Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Италија - Википедија

Италија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Италија
Италија

Италијанската Република или Италија (на италијански јазик Repubblica Italiana) е јужноевропска земја, географски сместена на Апенинскиот полуостров и два големи острови на Средоземно море: Сицилија и Сардинија. На север преку Алпите се граничи со Франција, Швајцарија, Австрија и Словенија. Независните земји Сан Марино и Ватикан се сместени на Италијанска територија. Острови: Елба, Искја, Липари, Пантеларија, Сардинија, Сицилија. Главен град на Италија е Рим. Други градови: Анкона, Арецо, Бари, Бергамо, Болоња, Бреша, Венеција, Верона, Виченца, Каљари, Катанија, Катанцаро, Комо, Кремона, Ливорно, Мантова, Месина, Милано, Модена, Неапол, Павија, Падова, Палермо, Парма, Перуџа, Пиза, Равена, Римини, Салерно, Сасари, Сиракуза, Таранто, Торино, Трст/Триесте, Удине, Фиренца, Фоџа и Џенова.

Видете: Листа на градови во Италија

Површината на Италија е 301,230 km² а бројот на население околу 58,057,477

Етнички состав: Италијанци 97%, Сарди, Фриулци, Ладини, Французи, Австријци, Словенци. Вероисповед: католици 98%. Писменост: 99% Јазици: италијански (официјален), германски, француски, словенечки. Парична единица: евро ().

Содржина

[уреди] Релјеф

Сателитска снимка на Италија
Сателитска снимка на Италија

Планинска земја со високите Алпи на север (Монте Бјанко/Мон Блан, 4.807 m) и Апенините во централниот дел на Апенинскиот Полуостров (Монте Корно, 2.914 m). Јужно од Алпите се протега големата низина Ломбардија во долината на По, а мали низини се простираат во некои крајбрежни региони. Во јужниот дел има неколку вулкани, меѓу кои активни се Везув, Вулкано, Етна и Стромболи. Хидрографија: реки – Адиџе, Арно, По, Талјаменто и Тибар; езера – Болсано, Гарда, Комо, Маџоре и Тразимено. Клима: средоземна на островите и во поголемиот дел на Полуостровот, умерено-континентална во Ломбардија и планинска во северните алпски области.

Видете исто така: Италијански региони

[уреди] Стопанство

Индустриска и аграрна земја со високо развиени гранки во речиси сите области на стопанисувањето, една од десетината водечки во светот. Располага со природни богатства (нафта, јаглен, гас, железо, мермер, боксит, камена и морска сол, бакар, антимон, сулфур...) кои не ги задоволуваат сите потреби на развиената индустрија, главно лоцирана во северниот дел на земјата. Меѓу индустриските гранки посебно се значајни црната металургија (петто место во светот), производството на машини, автомобили, авиони, бродови, тролејбуси, прецизни инструменти, пластични маси, електротехнички и електронски уреди и повеќе капацитети за стоки за широка потрошувачка. Земјоделското производство е високо механизирано (особено на север), а главни култури се пченица, пченка, јачмен, ориз (прво место во Европа), компири, шеќерна репка, маслини, портокали, лимони (прво место во светот), грозје/вино... Сточарството (говеда, овци, свињи) е послабо развиено од земјоделството. Значајна дејност е и риболовот. Туризмот спаѓа меѓу водечките стопански дејности и Италија е во редот на неколкуте најмногу посетувани земји од странски туристи, и тоа во текот на целата година. Сите видови сообраќај се исклучително високо развиени и постојано се усовршуваат и модернизираат. Има над 30 меѓународни аеродроми и стотина за внатрешен сообраќај.

[уреди] Историја

Колосеумот во Рим
Колосеумот во Рим

По распаѓањето на Римската Империја (476), територијата на денешна Италија паднала под удар на повеќе надворешни сили (варвари, Германи, Визиготи, Византија, Лангобарди, Франки...) во периодот до XIII в. Тогаш се формирале првите независни градови-републики (Венеција, Милано, Фиренца, Џенова...) во кои мануфактурното производство, науките и уметностите доживеале висок степен на развој. Иако почнати уште во XIV в., првите поорганизирани акции за обединување биле поврзани со дејноста на буржоаските национални револуционери (карбонари) кои дигнале востанија во 1830, 1831, 1848 и 1849 година против феудалците и (во северните региони) против австриските власти. Меѓу најзначајните личности во движењето за обединување бил Џузепе Гарибалди со своите доброволци, кој верувал во револуција „оддолу“. Обединувањето било завршено во 1870 година со приклучувањето на Рим кон Италија и со уништувањето на папската држава. Кон крајот на XIX в. почнала да освојува колонии (Еритреја, подоцна Киренаика и Триполитанија во Либија). Со неколку договори по Првата светска војна (Сен Жермен 1919, Рапало 1920, Рим 1924) ги добила југословенските региони Истра, Словенечкото приморје, Риека, Задар, Црес, Лошињ... и австрискиот јужен Тирол. По доаѓањето на власт на Бенито Мусолини (1922) станала фашистичка држава со изразито агресивен приод во меѓународните односи: ја окупира Етиопија (1935), вооружено интервенира против Шпанската Република (1936), ја нападна Албанија (1939). Во Втората светска војна беше на страната на Хитлер. Освои територии во Југославија, вклучувајќи ја и западна Македонија. Капитулира (1943) и како поразена страна ги изгуби териториите во соседството и колониите во Африка. Во 1946 г. беше соборена монархијата. Италија беше меѓу основачите на НАТО (1949) и на Европската Економска Заедница (1957), денес Европска Унија. Во 1975 г. со СФРЈ ги потпиша Осимските договори за конечно меѓусебно разграничување на копно и на море. Како членка на НАТО, учествуваше во бомбардирањето на СР Југославија во 1999 г.

[уреди] Култура

Првите литературни дела пишувани на италијански дијалекти, наместо на латински јазик, се појавиле во XIII в. Благодарение на творештвото на Данте Алигиери (Божествена комедија, 1300/21), Франческо Петрарка (Песнарка) и Џовани Бокачо (Декамерон, 1348/53), тосканскиот дијалект станал доминантен во XIV век. Во Фиренца се афирмирал италијанскиот како книжевен јазик (почеток на XV век), а напоредно се развивале и сите други уметнички изрази со кои бил навестен периодот на општата преродба (ренесанса).

Со творештвото на сликарот и архитект Џото (фрески во црквите во Асизи, Падова, Фиренца) во преродбен период навлегле и ликовните уметности. По делото и дејноста на музичкиот теоретичар Гвидо Аретински (XI в.), патувачките музичари и пејачи и творците на граѓанската музика, раната ренесанса се почувствувала во световните дела на композиторот Франческо Ландини (XIV век). Италијанскиот XVI век ја разбранувал цела Европа. Тоа е времето на писателите Николо Макијавели (Владетелот, 1513), Лодовико Ариосто (Бесниот Орландо, 1516, 1532) и Торквато Тасо (Ослободен Ерусалим, 1574), на универзалниот уметник и научник Леонардо да Винчи (Тајната вечера; о. 1495, Мона Лиза, 1503/6), на скулпторот, сликар и архитект Микеланџело Буонароти (Пиета 1496; Давид 1501/4; Мојсеј 1515/6; Страшниот суд 1536/41), на сликарите Тицијано Вечелио (Бахус и Аријадна 1520/23; Венера и Адонис 1554) и Јакопо Тинторето (Распетие 1588; Тајната вечера 1594), како и на филозофот Џордано Бруно и астрономот, математичар и физичар Галилео Галилеј. Следувала ерата на големи промени/пресврти во филозофијата, се појавило просветителството, биле извршени реформи во трагедијата (Виторио Алфиери) и во комедијата (Карло Голдони). Меѓу сликарите, печат на XVIII в. му дале и делата на Џовани Батиста Тиеполо (сцени од животот на Клеопатра, 1745; на Фридрих Барбароса, 1757) и Антонио Каналето со своите ведути на Венеција.

По основачот на оперското творештво Јакопо Пери (Дафне 1597), втемелувачот на стилот белканто Џулио Качини (о. 1545-1618) и приврзаникот на драмскиот стил во операта Клаудио Монтеверди (Орфеј 1607; Крунисувањето на Попеја 1642), италијанската музика добила раскошен замав на оперската сцена (Алесандро Скарлати, Триумф на честа 1718; Џовани Перголези, Слугинката господарка 1733; Доменико Чимароза, Таен брак 1792), која својот зенит ќе го доживее во XIX век. Напоредно, создавале и прочуените композитори Антонио Вивалди (1678-1741) – творец на формата концерти во три става, Џузепе Тартини (1692-1770) – автор на творби со романтичарска инспирација, и Доменико Скарлати (1685-1757) – композитор на предкласичните сонати во рококо стил. Векот XIX е време на италијанската опера, кога своите вредни дела ги создале Џоакино Росини (Севилскиот берберин 1816; Вилхелм Тел 1829), Винченцо Белини (Норма и Месечарка 1831; Пуританци 1835), Гаетано Доницети (Љубовна напивка 1832; Лучија ди Ламермур 1835), великиот Џузепе Верди (Набуко 1842; Риголето 1851; Травијата и Трубадур 1853; Аида 1871), Пјетро Маскањи (Кавалерија рустикана 1890), Руџеро Леонкавало (Палјачи 1892) и Џакомо Пучини (Боеми 1896; Тоска 1900; Мадам Батерфлај 1904), кој навлегол во XX век. Со првите трактати за танцот на Доменико да Пјаченца (?-1462), Гулјелмо Ебрео (XV в.) и Антонио Корнацано (XVI в.) биле поставени темелите на идната балетска уметност. На нивното дело се надоврзал Чезаре Негри (XVI в.) чија балетска школа во Милано образовала кадри за сите европски дворови. Балетот од Италија се пренел во Франција, а потоа и низ другите европски земји.

Италијанскиот филм почнал да се произведува во 1904 г., остварил некои специфични жанрови (псевдоисториски спектакл...), се потчинил на политиката во ерата на фашизмот, а најголемите дострели ги реализирал во периодот по Втората светска војна, создавајќи дела во неореалистички правец кој подразбираше снимање во реални амбиенти на последиците од Војната, бедата, остатоците од фашистичкиот период, невработеноста... Меѓу најзначајните автори на неореализмот се режисерите Роберто Роселини (Рим отворен град 1945; Германија година нулта 1948), Виторио де Сика (Чистачи на чевли 1946; Крадци на велосипеди 1948; Чудо во Милано 1950), Џузепе де Сантис (Трагичен лов 1947; Рим во 11 часот 1952), Лукино Висконти (Земјата трепери 1948), Алберто Латуада, Луиџи Цампа и сценаристот Чезаре Цаватини. Во 60-тите години на XX в. се појавија изразити индивидуалисти какви што се: Федерико Фелини (Улица 1954; Кабириините ноќи 1957; Сладок живот 1959; Амаркорд 1974) – кој ги сублимира неореалистичките принципи со поетски опсервации, понекогаш блиски до надреализмот, и Микеланџело Антониони (Ноќ 1960; Црвена пустина 1964; Професија репортер 1975). Напоредно со сите овие дејности, Италија уште во XI и XII век има развиено цела мрежа универзитети, кои спаѓаат меѓу најстарите во Европа. Иако во некои извори се наведува дека Парма го добила својот универзитет во 1065 година, вообичаено Болоњскиот Универзитет од 1119 (или:1088?) година се смета за прв на Полуостровот. Други универзитети основани до почетокот на XIV век: Модена 1175, Перуџа 1200, Падова 1222, Неапол 1224, Сиена 1240, Мачерата 1290 и Рим во 1303 година, град во кој бил основан Конзерваториум во 1570 г.

[уреди] Видете исто така


Други јазици