Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Англиски јазик - Википедија

Англиски јазик

Од Википедија, слободна енциклопедија

Англиски
English 
Изговор: /ˈɪŋɡlɪʃ/ (Инглиш)[1]
Зборуван во: Наведени во статијата
Вкупно зборувачи: Прв јазик: 309[2] – 380 милиони[3]
Втор јазик: 199[4] – 600 милиони[5]
Вкупно: 1,8 милијарди[6] 
Ранглиста: 3 (мајчин)[7][8]
Вкупно: 1 или 2 [9]
Јазично семејство: Индоевропски
 Германски
  Западногермански
   Англофризиски
    Англиски 
Писмо: Латиница (англиска варијанта
Официјален статус
Официјален јазик во: 53 земји
Знаме на Обединетите Нации Обединети Нации
Регулиран од:
Јазични кодови
ISO 639-1: en
ISO 639-2: eng
ISO 639-3: eng 
Земјите, државите и провинциите во светот каде англискиот е главен јазик се темносини; земјите, државите и провинциите каде тој е офоцијален, но не главен се светлосини. Англискиот е и еден од официјалните јазици на Европската Унија.

Англискиот јазик (англ. English language) е западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како официјален јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, Јужна Африка, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.

Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка.[10][11] Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата.[3] Влијанието на Британската империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови.[12] По Втората Светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.

Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте официјални јазици на Обединетите Нации.

Содржина

[уреди] Историја

Главна статија: Историја на англискиот јазик.

Англискиот е англофризиски јазик. Германофоните од северозападна Германија (Саксонци и Англи) и Јитланд (Јити) ја зазеле денешна источна Англија околу V век. Спорно е дали староанглискиот јазик се раширил со поместувањето на првобитното население, или пак локалните келти полека го прифатиле јазикот и културата на новата владеачка класа, или пак комбинација од двете (видете Подримска Британија).

Овие германски дијалекти подоцна се соединиле (останале географски варијации) и го формирале староанглискиот јазик. Староанглискиот грубо наликува на некои крајбрежни дијалекти во денешна северозападна Германија и Холандија (т.е. Фризија). Низ историјата пишаниот староанглиски, ја задржал својата синтетичка структура поблиска до протоиндоевропскиот, во голема мера прифаќајќи западносаксонски пишани обичаи, додека говорниот староанглиски станувал сѐ повеќе аналитички по природа, јубејќи го посложениот падежен систем, користејќи повеќе предлози и фиксен зборовен ред за искажување на саканото. Ова се гледа во средноанглискиот период, кога книжевноста се пишувала сѐ повеќе на народен (говорен) начин, по губењето на статусот на староанглискиот како јазик на благородништвото. Се претпоставува дека раниот развој на јазикот бил под влијание на келтски слој.[13][14] Подоцна бил под влијание и на сродниот северногермански јазик старонордискиот, користен од викинзите кои се населиле главно на северното и источното крајбрежје, па до Лондон, област позната како Данелаг.

Норманското освојување во 1066 извршило длабоко влијание врз еволуцијата на јазикот. Во следните 300 години норманите се користеле со англонормански јазик, кој бил близок на старофранцускиот, како јазик на дворот,правото и управувањето. Во XIV век англонорманските заемки придодале 10,000 збора кон англискиот, од кои 75% се користат и денес. Ова се многу зборови во правните и административни сфери, но и обични зборови за храна, како овчешко (mutton)[15] и говедско (beef)[16].Благодарение на овие нормански влијанија јазикот се претворил во денес наречениот средноанглиски јазик. Подоцна, за време на Англиската ренесанса, во јазикот влегле и многу, директно земени латински и старогрчки зборови.

За време на XV век, средноанглискиот јазик се преобразил заради Големото преместување на самогласките, ширењето на престижниот југоисточно-основан дијалект на дворот, управата и академскиот живот, и стандардизирачкиот ефект на печатењето. Раносовремениот англиски датира од Елизабетанскиот период.

[уреди] Географска распределеност

Видете исто така: Листа на земји по број на говорници на англиски јазик

Над 380 милиони луѓе зборуваат англиски како мајчин јазик. Со овој број на говорници на англиски како мајчин јазик, англискиот е на трето место по мандаринскиот кинески и шпанскиот.[7][8] Меѓутоа ако ги земеме говорниците на англиски како мајчин и како немајчин јазик, добиваме дека англискиот е најзборуван јазик во светот, или можеби втор ако ги собереме сите кинески јазици, зависно од тоа дали ги сметаме за „јазици“ или „дијалекти“.[9][17] Проценките во кои се вклучени говорниците на англиски како втор јазик варираат во голема мера - од 470 милиони до над милијарда, зависно од тоа како ја дефинираме писменоста или „владеењето“ на јазикот.[18][19] Некои велат дека оние кои го зборуваат англискиот како втор јазик се три пати побројни од оние на кои им е мајчин.[20]

Земјите со најголем број на говорници на англиски како мајчин јазик се (во надолен ред): САД (215 милиони),[21] Обединетото Кралство (58 милиони),[22] Канада (17.7 милиони),[23] Австралија (15 милиони),[24] Ирска (3.8 милиони),[22] Јужна Африка (3.7 милиони),[25] и Нов Зеланд (3.0-3.7 милиони).[26] Земјите како Јамајка и Нигерија исто така имаат милиони автохтони говорници на дијалектни континууми, од креолските јазици на англиска основа, па до постандардизирана верзија на англискиот. Од земјите каде англискиот се зборува како втор јазик, највеќе вакви говорници има Индија ('индиски англиски јазик') и воопшто земено Индија има повеќе куѓе кои зборуваат/разбираат англиски од било која друга земја во светот.[27] По Индија доаѓа Кина.[28]

Рапсределеност на говорниците на англиски како мајчин јазик низ светот (Кристал 1997)
Рапсределеност на говорниците на англиски како мајчин јазик низ светот (Кристал 1997)
Земја Говорници од раѓање
1 САД 214,809,000[21]
2 Обединето Кралство 58,200,000[22]
3 Канада 17,694,830[23]
4 Австралија 15,013,965[24]
5 Ирска 4,200,000+ (прибл.)[22]
6 Јужна Африка 3,673,203[25]
7 Нов Зеланд 3,500,000+ (прибл.)[26]
8 Сингапур 665,087[29]

Англискиот е главен јазик во следниве:Австралија, Американски Девствени Острови , Ангвила, Антигва и Барбуда, Барбадос, Бахами, Белизе, Бермуда, Британска индоокеанска територија, Британски Девствени Острови, Гвајана, Гернзи, Гибралтар, Гренада, Доминика, Ирска, Јамајка, Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови, Кајмански Острови, Канада, Мански Остров, Монсерат, Науру, Нов Зеланд, Обединето Кралство, Питкернски Острови, САД, Света Елена, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Свети Китис и Невис, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Туркс и Кајкос, Фоклендски Острови и Џерзи

Во многу други земји, каде англискиот не е најзборуван јазик, тој сепак е официјален. Тие земји се: Боцвана, Гамбија, Гана, Замбија, Зимбабве, Индија, Камерун, Кенија, Кирибати, Лесото, Либерија, Мадагаскар, Малта, Маршалови Острови, Намибија, Нигерија, Пакистан, Папуа Нова Гвинеја, Порторико, Руанда, Самоа, Свазиленд, Сиера Леоне, Сингапур, Соломонови Острови, Танзанија, Уганда, Федерални Микронезиски Држави, Филипини, Фиџи, Хонг Конг, Шри Ланка. Англискиот е и еден од 11-те рамнправни официјални јазици во Јужна Африка („јужноафрички англиски“). Важен јазик е и во неколку поранешни колонии или моментални зависни територии на Обединетото Кралство и САД, како во Хонг Конг и Маврициус.

Англискиот не е официјален јазик ниту во САД ниту во Обединетото Кралство.[30][31] Иако федералната влада на САД нема официјални јазици, англискиот има добиено глас за официјален јазик во 30 од 50 држави.[32]

[уреди] Англискиот како глобален јазик

Поради тоа што англискиот се зборува така нашироко, често се нарекува глобален јазик, лингва франка на совремието.[11] Додека тој не е официјален јазик во многу земји, денес е јазикот кој најчесто се учи како втор јазик во светот. По меѓународен договор е официјалниот јазик на воздушните и поморски комуникации, како и еден од официјалните јазици на Европската Унија, Обединетите Нации, и речиси сите меѓународни спортски организации, меѓу кои и Меѓународниот олимписки комитет.

Англискиот е најизучуван како странски јазик во Европската Унија (од 89% од учениците), по кој следат францускиот (32%), германскиот (18%) и шпанскиот (8%).[33] ВО ЕУ голем дел од населението вели дека може барем донекаде да разговара на англиски. Голем дел од населението вели дека може да разговата на англиски во: Холандија (87%), Шведска (85%), Данска (83%), Луксембург (66%), Финска (60%), Словенија (56%), Австрија (53%), Белгија (52%) и Германија (51%). [34] Норвешка и Исланд исто така имаат големо мнозинство на способни говорници на англискиот јазик.

Книги, весници и списанија на англиски можеме да најдеме во многу земји ширум светот. Англискиот често се употребува и во науките.[11]

[уреди] Дијалекти и регионални вариетети

Главна статија: Листа на англиски дијалекти.

Распростанетоста на Британската империја и во последите 50 години, проминентноста на САД го имаат проширено англискиот јазик ширум земјината топка.[11] Заради оваа глобална распространетост, англискиот има развиено многу дијалекти, како и креолски јазици и пиџини на англиска основа.

Главните вариетети на англискиот, во највеќето случаи, подразбираат неколку подвидови како сленгот Кокни во рамките на британскиот англиски; њуфаундлендскиот англиски во рамките на канадскиот англиски, афроамериканскиот англиски („Ебоника“) и јужниот американски англиски во рамките на американскиот англиски. Англискиот е плуризентричен јазик, без централен јазички регулатор како Француската академија во Франција; и, иако ниеден вариетет не се смета јасно за стандарден, низа акценти се сметаат за попрестижни, како да речеме стандардниот изговор во Британија.

Шкотскиот јазик се развил — главно независно — од истото потекло, н по Унитарниот Акт 1707 започнал процес на јазично губење, каде подоцнежните генерации присвојувале сѐ повеќе карактеристики на англискиот јазик, причинувајќи дијалектизација. Дали сега тој е посебен јазик или дијалект на англискиот наречен шкотски англиски е спорно. Изговорот, граматиката и лексиката на традиционалните форми се разликуваат, понекогаш сосема, од други вариетети на англискиот.

Заради распространетоста на англискиот како втор јазик, говорниците имаат многу различни акценти, кои често укажуваат на родниот дијалект или јазик на говорникот. За позабележителните карактеристики на регионалните акценти, видете Регионални акценти на говорниците на англискиот јазик, а за позабележителни карактеристики на регионалните дијалекти, видете Листа на англиски дијалекти.

Како што англискиот зајмувал разни зборови од други јазици низ историјата, така и англиските заемки сега се јавуваат во голем број на јазици низ светот, што укажува на технолошкото и културно влијание на неговите говорници. Постојат неколку пиџини и креолски јазици на основа на англискиот, како јамајканскиот креол, нигерискиот пиџин и Ток писин.

[уреди] Фонологија

Главна статија: Фонологија на англискиот јазик.

[уреди] Самогласки

МФА Опис збор
монофтонзи
i/iː Затворена предна незаокружена самогласка bead
ɪ Средно-затворена скоро-предна незаокружена самогласка bid
ɛ Отворено-средна предна незаокружена самогласка bed
æ Скоро-отворена предна незаокружена самогласка bad
ɒ Отворена задна заокружена самогласка bod 1
ɔ Отворено-средна задна заокружена самогласка pawed 2
ɑ/ɑː Отворена задна незаокружена самогласка bra
ʊ Скоро-затворена скоро-задна заокружена самогласка good
u/uː Затворена задна заокружена самогласка booed
ʌ/ɐ Отворено-средна задна незаокружена самогласка, Скоро-отворена централна самогласка bud
ɝ/ɜː Отворено-средна central незаокружена самогласка bird 3
ə Шва Rosa's 4
ɨ Затворена централна незаокружена самогласка roses 5
дифтонзи
e(ɪ)/eɪ Затворено-средна предна незаокружена самогласка
Затворена предна незаокружена самогласка
bayed 6
o(ʊ)/əʊ Затворено-предна задна заокружена самогласка
Скоро-затворена скоро-задна заокружена самогласка
bode 6
Отворена предна незаокружена самогласка
Скоро-затворена скоро-предна незаокружена самогласка
cry
Отворена предна незаокружена самогласка
Скоро-затворена скоро-задна заокружена самогласка
bough
ɔɪ Отворено-средна задна заокружена самогласка
Затворена предна незаокружена самогласка
boy
ʊɝ/ʊə Скоро-затворена скоро-задна заокружена самогласка
Шва
boor [1]
ɛɝ/ɛə Отворено-средна предна незаокружена самогласка
Шва
fair [2]

Белешки:

Самогласките се елементот кој најмногу се разликува од регион до регион.

Додека знаците се јавуваат во парови, првиот соодветствува на американскиот англиски, општоамерикански акцент; вториот соодветствува на британскиот англиски, британски стандарден изговор.

  1. Американскиот англиски го нема овој звук; зборовите со овој звук се изговараат со /ɑ/ со /ɔ/.
  2. Многу дијалекти на северноамериканскиот англиски не ја имаат оваа самогласка.
  3. Северноамериканската варијанта на овој звук е ротска самогласка.
  4. Многу говорници на северноамерикански англиски не разликуваат помеѓу овие две неакцентирани самогласки. За нив, roses и Rosa's се изговара исто, и симболот кој се користи обично е шва /ə/.
  5. Овој звук често се транскрибира како /i/ или /ɪ/.
  6. Дифтонзите /eɪ/ и {{IPA | /oʊ/ се монофтони за многу општоамерикански говорници, како /eː/ и /oː/.
  7. Буквата <U> може да означува /u/ или јотирана самогласка /ju/. Во брит. станд. говор, ако оваа јотирана самогласка /ju/ се јави по /t/, /d/, /s/ или /z/, често предизвикува палатизација на претходната согласка, претворајќи ја во /ʨ/, /ʥ/, /ɕ/ и /ʑ/, како во tune, during, sugar и azure. Во американскиот англиски палатизацијата не се јавува, освен ако /ju/ е проследено од r, кое резултира во помената на /(t, d,s, z)jur/ во /tʃɚ/, /dʒɚ/, /ʃɚ/ и /ʒɚ/, како во nature, verdure, sure и treasure.
  8. Самогласната должина игра фонетска улога во највеќето англиски дијалекти, и се смета за фонемска во неколку дијалекти, како австралискиот англиски и новозеландскиот англиски. ВО извесни дијалекти на современиот англиски, на пример општоамериканскиот, постои алофонска должина на самогласките: самогласните фонеми се реализираат како долги самогласни алофони пред звучни согласни фонеми во кодата на слогот. Пред Големото преместување на самогласките, должината на самогласките била фонемски контрастна.
  9. Овој звук се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, овој звук може да стои наместо /ʊə/, /ɔ:/.
  10. Овој звук се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, полусамогласката шва на /ɛə/ може да биде испуштена, монофтонирајќи и издолжувајќи го звукот во /ɛ:/.
Видете и: МФА за англиски јазик за повеќе.

[уреди] Согласки

Ова е англискиот согласен систем со симболи од МФА.

  билабијална лабио-
дентална
меѓузабна алвеоларна пост-
алвеоларна
палатална веларна глотална
плозивни p  b     t  d     k  ɡ  
носни m     n     ŋ 1  
шлапки       ɾ 2        
фрикативни   f  v θ  ð 3 s  z ʃ  ʒ 4 ç 5 x 6 h
африкати         tʃ  dʒ 4      
апроксиманти       ɹ 4   j    
латерални апроксиманти       l        
  лабијалвеларни
апроксиманти ʍ  w7
  1. Веларната носовка [ŋ] е нефонемски алофон на /n/ во некои северни британски дијалекти, и се јавува само пред /k/ и /g/. Кај сите други дијалкекти е посебна фонема, иако само се јавува кај слоговни коди.
  2. Алвеоларната шлапка [ɾ] е алофон на /t/ и /d/ кај ненагласените слогови во северноамериканскиот и австралискиот англиски.[35] Ова е звукот на tt или dd кај зборовите latter и ladder, кои се хомофони за многу говорници на северноамерикански англиски. Кај некои акценти како шкотскиот и индискиот го заменува /ɹ/. Ова е истиот звук претставен со едно r во шпанскиот јазик.
  3. Во некои дијалекти како, Кокни, меѓузабните /θ/ и /ð/ обично се спојуваат со /f/ и /v/, а во други, како афроамериканскиот, /ð/ се спојува со забното /d/. Кај некои ирски вариетети, /θ/ и /ð/ стануваат соодветни забни плозиви, кои потоа се во спротивност со вообичаените алвеоларни плозиви.
  4. Звуците /ʃ/, /ʒ/, и /ɹ/ се лабијализират во некои дијалекти. Лабијализацијата не е никкогаш спротивна на првичната позиција и затоа понекогаш не се транскрибира. Говорниците на општоамерикански го реализираат <r> (секогаш ротизирано) како ретрофлексна апроксиманта /ɻ/, додека истото кај шкотскиот, и тн. се реализира како алвеоларна вибранта.

The Безвучната палатална фрикатива /ç/ во највеќето акценти е само алофон на /h/ пред /j/; на пример human /çjuːmən/. Меѓутоа во некои акценти, /j/ се испушта, но првичната согласка е иста.

  1. Безвучната веларна фрикатива /x/ се користи од шкотите и велшаните (шкотски или галски) кај зборови како loch /lɒx/ или за заемки од германски или хебрејски како Bach /bax/ или Chanukah /xanuka/. Во некои дијалекти како Скаус (Ливерпул) може да се користи или [x] или африкатата [kx] како алофон на /k/ во зборови како docker [dɒkxə].
  2. Безвучното w [ʍ] го наоѓаме кај шкотскиот и ирскиот англиски, како и кај некои вариетети на американски, новозеландски и англиски англиски. Кај другите дијалекти се спојува со /w/, а во некои шкотски дијалекти, со /f/.

[уреди] Звучност и аспирација

Звучноста и аспирацијата на запирни согласки кај англискиот зависат од дијалектот и контекстот, но можеме да дадеме неколку општи правила:

  • Безвучните плозиви и африкати (/ p/, / t/, / k/ и / /) се аспирираат ако се на почеток или започнуваат нагласен слог — споредете: pin [pʰɪn] и spin [spɪn], crap [kʰɹ̥æp] и scrap [skɹæp].
    • Во некои дијалекти, аспирацијата важи и за ненагласените слогови.
    • Во некои дијалекти, како индопакистанскиот, сите безвучни запирки се неаспирирани.
  • Почетните звучни плозиви може да бидат обезвучени во некои дијалекти.
  • Крајните безвучни плозиви може да бидат неиспиштени или придружени од глотална запирка кај некои дијалекти (на пр. многу вариетети на американски англиски) — примери: tap [tʰæp̚], sack [sæk̚].
  • Крајните звучни плозиви може да бидат обезвучени во некои дијалекти (на пр. некои вариетети на американски) — примери: sad [sæd̥], bag [bæɡ̊]. Во други дијалекти овие се наполно звучни на крајна позиција, но само делумно звучни ако се на почеток.

[уреди] Супрасегментални особености

[уреди] Тонски групи

Англискиот е интонативен јазик. Тоа значи дека тон (висината) на гласот се користи синтаксички, на пример, за да искаже изненадување или иронија, или промена на исказ во прашање.

Во англискит интонационите шеми се на групи зборови, кои се наречени тонски групи, тонски единици, интонациони групи или смисловни групи. Тонските групи се искажуваат во еден здив и, како резултат на тоа, се со ограничена должина, најчесто во просек пет збора долги или во времетраење од две секунди. For example:

- /duː juː niːd ˈɛnɪˌθɪŋ/ Do you need anything?
- /aɪ dəʊnt | nəʊ/ I don't, no
- /aɪ dəʊnt nəʊ/ I don't know (збиено, на пример, до - /aɪ dəʊnəʊ/ или /aɪ dənəʊ/ I dunno во брзиот народен говор кој ја однагласува паузата помеѓу don't и know уште повеќе)

[уреди] Карактеристики на интонацијата

Англискиот е силно нагласен јазик, што значли дека извесни слогови, кај зборови и фрази, добиваат релативна истакнатост/гласност во изговорот додека другите не. Првиот вид се нарекува акцентирани/нагласени, а другиот неакцентирани/ненагласени. Сите добри англиски речници ги обележуваат акцентираните слогови со апострофен знак ( ˈ ) или пред (како кај МФА, Оксфордски англиски речник или Меријам-Вебстер) или по (во многу други речници) слогот каде паѓа нагласокот. Општо земено, за двосложен збор на англиски, може да се рече дека доколку е именка или придавка, првиот слог се нагласува; но ако е глагол, тогаш се нагласува вториот слог.

Оттука во една реченица, секоја тонска група може да се подели на слогови, кои можат да бидат нагласени (силни) или ненагласени (слаби). Нагласениот слог се нарекува и јадрен слог. На пример:

That | was | the | best | thing | you | could | have | done!

Тука единствено нагласени се слоговите/зборовите best и done. Best е повеќе нагласена и затоа е јадрен слог.

Јадрениот слог е носител на главната поента која ја намерава говорникот. На пример:

John hadn't stolen that money. (... Некој друг бил.)
John hadn't stolen that money. (... Ти рече ги украл. или ... Не тогаш, но подоцна да.)
John hadn't stolen that money. (... Ги добил парите на друг начин.)
John hadn't stolen that money. (... Украл некои други пари.)
John hadn't stolen that money. (... Украл нешто друго.)

Исто така

I didn't tell her that. (... Некој друг ѝ кажа.)
I didn't tell her that. (... Ти рече ѝ кажав. или ... Но сега ќе ѝ кажам!)
I didn't tell her that. (... Не ѝ реков; може го заклучила, итн.)
I didn't tell her that. (... Му реков на некој друг.)
I didn't tell her that. (... Ѝ реков нешто друго.)

Ова се користи и за изразување на чувство:

Oh really? (...Не сум знаел)
Oh really? (...Не верувам)

Јадрениот слог се искажува погласно од другите и има карактеристична промена на тонот. Промените на тон кои најчесто ги среќаваме во англискиот се растечки тон и опаѓачки тон, иако понекогаш имаме и опаѓачко-растечки тон и/или растечко-опаѓачки тон. Во оваа спротивставеност помеѓу опаѓачкиот и растечкиот тон, кој игра поголема улога во ангискиот околку во другите јазици, опаѓачкиот тон искажува сигурност, а растечкиот несигурност. Ова е круцијално за значењето на реченицата, особено во однос на поларитетот, позитивно–негативната спротиставеност; така, опаѓачкиот тон значи „познат поларитет“, додека растечкиот значи „непознат поларитет“. Ова е присутно кај прашањата од обликот „да или не“. На пример:

When do you want to be paid?
Now? (Растечки тон. Тука, го означува прашањето: „Може да ме платите сега?“)
Now. (Опаѓачки тон. Тука, го означува исказот: „Сакам да ме платите сега.“)

[уреди] Македонска транскрипција

Видете: Македонска транскрипција на англискиот јазик

При транскрибирањето (предавањето) на англиските зборови во македонски јазик се тргнува од нивниот приближен изговор. Бидејќи за ред англиски самогласки и согласки нема соодветни во македонскиот јазик, тие се адаптираат кон оние македонски гласови што им се донекаде блиски. Од овој принцип се отстапува при имиња влезени порано во македонскиот јазик со поинаква форма.

[уреди] Граматика

Главна статија: Граматика на англискиот јазик.

Англиската граматика има минимална флексија споредено со другите индоевропски јазици. На пример, современиот англиски, за разлика од германскиот или романските јазици, нема граматички род и придавско сложување. Падежите имаат речиси исчезнато од јазикот и постојат главно во заменките. Моделирањето на силни (на пр. speak/spoke/spoken) наспроти слаби глаголи наследено од германското потекло има опаднато во значење кај современиот англиски, и остатоците од флексијата (како бележењето на можината) имаат станато поправилни.

Истовремено јазикот има станато повеќе аналитички, и има развиено особености како модални глаголи и зборовен ред како богати извори за пренос на смисла. Помошните глаголи одбележуваат коснтрукции како прашања, негативен поларитет, пасивен вид и тековни времиња.

[уреди] Зборовен фонд

Англискиот зборовен фонд низ вековите се има значително менувано.[36]

Германските зборови (обично зборови од староанглиско и, во помала мера, нордиско потекло) во кои спаѓаат сите основни заменки (I, my, you, it) и коњугации (and, or, but) се пократки од латинските зборови во англискит, и почести во секојдневниот говор. Подолгите латински зборови се сметаат за поелегантни образовани. Меѓутоа, претераната или излишна употреба на латински зборови може да се смета за претенциозна (како полициското „apprehending the suspect“) или обид за замачкување на поентата.

Во многу случаи, говорникот на англиски јазик има избор од германски и латински синоними: come или arrive; sight или vision; freedom или liberty. Во некои случаи има избор помеѓу германски-изведен збор (oversee), латински-изведен збор (supervise), и француски латински-изведен збор (survey). Богатството на јазикот доаѓа од разновидноста на разните значења и нијанси кои ги носат синонимите, овозможувајќи му на говорникот да изрази истенчени варијации и нијанси на мисла. Запознаеноста со етимологијата на групите синоними даваат можност за поголемо владеење на лингвистички регистар.

Исклучок од ова и уникатна карактеристика на англискиот се иманките за меса кои се обично различни од, и неповрзани со, оние на животните од кои се добиваат - животното има германски, додека месото француски назив. Примери: deer и venison; cow и beef; swine/pig и pork или sheep и mutton. Ова се претпоставува дека е резултат на норманската инвазија, каде франкофонските нормани биле потрошувачи на месо, кое се произведувало од подолните англофонски класи.

Во секојдневниот говор, најголемиот дел на зборови се германски. Ако говорникот сака силно да се искаже на мошне отворен начин, тогаш се одбираат германски зборови. Најголемиот дел од латинските зборови се користат за поформален говор или пишување, како во судницата или во енциклопедиски статии. Меѓутоа не сите латински зборови во секојдневниот говор се формални; ова се главно зборови за концепти кои повеќе немаат германски зборови за нив, па се имаат асимилирано, и во многу случаи не ни изгледаат латински. Вакви се зборовите: mountain, valley, river, aunt, uncle, move, use, push и stay.

Англискиот е познат по огромниот активен зборовен фонд и неговата флуидност. Јазикот лесно прифаќа технички зборови во секојдневниот говор и презема зборови и фрази. Покрај ова, сленговите често им даваат нови значења на старите зборови и фрази. Впрочем, флуидноста е толку изразена што треба да се направи разлика помеѓу формалните облици на англискиот јазик и неговата секојдневна современа употреба. Видете и: социолингвистика.

[уреди] Број на зборови

Оксфордскиот англиски речник дава дефиниции за над 600,000 зборови, додека Вебстер вели дека секоја година во јазикот влегуваат по 25,000 нови зборови.

[уреди] Писмо

Главни статии: Англиска азбука и Англиски правопис.

Англискиот се пишува на латиница уште околу IX век. (прд тоа староанглискиот се пишувал со англосаксонски футорк.) Правописниот систем е повеќеслоен, со елементи на француски, латински и старогрчки правопис врз автохтониот германски систем; низ времето правописот почнал значително да се разликува од фонологијата на јазикот. Пишувањето на зборовите е често прилично различно од нивниот изговор. Видете Англиски правопис.

Видете: Македонска транскрипција на англискиот јазик

[уреди] Формален пишан англиски

Главна статија: Формален пишан англиски јазик.

Верзија на јазикот на која сите говорници ширум светот се согласуваат е формалниот пишан англиски. Тој се употребува исто без разлика од кој дел на светот е говорникот. За разлика од ова, во говорниот англиски постојат огромен број на разлики помеѓу дијалектите, акцентите и видовите на сленгови, колоквијални и регионални израззи. И покрај ова, локалните варијации на формалниот пишан англиски се прилично мали, состоејќи се само од правописните разлики помеѓу британскиот и американскиот англиски.


[уреди] Белешки

  1. "English, a. and n." The Oxford English Dictionary. 2nd ed. 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 September 2007 <http://dictionary.oed.com/cgi/entry/50075365
  2. Ethnologue (1984 estimate)
  3. 3,0 3,1 The Triumph of English, The Economist, Dec. 20th, 2001
  4. Ethnologue (1999 estimate)
  5. „20,000 Teaching Jobs“. Oxford Seminars. [Страницата е посетена на 2007-02-18].
  6. „Lecture 7: World-Wide English“. EHistLing. [Страницата е посетена на 2007-03-26].
  7. 7,0 7,1 Ethnologue, 1999
  8. 8,0 8,1 CIA World Factbook, Field Listing - Languages (World).
  9. 9,0 9,1 Languages of the World (Charts), Comrie (1998), Weber (1997), and the Summer Institute for Linguistics (SIL) 1999 Ethnologue Survey. Available at The World's Most Widely Spoken Languages
  10. Terri Kelly. „From Lingua Franca to Global English“. Global Envision. [Страницата е посетена на 2007-03-26].
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 David Graddol. „The Future of English?“. The British Council. [Страницата е посетена на 2007-04-15].
  12. „Lecture 7: World-Wide English“. EHistLing. [Страницата е посетена на 2007-03-26].
  13. Venneman, Theo. "English, a Germanic dialect?". Пристапено на 2006-12-09.
  14. "What was spoken Old English like?". Пристапено на 2006-12-09.
  15. "mutton, n." The Oxford English Dictionary. Second ed. 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 септември 2007 <http://dictionary.oed.com/cgi/entry/00319759
  16. "beef, n." The Oxford English Dictionary. Second ed. 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 септември 2007 <http://dictionary.oed.com/cgi/entry/50019353
  17. Mair, Victor H. (1991). "What Is a Chinese "Dialect/Topolect"? Reflections on Some Key Sino-English Linguistic Terms". Sino-Platonic Papers.
  18. „English language“. Columbia University Press. [Страницата е посетена на 2007-03-26].
  19. http://www.oxfordseminars.com/Tesol/Pages/Teach/teach_20000jobs.php
  20. Not the Queen's English, Newsweek International, March 7 edition, 2007.
  21. 21,0 21,1 „U.S. Census Bureau, Statistical Abstract of the United States: 2003, Section 1 Population“. (pdf) 59 pages стр. U.S. Census Bureau. Табела 47 вели 214,809,000 за оние ба возраст од мет години и постари кои дома зборуваат само англиски. Врз основа на American Community Survey, во овие резултати спаѓаат оние кои живеат групно (студентски домови, институции и групни домови), и по дефиниција тука спаѓаат говорници на англиски како мајчин јазик кои зборуваат повеќе од еден јазик дома.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 The Cambridge Encyclopedia of the English Language, Second Edition, Crystal, David; Cambridge, UK: Cambridge University Press, [1995 (2003-08-03).]
  23. 23,0 23,1 Mother Tongue, 2001 Counts for Both Sexes, for Canada, Provinces and Territories - 20% Sample Data, Census 2001, Statistics Canada.
  24. 24,0 24,1 2001 Census QuickStats: Australia Main Language Spoken at Home. The figure is the number of people who spoke English only at home.
  25. 25,0 25,1 Census in Brief, page 15 (Table 2.5), 2001 Census, Statistics South Africa.
  26. 26,0 26,1 Languages spoken, 2006 Census, Statistics New Zealand. Не е даден број на говорници на англиски како мајчин јазик, но тој би бил некаде помеѓу оние кои зборуваат само англиски (3,008,058) и вкупниот број на говорници на англиски (3,673,623), доколку ги занемариме 197,187 луѓе кои не дале корисен одговор.
  27. Subcontinent Raises Its Voice, Crystal, David; Guardian Weekly: Friday November 19, 2004.
  28. Yong Zhao; Keith P. Campbell (1995). "English in China". World Englishes 14 (3): 377–390. Хонг Конг допринесува со уште 2.5 милиони говорници (1996]).
  29. (2000). Native speakers aged 5 or more
  30. Languages Spoken in the U.S., National Virtual Translation Center, 2006.
  31. U.S. English Foundation, Official Language Research -- United Kingdom.
  32. U.S. ENGLISH,Inc
  33. http://europa.eu.int/comm/education/policies/lang/languages/index_en.html
  34. http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_237.en.pdf
  35. Cox, Felicity (2006). "Australian English Pronunciation into the 21st Century". Prospect 21: 3–21. Пристапено на 2007-07-22.
  36. For the processes and triggers of English vocabulary changes cf. English and General Historical Lexicology (by Joachim Grzega and Marion Schöner)

[уреди] Наводи

  • Baugh, Albert C.; Thomas Cable (2002). A history of the English language, 5th ed., Routledge. ISBN 0-415-28099-0.
  • Bragg, Melvyn (2004). The Adventure of English: The Biography of a Language. Arcade Publishing. ISBN 1-55970-710-0.
  • Emerson, Ralph Waldo (2006). The Classics of Style: The Fundamentals of Language Style from Our American Craftsmen, 1st ed., The American Academic Press. ISBN 0-9787282-0-3.
  • Crystal, David (1997). English as a Global Language. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-53032-6.
  • Crystal, David (2004). The Stories of English. Allen Lane. ISBN 0-7139-9752-4.
  • Crystal, David (2003). The Cambridge encyclopedia of the English language, 2nd ed., Cambridge University Press. ISBN 0-521-53033-4.
  • Halliday, MAK (1994). An introduction to functional grammar, 2nd ed., London: Edward Arnold. ISBN 0-340-55782-6.
  • Hayford, Harrison; Howard P. Vincent (1954). Reader and Writer. Houghton Mifflin Company. [3]
  • McArthur, T. (ed.) (1992). The Oxford Companion to the English Language. Oxford University Press. ISBN 0-19-214183-X.
  • Robinson, Orrin (1992). Old English and Its Closest Relatives. Stanford Univ. Press. ISBN 0-8047-2221-8.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Речници


Википедија
Издание на Википедија, слободната енциклопедија на англиски.
Други јазици