Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Бугарија - Википедија

Бугарија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Оваа статија се однесува на Република Бугарија, за други значења погледнете Бугарија (појаснување).


Република Бугарија
Република България
Знаме на Бугарија Грб на Бугарија
Знаме Грб
Химна: Мила Родино
Положба на Бугарија
Главен град  Софија
42°41′N, 23°19′E
Најголем град Софија
Службен јазик Бугарски
Влада Парламентарна демократија
 - Претседател Георги Прванов
 - Премиер Сергеј Станишев
Независност 1878 од Османлиската империја 
 - Оcновање 681 Кан Аспарух 
 - Христијани-
зација
865 Кнез Борис I 
 - Автономија од Османлиската империја 3 март, 1878 
 - Соединета со Источна Румелија (Тракија) 6 септември, 1885
(22 септември — стар стил) 
Пристап во ЕУ Членка од 1 јануари, 2007
Површина  
 - Вкупно 111 001 km² (102.)
 - Вода (%) 0,3%
Население  
 - 2003 7.801.929 (88.)
 - Густина 69,5/km² (124.)
БДП (ПКС) 2005 приб.
 - Вкупно $86,730 милијарди (65.)
 - По глава на жител $11 800 (65.)
ИЧР (2006) 0,824 (53.) – висок
Валута Лев (BGN)
Временска зона UTC +2 до +3
Интернет домен .bg
Повикувачки број +359

Содржина

Бугарија (бугарски: България) е држава во југоисточна Европа, членка е на НАТО и на Европската Унија. Граничи со Црно Море на исток, со Грција и Турција на југ, со Србија, Република Македонија на запад, и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел на границата го зафаќа Добруџа. Бугарија зафаќа површина од 110.911,5 квадратни километри. Главен град на Република Бугарија е Софија, 1 189,.994 жители. Други поголеми градови се: Пловдив (373.586), Варна (343.603), Бургас (210.954), Русе (173.952), Стара Загора (161.108), Плевен (135.170), Добрич (113 820), Сливен (111.301). [1]

Административна поделба на Бугарија

Од 1999 г. Република Бугарија административно е поделена на 28 области, кои што се именувани по обласниот центар. Кон Северна Бугарија припаѓаат: Видинска, Монтанска, Врачанска, Плевенска, Ловечка, Габровска, Великотрновска, Русенска, Силистренска, Разградска, Трговишка, Шуменска, Добричка и Варнска, додека области во Јужна Бугарија се: Бургаска, Сливенска, Јамболска, Старозагорска, Хасковска, Крџалиска, Пловдивска, Смолјанска, Пазарџичка, Благоевградска (или позната и како Пиринска Македонија), Ќустендилска, Перничка, Софиска и, како посебна област, се вбројува и градот Софија.

Во Бугариja има 264 општини.

Историја на Бугарија

Потекло на бугарската државност

Средновековна Бугарија

Бугарско царство (бугарски јазик: Българско царство) е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во Европа а посебно во Југоисточна Европа, којашто често се борела прoтив Византија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија.

Мадарскиот коњаник - историски симбол
Мадарскиот коњаник - историски симбол
  • Првото Бугарско царство било формирано како резултат на проширувањето на Стара Велика Бугарија на териториите јужно од реката Дунав, и вообичаено се смета дека постоело помеѓу 681 година (кога постоењето на ова царство за прв пат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога подпаѓа под Византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветиот и почетокот на десетиот век, кога со царството владеел Борис I и Симеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на Словенска Европа, како и во една од најголемите држави во Европа.
  • Средновековна Бугарија претставува обновување на Второто Бугарско царство после успешното Бугарско востание на двајца велмошти од Трново, Асен и Петар, во 1185 година. Средновекова Бугарија опстојувала се до инвазијата на Отоманците на Балканот при крајот на четиринаесетиот век. Последната Бугарска територија која подпаднала под Отоманска доминација бил Созопол, се до 1453 година. Под водство на Иван Асен II во првата половина на тринаесетиот век поголемиот дел од територијата бил повратен.

Кнежество Бугарија

Рилскиот манастир
Рилскиот манастир

Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската Егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференциjа од истата година и Руско-Турската војна од 1877 - 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено. Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференциjа претрпел неуспех, бидеjки планот да се креират два автономни реона со границите на Бугарската Егзархија бил отфрлен од Османската Империjа. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русиja не ja завладеaла целата териториja на Турциja, зашто британската флота била пратена во Босфорот. Турциja се согласила, покрај Мизија и северна Тракија да ги отстапи поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русиja.

Границите на Бугариja според Санстефанскиот договор од 3 март 1878
Границите на Бугариja според Санстефанскиот договор од 3 март 1878

На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи jа териториjата на Бугарската Егзархија. Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси.

Само неколку месеци подоцна, во јуни 1878 година, во Берлин бил свикан Берлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како независно кнежество, но само во граници меѓу Дунав и Стара Планина и Софискиот санџак. Северна Тракија добила автономија под името Источна Румелија, со бугарска влада. Македонија била вратена под османлиска власт.

Во 1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и Пиринска Македонија во 1913 година.

Признавањето на одреден дел от територии на Балканот за бугарски преку опфатот на Бугарската Егзархија, Санстефанскиот договор (иако прелиминарен) и Цариградската дипломатска конференција ќе има долгорочни последици за бугарското општество. Тоа ќе има силно психолошко влијание врз бугарските политичари кои, поради него, Бугарија ја туркаа во конфликти со соседите, кои исто така претендираа на тие територии.

Царство Бугарија

Царство Бугарија (Бугарски: Царство България) било царство во Југозападна Европа од 1908 до 1947. Престолнината на царството била во Софија.

После Ослободуењето во 1878 според Берлинскиот договор Бугарија постанала "автономно трибутарно кнежество". Во Трновскиот Устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманската Империја, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Истовремено по дипломатски и политички пат многу бугарски влади морале да ги негираат одредбите од Берлинскиот договор во однос на вазалноста кон Истанбул.

Царство Бугарија од 1919
Царство Бугарија од 1919

На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и со подршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност - Фердинанд прочитал тржествен манифест во старата престолнина Велико Трново. Променет бил и Трновскиот Устав, со којшто титулата на Фердинанд била променета од "кнез" на "цар" и соодветно официjалното именување на државата - од "Кнежество Бугарија" на "Царство Бугарија".

После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт на 9 септември 1944 година се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на коj што бугарскиот народ гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот Устав на Народна Република Бугарија.

Бугарија во Првата светска војна

Првата светска војна е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 и започнува во Европа. На страната на Централните сили покрај Австро-Унгарија, Германското Царство и Отоманската Империја учествува и Бугарија, против сојузничките сили на чело со САД, Руската Империја, Франција, Британската Империја и Италија.

Бугарија во Втората светска војна

Втората Светска војна е глобален конфликт што почнува на 7 јули 1937 година, во Азија, и на 1 септември 1939 во Европа и трае до 15 август 1945 со капитулацијата на Јапонија. Втората Светска војна ги зафати мнозинството на земји во светот на секој населен континент. Речиси сите земји што биле вклучени во Првата Светска војна биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот и најскапиот вооружен конфликт во светската историја.

На страната на Силите на Оската, заедно со Германија, Италија и Јапонија учествува и Бугарија, наспроти сојузничките сили предводени од САД, СССР, Обединетото Кралство, Кина, Франција и останатите.

Народна Република Бугарија

Бугарија по 1989 година

Население

Според најновиот попис, вкупното население во Бугарија е 7 928 901 жители. Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има индекс 5. Средниот животен век на луѓето во Република Бугарија е следниот: за мажи - 68 години; за жени - 75 години.

Според официјалните државни извори најбројни се Бугарите со 83.9% од вкупното население. По нив по бројност следуваат Турците со 9.4%, па Ромите со 4.7% и друго население, претставено со 2% (вклучувајќи Руси, Ерменци и други народи). Иако во најголем дел асимиларини во бугарската нација, во Бугарија се зачувани остатоци и од Грци, Каракачани, Гагаузи, Власи и други етнички заедници.

Најбројна религија е православното христијанство, што може да се види од следнава листа: христијани - 87 % (од нив православни - 98,8 %, католици - 0,6%, унијати - 0,1%, протестанти - 0,3%, ерменогрегоријанци 0,2%; муслимани - 12,7% (од нив сунити - 92,9%, алевити - 7,1%, други - 0,3%).

Македонците во Бугарија

Главна статија: Македонци во Бугарија.

Според официјалната државна статистика на Република Бугарија, околу 5.071 лица се изјасниле за Македонци по етничка припадност [1]. Но се претпоставува дека бројот е многу поголем.

Стопанство

Гранд хотел „Интернационал“, Варна, Златни Песоци
Гранд хотел „Интернационал“, Варна, Златни Песоци

Економска историjа

Со пропаѓањето на комунистичкиот режим, заедно со него се растури и целиот економски систем на земјата. [2]. Дел од обработливите површини се запуштени и сега земјоделството во стопанскиот живот на земјата учествува со околу 10%.

Во почетокот на 90-те години, услужните дејности имаа удел од 25% , исто колку и земјоделството, а индустрија учествува во вкупното стопанство учествуваше со 60%. Сега услужните дејности зафаќаат околу 60% од вкупната економија, 10% е земјоделство, и околу 30% е индустријата. [3] Индустрискиот раст е 7% (2005) [4]. При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатија од страна на новите сопственици имаше големи отпуштања на работници. Како резултат на тоа се зголеми невработеноста, која во одредени периоди достигнува и до 19%.

Актуелна економиjа

Економскиот пораст за 2007 година е 6,2%.[2] Бруто-домашниот производ (номинал) за 2007 има раст од 6% и изнесува 28,9 билиони евро[3], кое дава по глава на жител 3753,5 евро.[4] Во последните години има реално намалување на невработеноста во Бугарија, што се должи на отворањето на нови работни места и во почетокот на 2008 изнесува 5,8%.[5] Странските инвестиции за 2007 се 5,5 билиони евра, со кое Бугариjа е на седмо место во светот во однос на инвестиции кон бруто внатрешен производ.[6] Растот на реалните доходи за истиот период е околу 4% годишно.

Трговска размена

Поглед на планината Пирин
Поглед на планината Пирин

До 1989 година Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски сојуз (80%) и другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Сега 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2.5% со САД, а останатиот дел со другите земји, меѓу кои е и Македонија.

Туризам

Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и културниот, селскиот и други алтерантивни форми на туризам.

Сообраќај

Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Низ Бугарија поминуваат некои од најзначајните сувоземни коридори на Балканскиот Полуостров.

Култура

Музика

Визен режим со Република Македонија

Од 1 јануари 2007 на македонските граѓани потребна им е виза за да може да патуваат во Бугарија. Виза не е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи двострано. [5]

Литература

Извори

  1. Гражданска Регистрация и Административно Обслужване - 03.08.2007
  2. "Ръстът на БВП опроверга страховете", News.dir.bg, 17 Март 2008 (бугарски).
  3. "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 Март 2008 (бугарски)
  4. "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 Март 2008 (бугарски)
  5. А1, "Најмногу невработени во Словачка, најмалку во Холандија", 20. 02. 2008
  6. Весник "Дневник", "България заема лидерско място по инвестиции", 16 октомври 2007 (бугарски).

Видете исто така

Надворешни врски




Галерија

Други јазици