Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Википедија:Авторски права - Википедија

Википедија:Авторски права

Од Википедија, слободна енциклопедија

Авторските права на писателите и корисниците на Википедија се одредени со специфична отворена лиценца. Лиценцата што Википедија ја користи обезбедува слободен пристап до нашата содржина на ист начин како и слободна лиценца на слободниот софтвер. Овој принцип се нарекува копилефт. Тоа значи дека содржината на Википедија може да се копира, модификува и редистрибуира се додека новата верзија им ги обезбедува истите права на останатите и ги обзнанува авторите на Википедија статијата што е користена (директна врска назад до статијата го задоволува правото на еден автор). Сите статии во Википедијата ќе останат слободни засекогаш и можат да бидат користени од страна на било кого, со одредени ограничувања, главно нужни за обезбедување на слободата на користење.

За да ги исполни горенаведените цели, текстот содржан на Википедија е лиценциран во јавноста под ГНУ Лиценцата за слободна документација (ГЛСД). Целиот текст на оваа лиценца на англиски може да се најде овде.

Даваме дозвола да го копирате, дистрибуирате, и/или модифицирате овој документ под условите на ГНУ-овата Лиценца за слободна документација, верзија 1.2 или било која понова верзија издадена од Фондацијата за слободен софтвер; без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици.
Копија на лиценцата е вклучена во секцијата именувана како "ГНУ-ова Лиценца за слободна документација"
Содржината на Википедија е покриена со условите на употреба.

Англискиот текст на ГЛСД е единствениот полноважен документ; се што следи е нашата интерпретација на ГЛСД; правата и должностите на корисниците и писателите.

ВАЖНО: Ако сакате да користите материјал од Википедија, прво погледнете Кориснички права и обврски. Потоа прочитајте ја ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


Содржина

[уреди] Кориснички права и обврски

Ако сакате да користите Википедија материјал во вашите книги/статии/веб-места и други изданија, може тоа да го направите, но морате да ја следите ГЛСД. Ако едноставно користите неизменета статија на Википедија, тогаш морате да ја следите втората секција од ГЛСД во врска со копирањето од збор до збор.

Ако направите изведена верзија преку менување или додавање на содржина, ова го повлекува следново:

  • вашите материјали за возврат мора да бидат лиценцирани под ГЛСД,
  • мора да го признаете авторството на статијата (секција 4Б), и
  • мора да обезбедите пристап до "транспарентната копија" на материјалот (секција 4Ј). ("Транспарентната копија" на Википедија статија е било кој од достапните формати, вклучувајќи го вики текстот, хтмл веб страните, xml feed, итн.)

Можеби би можеле делумно да ги исполните двете последни обврски наведувајќи директна врска назад до Википедија статијата на нашиот сервер. Исто така, треба да обезбедите пристап до транспарентната копија на новиот текст. Како и да е, обрнете внимание дека Фондацијата Викимедија не дава никаква гаранција дека ќе ја задржи авторската информација и транспарентната копија на статиите. Затоа, ви предлагаме да ги објавите авторската информација и транспарентната копија со вашиот изведен труд.

[уреди] Пример за објава

Пример за објава, за статија која користи Википедија статијата Метасинтаксичка променлива може да изгледа вака:

Оваа статија е лиценцирана под This article is licensed under the <a href="http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html">ГНУ Лиценцата за слободна документација</a>. Таа користи материјал од <a href="http://en.wikipedia.org/wiki/Metasyntactic_variable">Википедија статијата "Метасинтаксичка променлива"</a>.

("Метасинтаксичка променлива" и УРЛ-то на Википедија, нормално, мора да се прилагодат според потребата.)

Алтернативно може да ја дистрибуирате вашата копија од "Метасинтаксичка променлива" заедно со примерок на ГЛСД (како што е објаснето во текстот и да наброите најмалку пет (или сите, ако се помалку од пет) главни автори на насловната страна (или на врвот на документо). Екстерната Page History Stats алатка може да ви помогне да ги идентификувате главните автори.

[уреди] Материјали со фер употреба и посебни барања

Сите оригинални Википедија текстови се дистрибуираат под ГЛСД. Повремено, статиите од Википедија може да вклучуваат слики, звуци, или текстуални цитати покриени со доктрината "фер употреба" која постои во законот за авторски права во САД. Препорачливо е овие ставки да бидат добавени под најслободната лиценца која е практична (како што е ГФДЛ или јавен домен). Во случаи кога такви слики/звуци не се достапни, тогаш фер употреба на слики е прифатлива (додека не станат достапни некои слободни слики).

Во таков случај, треба да се означи дека материјалот е од надворешен извор (на страницата со опис на сликата, или страницата со историјата, како што е соодветно). Имајќи во предвид дека "фер употребата" зависи од употребата која сте ја замислиле, најдобро е оправданието за фер употребата да го опишете било во скриен текст во статијата, или на страницата со опис на сликата. Запомнете дека она што се смета за фер употреба за Википедија, можеби нема да биде такво видено во некој друг контекст.

На пример, ако вклучиме слика под фер употребата, вие морате да бидете сигурни дека вашата употреба на статијата се квалификува како фер употреба (тоа не мора да биде случај ако на пример ја користите Википедија статијата за комерцијални потреби, што по ГЛСД би било потполно дозволено, но таа комерцијална употреба не би бил и фер употреба).

Википедија користи и некои текстови кои се компатибилни со ГЛСД, може да бараат некои додатни услови кои ние инаку не ги бараме во оригиналните Википедија текстови (како што е вклучување на непроменливите делови или текстовите од предните и задните корици). Кога користите такви материјали, таквите непроменливи делови мора да ги вклучите од збор до збор.

[уреди] Водич за слики

Сликите и фотографиите, како пишаните дела, подлежат на авторско право. Некој ги поседува нив, освен ако експлицитно не се поставени во јавен домен. Сликите од интернет треба да бидат лиценцирани директно од сопственикот на авторското право или некој способен за да го лиценцира во нивно име. Во некои случаи, водичите за фер употреба може да дозволат да се искористи фотографија.

[уреди] Означување

Страниците за опис на слики може да бидат означени со посебни ознаки за да укажат на правниот статус на сликата, на начин кој е опишан во Википедија:Ознаки за авторски права на слики. Моментално сеуште е нејасно што да се прави во случаите кога сликата е подигната повеќе пати, а е со различни поединечни изјави за авторските права.

[уреди] Фотографии од Владата на САД

Делата произведени од цивилни и воени службеници на сојузната влада на САД за време на нивната вработеност, според статутот, се јавен домен. Меѓутоа, имајте во предвид дека, и покрај популарното (погрешно) мислење, сојузната влада на САД може да држи права за копирање (авторски права) кои и ги препуштиле други (како на пример, дела создадени со договор). Внимавајте - не сите слики на .mil и .gov веб-местата се јавен домен. Покрај другите причини, веб-местото може да користи комерцијална резервна фотографија поседувана од други. Може да биде корисно да се провери објавата за приватност и сигурност на веб-местото, но само со е-пошта до вебмастерот можете да бидете сигурни дека некоја слика е во јавна сопственост. Исто така, треба да се забележи дека некои влади надвор од САД, често положуваат авторско право на делата произведени од нивните вработени (како на пример, Крунско авторско право во Обединетото Кралство). Исто така, повеќето државни и локални влади во САД не ги ставаат нивните дела во јавниот домен, и всушност го поседуваат авторското право за нивните дела. Ве молиме, бидете внимателни и проверете сопственоста на информацијата пред копирање.

[уреди] Крунско авторско право на Обединетото Кралство

Канцеларијата за информации за јавниот сектор на Обединетото Кралство, поранешно HMSO, ни го кажа следново:

Крунското авторско право трае педесет години од крајот на годината во која материјалот бил прво заштитен. На тој начин, на пример, материјалот издаден пред педесет и една година, и било кој материјал со Крунско авторско право издаден пред таа дата, сега би бил незаштитен, и може слободно да се репродуцира низ светот. [1]

[уреди] Фотографии на славни личности

Ова се темели на упатствата за слики на IMDB, така што тоа особено се применува на фотографии на славни личности, но може да се примени и на други слики. Легитимните фотографии главно може да дојдат од три различни места со дозвола.

  1. Студија, продуценти, издавачи на весници или медиумски куќи кои првобитно ја снимиле фотографијата.
  2. Агенции кои ги претставуваат фотографиите кои ги снимиле фотографиите или самите фотографи (последното посебно важи кај аматерските фотографи).
  3. Од страна на самата славна личност или од нејзиниот правен застапник.

[уреди] Коментари за законите за авторски права по земји

[уреди] Русија: изземање од правото на копирање

Според рускиот закон за авторски права од 1993 (Федеральный закон от 9.07.1993 № 5351-1), следните ставки не подлежат на авторски права:

  • Официјални документи (закони, судски одлуки, други текстови од легислативен, административен или судски карактер);
  • Државни симболи и знаци (знамиња, грбови, ордени, банкноти и други државни симболи и знаци ;
  • Народно творештво;
  • Извештаи за настани и факти, од информативен карактер.

Руските авторски права генерално истекуваат 70 години по смртта на авторот. Делата на авторите кои умреле пред 1953 се во јавниот домен, бидејќи рокот на истекување бил 50 години пред 2004, и оваа промена на условите не е ретроактивна, според Законот 72-FZ, 2004 (на руски), член 2, дел 3.

Доколку едно дело не е објавено во текот на живото на авторот, неговото авторско право истекува 70 години после неговото прво законско објавување (доколку делото не е преместено во јавниот домен претходно). Ова го дава максималниот рок за необјавени и постхумно објавени години од 140 (ако авторот умрел после 1953) или 120 години (ако авторот умрел пред 1953, И неговото дело било објавено пред 2003).

Доколку делото е објавено анонимно или под псевдоним, и неговиот автор е непознат, неговото авторско право истекува 70 години по неговото прво законско објавување. Ако авторот се открие, се применува вообичаеното правило.

Статусот на дело во јавен домен во Русија може да се разлликува од тоа во САД, каде што се наоѓаат серверите на Википедија.

[уреди] Алжир

Членот 9 од алжирскиот Ordonnance N°97-10 du 27 Chaoual 1417 correspondant au 6 mars 1997 relative aux droits d'auteur et aux droits voisins. вели дека: "Дела на Државата кои се законски достапни до јавноста можат слободно да се искористуваат за непрофитни цели, со почитување на интегритетот на делото и наведување на неговиот изворот. Под "дела на Државата", во овој член, се подразбираат дела произведени или издадени од различните органи на Државата, локалните општини, или јавните претпријатија од административен карактер." (оригиналот е на француски.)

[уреди] Иран

Иако не постои договор помеѓу Иран и САД во врска со заштитата на авторските права, според Џимбо Велс, уредниците на Википедија треба да го почитуваат Иранскиот закон за заштита на авторските права колку што можат, исто како што прават и за другите земји на светот. [2]

[уреди] Права и обврски на соработниците

Со самото додавање на материјали на Википедија, вие го лиценцирате тој материјал под ГЛСД (без непроменливиот дел од текстот, и текстовите од предната и задната корица). Според тоа, за да можете да придонесувате вие мора да бидете во позиција да ја доделите оваа лиценца што значи дека или

  • ги поседувате авторските права за определен материјал, на пример ако сами сте го создале, или
  • сте го добиле материјалот од извор што дозволува негово лиценцирање под ГЛСД, на пример, бидејќи материјалот е во јавен домен или пак и самиот и издаден под ГЛСД.

Во првиот случај, вие го задржувате авторското право за вашите материјали. Вие може во иднина да ги реиздадете и релиценцирате на било каков начин што го сакате. Но, вие никогаш не може да ја отповикате ГЛСД лиценцата за верзиите што сте ги поставиле овде: тој материјал ќе остане засекогаш под ГЛСД лиценца.

Во вториот случај, ако вклучувате надворешни ГЛСД материјали, според ГЛСД, морате да го обзнаните авторството и да дадете врска кон мрежната локација на оригиналната копија.

[уреди] Воведување на непроменливи делови или текстови на корици во Википедија

Според тековните услови со авторските права на Википедија, и со тековните олеснувања на МедијаВики софтверот, во Википедија е единствено возможно да се да се вклучат надворешни ГЛСД материјали што користат непроменливи делови или текстови на корици, ако е запазено следново,

  1. Вие се сопственикот на авторските права на овие надворешни ГЛСД материјали (или: имате изречна, т.е. писмена, потврда од сопственикот на авторските права, да се направи следново);
  2. Должината и природата на овие непроменливи делови и текстови на корици не го надминува она што може да се вметне во еден опис на уредувањето;
  3. Се сложувате со тоа дека овие непроменливи делови или текстови на корици не се прикажани на друго место освен во "историјата на страницата" на страницата каде се поставени овие надворешни материјали;
  4. Се сложувате со тоа дека следнитте копии од Википедија содржината се дистрибуираат по стандардната ГЛСД со изјавата: "без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици" (со други зборови, за копиите произлезени од Википедија, се сложувате дека овие делови од текстот што сте го додале нема повеќе да бидат сметани за "непроменливи делови" или "текст ови на корици" во ГЛСД смисла);
  5. Оригиналните непроменливи делови и/или текстови на корици се содржани во описот на уредување на уредувањето со кое ги воведувате ГЛСД материјалите во Википедија (така што, ако има "трајно бришење" на тоа уредување, и ГЛСД материјалот и неговите непроменливи делови и текстови на корици бидат заедно избришани).

Ако се земат во предвид горенаведените строги услови, многу е пожелно да се заменат ГЛСД текстовите со непроменливи делови (или текстови на корици) со оригинална содржина без непроменлива без непроменливи делови (или текстови на корици), секогаш кога тоа е можно.

[уреди] Користење на туѓи заштитени дела

Доколку користите дел од дело заштитено дело со авторски права по "фер употребата", или ако добиете дозвола за да користите заштитено дело од сопственикот на авторските права под условите на нашата лиценца, морате да тој факт да го забележите (заедно со имињата и датите). Наша цел е да бидеме способни слободно да редистрибуираме што е можно повеќе Википедија материјал колку што е можно, така што оригиналните слики и звучни датотеки лиценцирани по ГЛСД или во јавниот домен се многу повеќе преферирани од заштитените дела користени по фер употреба. Видете Wikipedia:Boilerplate request for permission за образец на писмо во кое се бара од сопственикот на авторските права да ни дозволи да го користиме неговото дело под условите на ГЛСД.

Никогаш немојте да користите материјали што ги нарушуваат туѓите авторски права. Тоа може да создаде законски проблеми и сериозно да му наштети на проектот. Ако се двоумите, напишете го сами.

Знајте дека законите за авторски права се занимават со креативното изразување на идеите, а не со идеите и информациите сами по себе. Затоа, сосема е легално да прочитате статија во енциклопедија или во друго дело, да го прераскажете со свои реченици и да го додадете на Википедија. Сепак, сепак би било неетички (но не и незаконски) да го направите тоа без да го цитирате оригиналот како референца. Видете ги статиите плагијаризам и фер употреба за поширока расправа во врска со тоа колкаво прераскажување е потребно.

[уреди] Поврзување кон заштитени дела

Поврзувањето кон заштитени дела обично не е проблем, се додека се додека сте вложиле разумен напор да се уверите дека односната страница не крши нечии туѓи авторски права. Ако крши, ве молиме не поставувајте врска до страницата. Моментално во судовите се расправа дали таквата врска е соучесништво во кршењето на авторските права, но во секој случај, поврзување кон веб-местото кое илегално дистрибуира туѓо дело фрла лоша сенка над нас. Ако односното веб-место го користи материјалот под фер употреба, поврзувањето е во ред.

[уреди] Ако наидете на кршење на авторските права

Работа на обичните Википедијци не е да ја надгледуваат содржината барајќи можни кршења на авторските права, но ако се сомневате на кршење, би требало во најмала рака да го поставите проблемот на страницата на разговор на таа страница. Други може да ја испитаат ситуацијата и да превземат дејствија ако тоа е потребно. Најдобрата помош која може да ја пружите е URL-то или друга референца за која верувате дека е извор на текстот.

Некои случаи ќе бидат лажни тревоги. На пример, ако соработникот бил дефакто авторот на текстот што е издаден на друго место под различни услови, тоа не влијае на неговото право да го постави тој текст овде под ГЛСД. Исто така, понекогаш ќе најдете текст на други места на мрежата што бил копиран од Википедија. Во двата од овие случаи, добра идеја е да се забележи тоа на страницата за разговор за да се спречат таквите лажни тревоги во иднина.

Доколку дел од содржината на страницата навистина е кршење на правата, тогаш таквата содржина треба да се отстрани, и треба да се стави забелешка за тоа на страницата за разговор, заедно со оригиналниот извор. Ако подоцна се добие дозвола од авторот, текстот може да се врати.

Ако целата содржина на страницата се смета дека е прекршување на авторски права, тогаш таа страница треба да се наведе на Wikipedia:Copyright problems и содржината на страницата треба да се замени со вообичаеното обавестување што се наоѓа таму. Ако после недела дена, страницата сеуште претставува кршење на авторските права, тогаш може да се избрише следејќи ги процедурите на страницата за гласање.

Во екстремни случаи на соработници што поставуваат заштитен материјал и покрај соодветните предупредувања, таквите корисници можат да бидат блокирани за да се заштити проектот.

[уреди] Ако сте сопственик на содржина која е поставена на Википедија и користена без ваша дозвола

Ако сте сопственик на содржина што се користи на Википедија без ваша дозвола, тогаш можете да побарате страницата веднаш да биде отстранета од Википедија; видете Барање за моментално отстранување заради нарушување на авторски права. Исто така, можете да контактирате со нашиот назначен агент за да го отстраните трајно, но може да потрае една недела за страницата да биде избришана на тој начин (исто така можете и да ја избришете страницата но текстот сеуште ќе биде во историјата на страницата). Како и да е, нам, секако ќе ни треба некаков доказ за вашето тврдење дека сте сопственик на содржината.

[уреди] Видете исто така

(на англиски):

Further discussion...