Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Битола - Википедија

Битола

Од Википедија, слободна енциклопедија

Битола
Официјален грб на Битола
Грб
Локација
Локација на Битола
Општина Битола на картата на Република Македонија

Координати : 41°01′55″N 21°20′05″E
Временска зона : CET (GMT +1)
- лето : CEЛT (GMT +2)

Општи податоци
Име Битола
Прекар Град на конзулите
Мото Битола, бабам Битола
Поштенски код 7000
Повикувачки број (+389) 047
Автомобилска ознака БТ
Светци заштитници Св. Климент и Св. Наум
Официјална страница bitola.gov.mk
Историја
Управа
Држава
Република Македонија
Општина Битола
Градоначалник Владимир Талески
Географија
Површина 320 km²
Надморска височина 576 m
Население
Население 74.550 (2002)
Густина 1280 ж./km² (2002)

Битола (турски: Manastır, аромански: Bitule, српски: Битољ/Bitolj, грчки: Μοναστήρι, старословенски: Обитѣль) е град во југозападниот дел на Република Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, во Република Македонија, додека по површина е трет. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во битолскиот Народен музеј.

Содржина

[уреди] Географија

Градот е опкружен со планините Баба (со врвот Пелистер висок 2.601 m) и Ниџе во центарот на пелагониската котлина. Низ него тече реката Драгор. Се наоѓа на 14 km северно од границата со Грција, на надморска височина од 576 m. Битола е важна трговско-патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една од најзначајните патнички врски на Балканот со Централна Европа.

[уреди] Потекло на името

Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски: Обитѣль) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола[се бара извор]. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во 12 век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град.“

Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.

За време на отоманските власти, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. После Балканските Војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола.

[уреди] Демографија

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 74,550 жители од следните национални припадности:

Заедно со приградската населба Горно Оризари, Битола брои 77.004 жители, од кои 68.469 (88,92%) се Македонци.

[уреди] Религиозни групи

Битола е епископски град и седиште на Преспанско-пелагониската епархија. Во Втората светска војна оваа епархија го добила името Охридско-битолска. Со обновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква во 1967, го добила сегашното име Преспанско-пелагониска епархија и ги опфаќа регионите на градовите: Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.

Првиот митрополит на епархијата (1958 - 1979) бил блаженопочинатиот Климент. Вториот митрополит и сегашен администратор на епархијата, надлежен како архиереј од 1981 е Господин Петар. Во Преспанско-пелагониската епархија има околу 500 цркви и манастири. Во последните десетина години во епархијата се изградени или се градат околу 40 цркви и 140 црквени објекти. Епархијата има два црковни музеи - во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и во храмот „Св. Јован“ во Крушево, како и постојана изложба на икони и библиотеки во зградата на митрополијата. Митрополијата е изградена помеѓу 1901 и 1902 година и е еден од најубавите примери на необарокна архитектура. Покрај доминантната Македонска православна црква, во Битола постојат и други поголеми верски заедници како што се Исламската верска заедница, Римо-католичката црква и други.

[уреди] Попознати локации

[уреди] Широк Сокак

Широк Сокак (познат и како битолското корзо)
Широк Сокак (познат и како битолското корзо)
Главна статија: Широк Сокак.

Широк Сокак (познат и како „битолското корзо“) е најфреквентната улица во Битола. Официјалното име на улицата е „Маршал Тито“, но попозната е како „битолското корзо“. Во почетокот била наменета за автомобили, меѓутоа денес е исклучиво пешачка улица и вистинското срце на градот. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу други кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до зоолошката градина и античкото пронаоѓалиште Хераклеа Линкестис.

[уреди] Хераклеа Линкестис

Главна статија: Хераклеа Линкестис.

Хераклеа Линкестис (латински: Heraclea Lyncestis) е древен град од римскиот период, што се наоѓа во близина на самиот град, во подножјето на Баба планина и датира од средината на IV век п.н.е. Основан е од македонскиот крал Филип II. Градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско поле).

[уреди] Историја

Многу важни настани од македонската и балканската историја се случиле во Битола. Градот е граден, доградуван, рушен и повторно граден и надградуван уште од неговото прво населување во доцното бронзено доба. Потоа во хеленистичкиот период, па Римското царство, сѐ до византиското време имал статус на град со висок степен на цивилизација.

Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што во еден период за време на Отоманската империја, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји[се бара извор]. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на деветнаесеттиот век бил толку силен град, што неговото население непрестано растело и го надминало бројот на населението на Белград, па дури и Лондон[се бара извор]. Градот бил преполн со фабрики и фотографски дела, а занимливо е и тоа што покрај Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни , многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се оддржуваат. Еден од нив се оддржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.

[уреди] Праисторија

Градот Битола со околината е многу богат со споменици од праисторискиот период. Двата најзначајни се Велушка Тумба и Тумба Бара, коишто се наоѓаат покрај селото Породин. Од бакарното доба, тука се населува Тумба покрај селото Црнобуки, Шуплевац (покрај селото Суводол) и Висок Рид (покрај селото Букри).

[уреди] Римски период

Градот се наоѓа на римскиот пат Виа Егнација (Via Ignatia), каде што е и античкиот град Хераклеа Линкестис. Во периодот на II век п.н.е. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско-политички центар (Septina Aurelia Heraclea) со свој постојан римски намесник и римска војска, што сведочи за Битола како центар на вечна моќ, цивилизација, култура и убавина којашто е тука и денес.

[уреди] Балкански војни

За време на Првата балканска војна во околината на градот се водела Битолската битка во којашто отоманската армија била победена од страна на српските сили. Градот страдал за време на Првата светска војна заради близината на солунскиот фронт.

[уреди] Евреите во Битола

Битола била населена со Евреи, кои избегале од Шпанија за време на црквената инквизиција на кралицата Изабела Кастиљска[се бара извор]. Тие Евреи се доселиле во најголем дел на Балканот во градовите од поголемо значење и со развиена трговија, меѓу другите и во Битола. Тука го потпомогнале развојот на градот со добри трговски врски. На 11 март, 1943 година, целокупната еврејска популација од Битола (3.011 Евреи) била депортирана во логорот Треблинка во Полска од страна на бугарските фашисти.

[уреди] Битола денес

Битола е главен економско-индустриски центар на Република Македонија. Повеќе големи македоснки компании се стационирани токму во Битола. Пелагонија е главниот полјоделски центар и најголем произведувач на храна во Македонија. Водниот систем Стражево е најголемиот и технолошки најдобриот во Македонија. Трите термоелектрични централи во РЕК Битола произведуваат речиси 80% од електричната енергија во Република Македонија. Битола исто така е водечки економски центар во текстилната и прехранбената индустрија.

[уреди] Град на конзулите

Градот на конзулите е вториот назив за градот Битола. Во врвот на својата слава, Битола имала дваесет конзулати, но постепено со слабеењето на државата, со доаѓањето на династијата Караѓорѓевиќ на власт, а подоцна и комунизмот, тој број постепено опаѓал до само неколку конзулати. Со независноста на Македонија, државата економски се засилила, а Битола постепено ја враќа старата слава. Повторно почнуваат да се отвораат конзулати и градот го добива својот некогашен сјај.

[уреди] Времето на конзулите

За време на Турците, градот имал многу конзули од сите значајни земји, па Битола се сметал за конзуларен град. На 26 јули 1903, на влезот во градот бил погубен рускиот конзул Александар Аркадјевич Ростковски, борец за правата на православната раја, која Турците ја угнетувале. На местото на погубувањето денес стои голем руски крст.

[уреди] Денешни конзуларни претставништва

Зградата Магнолија каде што е сместен рускиот конзулат и австриската библиотека
Зградата Магнолија каде што е сместен рускиот конзулат и австриската библиотека

Моментално градот Битола има десет конзуларни претставништва и тоа на следните држави:

[уреди] Историски градби

[уреди] Саат-кула

Главна статија: Саат-кула Битола.

Не се знае точно кога е изградена саат-кулата. Пишани извори од 16 век ја спомнуваат саат кулата, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со црквата Св. Димитрија Солунски, поточно 1830 година. Според легендата, кулата е изградена кога отоманските власти во градот, односно Турците, поминале по сите околни села и собрале околу 60 000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени.

Кулата има основа во облик на квадрат и е висока околу 30 метри. На врвот на кулата се наоѓаат тераси со ковани огради. Од сите страни на терасите се наоѓаат конструкции коишто држат светилки со помош на што целата кула и нејзиниот саат се видливи и ноќе. Саатот се наоѓа на најгорното од трите нивоа. Првобитниот саат е заменет за време на Втората светска војна со понов и многу попрецизен и помодерен саат. Новиот саат го купиле нацистите во знак на благодарност на граѓаните за германските гробишта коишто ги подигнале за жртвите од конфликтот во Битола, заедно со англиските и француските гробишта за време на Првата светска војна.

Саат-кулата за многумина е и симбол на градот Битола. Кулата се наоѓа во паркот каде што постојано се собираат млади, уживајќи во центарот на градот, покрај гитарските звуци што се честа појава. Таа, исто така, е место каде што граѓаните за време на Бадниковата вечер го чекаат Божик и притоа палат свеќи за здравје, долж тревникот и тротоарот на паркот каде што е кулата.

[уреди] Ајдар-кади џамија

Ајдар-кади џамијата (турски суд) е еден од најатрактивните споменици на Исламската архитектура во Битола. Градена е во периодот од 1561 до 1562 година, како проект на славниот архитект Мимар Синан. Џамијата ја нарачал битолскиот кадија Ајдар-кади по кој и џамијата го добила името. Низ времето џамијата тешко се оштетила, заради што моментално се реставрира, што ќе донесе приближно до нејзиниот првобитен изглед.

[уреди] Јени Џамија

Името на турски јазик означува Нова Џамија. Лоцирана е во центарот на градот. Има квадратна основа, со купола на врвот. Близу џамијата има минаре високо 40 m. Денес, одаите на џамијата се употребуваат за изложби. Недамнешни археолошки ископувања откриле дека е изградена врз стара црква.

[уреди] Исак џамија

Наследство на познатиот кадија Исак Челеби. Во нејзиниот голем двор има неколку гробови, привлечни заради фините облици на саркофазите.

[уреди] Безистен

Безистенот е спомнат во еден опис на градот од 16 и 17 век. Сегашниот безистен не се разликува многу од изгледот на тогашниот. Безистенот има 86 продавници и 4 големи железни порти. Продавниците порано продавале текстил, а денес прехранбени продукти.

[уреди] Бања Дебој

Дебојот претставува турска бања - амам. Не е познато кога е изградена. Тешко е оштетена, но по поправките сега го има стариот изглед две големи куполи и неколку мали и впечатлива фасада.

[уреди] Населби и маала

План на битолските населби и маала
План на битолските населби и маала

[уреди] Образование

[уреди] Универзитети

Ректоратот на универзитетот Св. Климент Охридски
Ректоратот на универзитетот Св. Климент Охридски
Техничкиот факултет Битола
Техничкиот факултет Битола

[уреди] Средни училишта во градот

Детал од зградата на гимназијата „Јосип Броз-Тито“
Детал од зградата на гимназијата „Јосип Броз-Тито“

[уреди] Основни училишта во градот

[уреди] Основни училишта во околните села

[уреди] Збратимени градови

[уреди] Галерии

[уреди] Слики од поново време

[уреди] Слики од постар датум

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски