадео Авогардо, италијански хемичар.
1938  Род Лејвер, легендарен австралиски тенисер, единствениот двократен освојувач на календарски Гренд Слем.
1938  Леонид Кучма, вториот украински претседател.
1939  Романо Проди, италијански премиер, поранешен претседател на Европската Комисија.
1963  Витни Хјустон, американска пејачка и актерка.
916  Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.
1919  Руџеро Леонкавало, италијански композитор.
1962  Херман Хесе, германски писател и нобеловец.


10 август настани родени починале
1913  Заврши Втората балканска војна која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.
1969  Само еден ден по шесте брутални убиства, членовите на култот Чарлс Менсон напаѓаат уште еднаш: овој пат жртви се Лено и Роузмари Лебјанка.
1977  Во Њујорк уапсен е Дејвид Берковиц, попознат како Синот на Сем, сериски убиец кој досега има признаено дека извршил шест убиства.
2000  Според следачот на промената на светското население на www.ibiblio.org, светската популација ја достигнува бројката од 6 милијарди.
2005  Ли Сеунг Сеоп од Јужна Кореја умира поради преголем замор предизвикан од непрестано 49-часовно играње на World Of Warcraft и StarCraft.
1865  Александар Петрович Глазунов, руски композитор, последен претставник на руската национална школа. Умре во Париз, на 21 март 1936 година.
1902  Арне Тиселиус, шведски хемичар и Нобелов лауреат.
1960  Антонио Бандерас, шпански актер.
1967  Ридик Боу, американски боксер и поранешен неспорен светски шампион во тешка категорија.
1971  Рој Кин, поранешен ирски фудбалер и легенда на Манчестер Јунајтед, моментален менаџер на Сандерленд.
1896  Ото Лилинтал, германски пионер во областа на летањето, првиот човек кој летал со едрилица, поради што е познат како Кралот на едрилиците.
1903  Јордан Пиперката, македонски револуционер, извршува самоубиство по неколку часовна борба со османлиската војска, не сакајќи жив да се предаде.
1915  Хенри Мозли, англиски физичар.
1967  Димитар Кондовски, академик, врвна фигура во македонското сликарство. Роден е во Прилеп, во 1927 година.


11 август настани родени починале
480 п.н.е.  Персијците под водство на Ксеркс извојувале победа над Спартанците под водство на кралот Леонид во битката кај Термопилите. Спартанците се бореле до последниот војник.
1918  Прва светска војна: Завршува битката кај Амиен.
1929  Бејб Рут станува првиот бејзбол играч во историјата со претрчани повеќе од 500 хоум-рани.
1934  Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атланска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата.
1960  Чад прогласува независност.
1966  Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека „Битлси се попопуларни од Исус“.
1972  Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам.
1999  Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија.
2003  НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО.
1858  Кристијан Ејкман, холандски доктор и Нобелов лауреат.
1926  Арон Клуг, британски хемичар со литванско потекло; добитник на Нобелова награда за хемија во 1982 година.
1950  Стив Вознијак, компјутерски пионер и ко-основач на компанијата Apple со Стив Џобс.
1578  Педро Нуњес, португалски математичар.
1919  Ендрју Карнеги, шкотски индустријалист и филантропист.
1939  Џаноберто Марија Карло Бугати, италијански дизајнер на автомобили.
1956  Џексон Полок, американски уметник, највлијателниот претставник на апстрактниот експресионизам; неговата слика Бр. 5 е најскапо продаденото уметничко дело во историјата - 140 милиони долари.
1987  Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател.


12 август настани родени починале празници
356 п.н.е.  Клеопатра извршила самоубиство по поразот во битката кај Акциј.
1833  Основан е Чикаго.
1908  Направен е првиот модел T на Форд.
1914  Прва Светска Војна: Велика Британија и објавува војна на Австро-Унгарија.
1945  Основано е македонското лекарско здружение.
1952  Нуклеарно тестирање: Советскиот проект за атомска бомба продолжува со детонација на Joe 4, првото Советско термонуклеарно оружје.
1953  Ноќта на убиените поети: По наредба на Јосиф Висарионович Сталин убиени се тринаесет видни еврејски писатели, поети, уметници, музичари и актери во затворот Љубјанка во Москва.
1960  Лансиран е Echo I, првиот комуникациски сателит.
1978  Јапонија и Народна Република Кина го потпишуваат Договорот за Мир и Пријателство.
1990  Во Скопје е осветен Соборниот храм на автокефалната македонска православна цркваСвети Климент Охридски“.
1503  Кристијан III, дански крал.
1843  Колмар фон дер Голц, германски фелдмаршал и турски паша.
1887  Ервин Шредингер, австриски физичар, добитник на Нобелова награда во 1961 година.
1925  Норис и Рос Меквертер, шкотски близнаци, основачи на Гинисовата книга на рекорди.
1930  Џорџ Сорос, американски бизнисмен.
1827  Вилијам Блејк, англиски поет, визионер, сликар и печатар.
1848  Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, „татко на железницата“; во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива.
1900  Вилхелм Штајниц, австриски шаховски велемајстор, првиот официјален светски шаховски првак.
1955  Томас Ман, германски писател, добитник на Нобелова награда за книжевност во 1929 година.
1982  Хенри Фонда, американски актер.
1989  Вилиjам Шокли, американски физичар со англиско потекло и Нобелов лауреат.
1999  Обединети Нации - Меѓународен ден на младоста.


13 август настани родени починале
1624  Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер.
1792  Француските револуционери ги уапсуваат членовите на кралската фамилија само три дена по укинувањето на монархијата и отфрлањето на кралот Луј XVI.
1814  Холандија го отстапува 'Ртот на Добрата Надеж на Велика Британија.
1914  Во текот на Првата Светска Војна, Франција и објавува војна на Австро-Унгарија.
1923  Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција.
1961  Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западна Германија. Ѕидот е срушен во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува.
1964  Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства.
1998  Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од милијарда и 250 милиони долари за компензација на жртвите од холокаустот во текот на Втората Светска Војна.
2001  Потпишан е Охридскиот рамковен договор.
1814  Андерс Јонас Eнгстрeм, шведски физичар.
1871  Карл Либкнехт, германски револуционер.
1888  Џон Лоџи Берд, шкотски телевизиски пионер.
1899  Алфред Џозеф Хичкок, англиски филмски режисер.
1902  Феликс Ванкл, германски инжењер, пронаоѓач на ротациониот мотор.
1926  Фидел Кастро Алехандро Руз, кубански револуционер и претседател.
1936  Живко Чинго, македонски писател.
1826  Рене Теофил Јасинт Ленек, француски лекар, пронаоѓач на стетоскопот.
1863  Ежен Делакроа, француски сликар, претставник на романтизмот во француското сликарство.
1910  Флоренс Најтингел, англиска медицинска сестра, основач на првото училиште за болничарки.
1912  Жил Масне, француски композитор.
1917  Едуард Бухнер, германски хемичар, добитник на Нобелова награда.
1946  Херберт Џорџ Велс, англиски писател.
1984  Тигран Петросјан, ерменски шахист и светски шаховски првак.


14 август настани родени починале
1457  Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја. „Мајнцишки псалтир“ се отпечатува во црвена и црна боја.
1784  На островот Кодијак покрај Аљаска основана е првата руска колонија. Во 1867 година САД ја купуваат Аљаска од Царска Русија за 7,2 милиони долари.
1893  Франција воведува регистрација на моторните возила.
1941  Втора светска војна: Официјално е објавен текстот на Атлантската повелба потпишана од британскиот премиер Винстон Черчил и американскиот претседател Франклин Рузвелт .
1945  Јапонија ги прифаќа условите за предавање на сојузниците во Втората светска војна.
1947  Пакистан добива независност од британската Индиска империја под администрација на Велика Британија и се приклучува на Британскиот Комонвелт.
1949  Се формира Македонскиот фудбалски сојуз.
1714  Клод Вернер, француски сликар.
1777  Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар.
1867  Џон Голсворди, американски писател и Нобелов лауреат, автор на познатата трилогија Сага за Форсајтови.
1876  Алекандар Обреновиќ, српски крал.
1915  Видое Смилевски - Бато, македонски народен херој, истакнат револуционер и општествено-политички работник.
1919  Раде Јовчевски - Корчагин, македонски народен херој.
1941  Пол Сабатје, француски хемичар и добитник на Нобелова награда.
1956  Бертолт Брехт, германски писател.
1958  Фредерик Жолио-Кири, француски физичар и Нобелов лауреат.
1988  Енцо Ферари, италијански конструктор на спортски автомобили.
2004  Чеслав Милош, полски писател и нобеловец.


15 август настани родени починале
1519  Основан е градот Панама, главен град на истоимената земја.
1824  Ослободените американски робови ја основаат Либерија.
1877  Томас Едисон ја прави првата снимка во историјата - Mary Had A Little Lamb.
1947  Индија добива независност од Велика Британија и станува првата независна нација од Комонвелтот.
1960  Република Конго (Бразавил) ја прогласува својата независност од Франција.
1971  Бахреин стекнува независност од Велика Британија.
1769  Наполеон Бонапарта, француски император, еден од најголемите војсководци на сите времиња во светот.
1771  Валтер Скот, шкотски писател, творец на модерниот историски роман; меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат романите „Ајванхо“, „Кенилворд“ и „Старинар“.
1883  Иван Мештровиќ, хрватски скулптор, еден од најголемите современи светски уметници; изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу монументални јавни споменици.
1926  Костис Стефанопулос, претседател на Грција.
1972  Бен Афлек, американски актер, сценарист и оскаровец.
1981  Брендан Хансен, американски пливач.
1728  Марен Маре, француски композитор и виолист.
1799  Џузепе Парини, италијански поет.
1951  Артур Шнабел, полски пијанист.
1967  Рене Магрит, белгиски надреалистички уметник.
1975  Шеик Муџибур Рахман, претседател на Бангладеш.


16 август настани родени починале
1896  На Аљаска, најсеверниот дел на САД, откриено е злато кое потикна десетици илјади авантуристи да тргнат по него.
1914  Британскиот експедициски корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.
1930  Уб Иверкс го прави првиот звучен цртан филм во боја, наречен Fiddlesticks (Бесмислици).
1938  Во Њујорк почна Вториот светски младински конгрес. По повеќедневно заседание, конгресот го усвои познатиот „Њујоршки договор за мир“, што го потпишаа претставниците на младината од 54 земји.
1845  Габриел Липман, француски физичар и Нобелов лауреат.
1860  Жил Лафорг, француски поет.
1920  Чарлс Буковски, американски поет и романсиер.
1705  Јакоб Бернули, швајцарски математичар и научник.
1888  Џон Пембертон, американски аптекар и создавач на кока-колата.
1893  Жан Мартин Шарко, француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња; се занимаваше со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата.
1948  Бејб Рут, американски бејзбол играч.
1949  Маргарет Мичел, американска романсиерка, авторка на една од најпознатите и најпродавани книги во историјата Одвеано со виорот.
1956  Бела Лугоши, унгарски актер.
1977  Елвис Присли, кралот на рокенролот, американски пејач, музичар и актер, икона на модерната поп-култура.


17 август настани родени починале
986  Во Ихтиманскиот премин (Трајанова врата), византискиот император Василиј II претрпува пораз во борба со војската на македонскиот цар Самоил кој продолжува со нови освојувања се до 991 година.
1593  Турскиот султан Мурат Втори и објавува војна на Австрија која трае 14 години.
1807  Првиот американски параброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот.
1960  Габон стекнува независност од Франција.
1962  Петер Фехтер станува првата жртва на Берлинскиот ѕид - застрелан е додека се обидува да ја напушти Источна Германија и да премине на западната страна од Берлин.
1998  Американскиот претседател Бил Клинтон на снимена изјава признава дека имал „неприкладна физичка врска“ со стажистката во Белата куќа Моника Левински.
1873  Славејко Арсов, истакнат македонски револуционер и војвода.
1893  Мае Вест, американска актерка.
1911  Михаил Ботвиник, советски шахист и светски шаховски првак.
1930  Тед Хјуз, британски поет , сопруг на американската писателка Силвија Плат.
1943  Роберт де Ниро, американски актер и режисер.
1960  Шон Пен, американски актер и режисер.
1977  Тиери Анри, француски фудбалер.
1969  Ото Штерн, германски физичар и Нобелов лауреат.
1983  Ајра Гершвин, американски текстописец, постар брат на композиторот Џорџ Гершвин.
1987  Рудолф Хес, заменик фирер на нацистичката партија.


18 август настани родени починале празници
1917  Голем пожар во Солун уништува 32% од градот и остава преку 70,000 луѓе без покрив над главата.
1943  На Славеј Планина, Дебарца формиран e првиот македонски партизански баталјон Мирче Ацев; овој ден се слави како Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).
1958  Во САД испечатен е контроверзниот роман на Владимир Набоков - Лолита.
1969  Џими Хендрикс, со познатата изведба на американската национална химна, го затвора Вудсток.
1992  Лери Брд се повлекува од активно играње кошарка.
1814  Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството; автор е на прочуениот еп „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ".
1902  Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер, претседател на Президиумот на АСНОМ.
1903  Никола Мартиноски, познат македонски ликовен уметник, педагог, академик, еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје.
1936  Роберт Редфорд, американски актер.
1969  Едвард Нортон, американски актер.
1642  Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на болоњската барокна школа.
1850  Оноре де Балзак, француски писател, автор на Човечката комедија.
  Република Македонија - Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ)


19 август настани родени починале
1692  Во Салем, Масачусетс, пет жени и еден свештеник се осудени поради практикување на вештерство.
1960  СССР го лансира во вселената Спутник 5; на него се наоѓаат кучињата Белка и Стрелка, 40 глувци, 2 стаорци и многу различни видови на растенија.
1990  Леонард Бернштајн го диригира својот последен концерт; го заклучува со изведбата на Седмата симфонија на Лудвиг ван Бетовен.
1999  Во Белград, десетици илјади Срби се собираат на протести, барајќи оставка од претседателот Слободан Милошевиќ.
1631  Џон Драјден, англиски поет.
1871  Орвил Рајт, американски пионер во областа на авијацијата; заедно со својот брат Вилбур го направија првиот успешен авионски лет во историјата.
1945  Јан Гилан, американски пејач, член на Deep Purple.
1946  Бил Клинтон, американски претседател.
1969  Метју Пери, американски актер, познат по својата улога на Чендлер во Пријатели.
14  Октавијан Август, римски император.
1580  Андреа Паладио, италијански архитект, создател на Паладијанскиот стил
1662  Блез Паскал, француски математичар, физичар и философ.
1929  Сергеј Дјагилев, руски балетски импресарио.
1936  Федерико Гарсија Лорка, шпански поет и драматург, убиен од франковистите на почетокот на Шпанската граѓанска војна.
1977  Гручо Маркс, американски комичар и актер.
1994  Лајнус Полинг, американски хемичар, добитник на Нобелова награда за хемија и Нобелова награда за мир.


20 август настани родени починале празници
1953  Советскиот Сојуз јавно објавува дека тестирал хидрогенска бомба.
1968  200.000 трупи на Варшавскиот пакт и 5.000 тенкови вршат инвазија на Чехословачка, со што е задушена Прашката пролет.
1969  Битлси го завршуваат снимањето на Abbey Road; Џон Ленон, Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар за последен пат се заедно.
1991  Естонија се одвојува од Советскиот Сојуз.
1561  Јакопо Пери, италијански композитор.
1779  Јенс Јакоб Берцелиус, шведски хемичар.
1890  Х. П. Лавкрафт, американски писател.
1901  Салваторе Квазимодо, италијански писател и Нобелов лауреат.
1944  Раџив Ганди, премиер на Индија.
1948  Роберт Плант, американски пејач, член на Led Zeppelin.
1887  Жил Лафорг, француски поет.
1917  Адолф фон Бајер, германски хемичар и Нобелов лауреат.
1983  Александар Ранковиќ, поранешен потпретседател на СФРЈ, шеф на безбедносната служба се до 1966, кога е сменет од сите функции.
  Унгарија - Ден на Свети Стефан, глевен национален празник.


21 август настани починале
1897  Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902.
1911  Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
1944  Во Дамбартон Оукс близу Вашингтон започнала конференцијата помеѓу СССР, САД, Велика Британија и Кина со цел основање на четирите главни органи на ОН, а тоа се Совет за безбедност, Генерална асемблеја, Меѓународен суд за правда и постојаните секретаријати.
1968  Трупите на членките на Варшавскиот пакт, без Романија, ја окупирале Чехословачка. Околу 200.000 војници ги завзеле сите значајни пунктове во земјата. Со тоа е задушена „Прашката пролет“, т.е. обидот на Комунистичката партија на ЧСР со Александро Дубчек на чело. Со оваа окупација воспоставен е принципот на „ограничен суверенитет“ на источноевропските комунистички земји.
1983  Филипинскиот ппозиционен лидер Бењино Акино, убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во {[САД]]. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос.
1990  На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за прв пат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година.
2000  Словеначкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 km. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни.
1940  Лав Троцки, руски комунистички лидер и марксистички теоретичар.


22 август настани родени починале
1846  САД го анектираа Ново Мексико.
1911  Откриена е кражбата на Мона Лиза, прочуеното дело на Леонардо да Винчи, од парискиот музеј во Лувр.
1862  Клод Дебиси, прочуен француски композитор. (починал на 25.03.1918).
1883  Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам.
1978  Џомо Кенијата, еден од најистакнатите африкански борци против колонијализмот.


23 август настани
1839  Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг кој од 1942 година стана независна колонија.
1914  Јапонија и објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.
1939  Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за „запирање“ на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година.
1962  Американскиот телекомуникациски сателит „Телстар“ за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа.


24 август настани родени
79  Катастрофална ерупција на Везув - вулкан во Италија. Затрупани се градовите Помпеја и Херкуланеум.
1899  Група загребски научници откриле коски, заби и орудиja на пралуѓето на подрачјето на Крапина, наодите биле значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата.
1912  Алјаска е официјално прогласена за американска територија.
2006  Дефиниран поимот „планета“ од страна на МАС во Прага, Чешка, според кој Нептун е планета-џуџе, а Сончевиот систем има 8 планети.
1899  Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, биограф, еден од најпознатите интелектуалци на современата култура.
1947  Пауло Коелјо, еден од најпознатите шпански и светски писатели.


25 август настани починале
1831  Во Лондон британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј откри дека електрицитетот може да се создава од магнет.
1903  Во градчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринска околија, здружените лерински и костурски востаници со силен налет го разбија османлискиот гарнизон од 250 војници и го ослободија градчето. Притоа, тие ја уништија телефонската станица, го истакнаа востаничкото знаме и запленија 40 мазуерови пушки. Истиот ден во Невеска беше воспоставена народна управа. Меѓутоа, по неколку денови градчето беше реокупирано од османлиската власт. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.
1944  Во селото Шешково, кавадаречко, е формирана првата македонска дивизија на НОВЈ, во чиј состав влегоа Втората, Деветата и Десетата македонска бригада.
1900  Фридрих Ниче, германски философ, професор по класична филологија.


26 август настани починале
1789  Во Версај, Уставното Собрание ја донесува Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот.
1936  Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал.
1945  Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти.
1972  Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен - Германија кои во историјата, освен по спортските резултати, ќе останат забележани и поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и поради убиството на 11 израелски спортисти. Во знак на одмазда на 10 септември Израел ги нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.
2005  Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави.
1974  Чарлс Линберг, авијатичар кој прв со моторен авион го прелетал Атлантикот.


27 август настани родени починале
1945  По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнаа да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истоварија на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловија во Токискиот Залив. Тоа беше првпат Јапонија да капитулира.
1910  Мајка Тереза, врховен поглавар на католичкиот женски ред „Мисионерки на љубовта“.
1576  Тицијан Вечели, прочуен Италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа.
1916  Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам.
1995  Во Тетово умре Кочо Тулевски, истакнат македонски општествено - политички работник. Роден е во 1921 година.


28 август настани родени починале празници
1929  Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија.
1991  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“.
1996  На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата „Света Богородица“, кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.
1996  Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.
1749  Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци.
1851  Иван Тавчар, словенечки писател и политичар.
1968  Антон Панов, македонски писател.
٭  Ден на рударите на Македонија.
٭  Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија[1].


29 август настани родени починале
1289  Основана е инквизицијата, суд на католичката црква за заштита на верата. Дејствуваше во средниот век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и немилосрдна беше озлогласената шпанска инквизиција. Многу напредни умови беа жртви на инквизицијата, како на пример Јан Хус, Џордано Бруно и други. Укината е во текот на 19 век.
1782  Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот.
1842  Со склучувањето мир во Нанкинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на западните држави.
1994  Република Македонија и Република Унгарија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
1994  Саудиска Арабија дипломатски ја призна Република Македонија.
1862  Морис Метерлинк, белгиски писател од фламанско потекло.
1915  Ингрид Бергман, една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд.
1982  Ингрид Бергман, една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд.


30 август настани родени починале
1721  Со склучувањето на Ништанскиот мир помеѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва.
1918  Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.
1922  Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција.
1990  Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“.
1994  Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија.
1489  Антонио Алегри Кореџо, Италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликал религиозни и митолошки теми, а важна особина на неговото сликарство е разнежената сензуалност, декоративноста и чувството за односот на светлото и темното. Умрел на 6.03.1543 година.
1748  Жан Луј Давид во Париз, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и дворски сликар на Наполеон. Сликаше историски композиции и портрети. Умрел во Брисел, на 29.12.1825 година.
1533  Атахуалпа, последниот владател на големото царство на Инките на подрачјето на денешно Перу, бил обесен откако паднал во рацете на шпанските конквистадори.


31 август настани родени починале
1942  Втора светска војна: Започна битката кај Алам ел Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-Италијанската армија, генерал Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957  Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962  Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1992  Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот Парламент во Македонија со седиште во Скопје.
1970  Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
1867  Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век.
1941  Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата.


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември
Download ISO files from Walnut Creek and Others: Telecom 1996 - ADA (International Language for Software Engeneering) - AmiNET CD-ROM - Audio Toolkit - Avalon - BSD Docs -  CD-ROM of CD-ROMs - CICA for Windows 1 - CICA for Windows 2 - CicaNT - Cica1204 - CUG 1293 - DOOM CD - DOOM Tools - EAST 0894 - Garbo - Gif Galore - Usenet Source Code - Internet Info - Linux Web ToolsMusic Workshop - Windows NT -  Perl CD-ROMPower DOS - SCI Lib - SIMTEL92 - Space Shuttle Encyclopedia - Teacher2000 - Walnut Creek - Welcome to Africa - Butterly - Documenti (IT) - GNUtembergLa Coleccion (ES) - Libris Britannia - Project Gutenberg 94 - Project Gutenberg 97 - Giga Games - GNU X11R5 - Hobbes OS2 - Kirks Comm CD - RedHat 5.1 - CPM94 - OWA 1.7.7 - Perl CD 95 - SIMTEL10000 - Slackware 3.5 - SourceCode 0394 - Sys Vr4 - TaxInfo93 - Tex95 1 - Tex95 2 - RedAlert CD - CRV2 Collection - WCSampler44 - FractalFrenzy - World Radio Amateur Directory - PCOpen - 100 GreatGames - 1000 Games - 1000 HotGames - BadKillyMeow - BadKittyGothic - BBS Documentary DVD - BeachWare - BlachHawk97 - Complete Internet Archive -  Cybernet - DiamondCollection - FunPack93 - GigaGames3 - GigaGames5 - GoldGames - BusinessPlatinum -  BBSCompanion - HPAVC CDRom - HubbleSpace_1 - HubbleSpace_2SoundEffects - AMGKleptomania - AMGGrooveActivator - AmigaStXX - BigBang - DrumBase5000 - eGames151 - ELab1 - ELab2 - ELab3 - ELabCD1 - ELabCD2 - GeminiAtari93 - Greytsounds - HollywoodEdge - BrazilianPercussions - MasterbitsTR - MasterbitsClimax7 - MicroforumWIN1 - MicroforumWIN2 - MidimarkPro - ModemMadness - MusicStoreSound - NASASourceCode - NetwareSuperLibrary - NiceBeats28 - NiceBeats29 - NightOwl17 - NightOwl19 - NewGold1 - NewGold2 - UniverseOfSounds - PCSIGHome - PCSIGGames - PhoenixCD5.0 - PowerDos96 -PSL5 - PSL7 - PSL7bis - ArcadeMania - ReligiousClipart - Ruby - SapphireCollection - ScreenSaver98 - SharewareBackthrough - SharewareHeaven14 - SoundGallery - SoundsGood - SoundScan - SpaceAndAstronomy - SvCollect5 - SyntWorx - TucowsCD2 - ASPCD - JohnRuskinInstallation - JohnRuskinCD - TurboLinux98CD1 - TurboLinux98CD2 - GameWareCollection - UrbanShakedown - VoiceCrystal - WizooPlatinum - Wurlitzer - 4.4 BSD Lite Export - 640MbShareware - CD-ROMToday - CE_OP_CD - CDFacil1 - CDFacil2 - CDFacil3 - InnerWorld - MDCDRomMikroDAT2 - Pegasus4.0 - Saitek - Saturn - SharewareStudio - SLS CD.ROM - SoMuchShareware - StrategyAfterLife - Biblioteca3.7 - CDRom54cDVD0905 - cliCK12.7 - InternetWorld97 - LaBiblePC - Level0298R - MisterDrom - PCbresp - Expert15 - Expert27 - Expert33 - Expert34 - Pswe010 - RCDRom31 - Rom1025 - SoftMag - MacBible

MundoDoCDROM (Portuguese): 54 - 60 - 125 - 128 - 136 - 08 - 114 - 119 - 120 - 17 - 27 - 32 - 33 - 49 - 55 - 57 - 61 - 61bis - 65 - 66 - 67 - 79 - 92 - 59 - 69 -138 - 75 - 16 - 2 - 3 - 4 - 6

MundoDoLinux: 10 - 12 -13 - 15 - 16 - 19 - 20 - 37 - 44a -

LinuxXF: 137 - 50a - 50b - 50c - 102 - 108 - 109 - 126 - 166 - 183 -           

SIMTEL Special: CD1 - CD2 - 2001 - 1/1997 - 2/1997 - ForWindows96 -   
              
CICA32: 1/4 - 2/4 - 3/4 - 4/4

National Geographic: 1900-1906 - 1906-1909 - 1888-1900      
 
Project Gutenberg: Project Gutenberg - DVD 2002 - PG2003 - PGCD - PG DVD 2010 - PG DVD 2006 - PG CD 2007 - Some Best PG - PG Audiobooks MP3 - PG Audiobooks OGG -
PG Texts TXT - PG MP3 - PG OGG - PG TXT -  ZIM files - English ZIM - Zim for Kiwix -

LinuxMagazine: 40 - 142 - 114 - 120 - 121a - 121b - 122a - 122b - 123a - 123b - 125a - 125b - 130 - 139 -  

PierShareware: CD1 - CD3 - CD4 - CD8 - CD9

SharewareOverloadTrio: Volume1 - Volume2 - Volume3

Websites for Download: Hesperian Health (AR) - Kaos Small (AR) - Kaos Big (AR) - Arvind - Deutsch-Arabisch - Kaos (DE) - Project Reconnect (DE) - Deutsch als Fremdsprache - African History - Algebra to go - Binofino - Bookdash - Cats & Dogs Books - Ck12 - Corel Knoweledge - Educate - Fantastic Phonics Adults - Fantastic Phonics Child - Feed the Monster - GCF2015 - Iicba - English Language Training - Math Expressions - Mustard Seed Books - Ole Nepal - OpenStax - Rachel - RachelCourses - Saylor - Siyavula - StoryBooks - Tanzanian Exams - Wassce - Women in African History - Biblioteca (ES) - CNB Guatemala - EducaLAB (ES) - GCF2012 (ES) - Mustard Seed Books (ES) - Rachel (ES) - Tocomadera - Afrique - Cats & Dogs Books (FR) - Ebooks Gratuits (FR) - Haiti Futur (FR) - Kaos (FR) - StoryBooks (ID) - Deutschkurse - Kaos (PT) - Kaos (SW) - Refugees - Appunti di informatica liberaWatch Tower Library -

Wiki Projects: English Wiki Abstracts (XML) - Education - CDpedia0.7 - DVDpedia0-7 -  MLWikipediaCD - WikipediaPL06 -

ZIM Projects: Wikipedia - Wikisource

AKAI S6000 - Ultimate - Vol. 5 - World Sounds

Best Service -  DanceFloorBast - DanceMegaDrumsEthnicJourneySound - KillerHorns - DOM - RossGarfieldDrums

Cream of the Crop: 1 - 11.1 - 11.2 - 2 - 24 - 25 - 26 - 3 - 4 - 6 - 7 - 8.1 -

InfoMagic: Games1 - Games2 - NTSource1 - NTSource2 - Windows3Pack1 - Windows3Pack2 - Windows3Pack3 - Windows3CD1 - Windows3CD2 - Windows6Pack1 - Windows6Pack2Windows6Pack3Windows6Pack4 - Windows6Pack5 - Windows6Pack6 -

LearnKey 70215 - CD1 - CD4 - CD5 - ClusterServerAdminCD1 - InfraDesign - W2ServerAdmin

QuantumAxcess: EpicGames - JustSports - CoolGames - CoolGamesToo -

Roland C.: CDC01  - GuitarAndBass - SuperSax - Africa - SoloBrass -

Zero-G: BeneathThePlanet - Ethnic - PureTripHop - ReturnToPlanet - WorldClass -