Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Македонци - Википедија

Македонци

Од Википедија, слободна енциклопедија

Македонци
Крсте Петков Мисирков  · Димитрија Чуповски
Кочо Рацин  · Методија Андонов Ченто

Симон Трпчески  · Милчо Манчевски
Горан Пандев  · Мајк Зафировски
Вкупен број на населението

околу 2.5 милиона

Региони каде што живее етничката група
Знаме на Република Македонија Република Македонија 1.297.981 [1]
Знаме на Австралија Австралија 83.983 - 200.000 [2]
Знаме на Германија Германија 62.295 - 85.000 [3]
Знаме на Италија Италија 74.162 [4]
Знамето на САД САД 51.733 - 200.000 [5]
Знаме на Бразил Бразил 40.859
Знаме на Канада Канада 37.705 - 150.000 [6]
Знаме на Србија Србија 25.847 [7]
Знаме на Грција Грција 10.000-200.000 [8]
Знаме на Швајцарија Швајцарија 61.304 [9]
Знаме на Австрија Австрија 13.696 - 15.000 [10]
Знаме на Бугарија Бугарија 5.071-25.000 [11]
[12]
Знаме на Албанија Албанија 4.697 - 30.000 [13]
Знаме на Croatia Хрватска 4.270 [14]
Знаме на Словенија Словенија 3.972 [15]
Знаме на Франција Франција 2.300 - 15.000 [16]
Знаме на Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 2.278 [17]
Знаме на Нов Зеланд Нов Зеланд 807 - 15.000 [18]
Знаме на Романија Романија 731 [19]
Јазици
македонски
Религии
православие, ислам, протестантизам, атеизам
Поврзани етнички групи

Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужно-словенски народи[20][21].

Содржина

[уреди] Антрополошки карактеристики

[уреди] Теории за потеклото

[уреди] Официјален став

Македонка во народна носија.
Македонка во народна носија.

Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси[22]. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чијшто индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго.

Македонскиот народ исто така има голема историска улога во создавањето на словенската писменост. Имено, гласовниот инвентар на дијалектот на македонските Словени од околината на Солун е земен за основа на првото словенско писмо (глаголицата), а самиот дијалект издигнат до ниво на прв книжевен словенски јазик (во науката познат како старословенски), што чини Македонците да имаат извонреден придонес за општословенската и европската култура.[23].

[уреди] Современи тенденции

Покрај официјалниот став, постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларната од нив е тезата за директна врска меѓу древните со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население, кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци[24].

Македонци во народна носија го играат “Тешкото“ оро.
Македонци во народна носија го играат “Тешкото“ оро.

Треба да се спомене и истражувањето на Каменот од Розета спроведено од академик Томе Бошевски и проф. д-р. Аристотел Тентов (за кое МАНУ сѐ уште се нема официјално произнесено), кои сметаат дека средниот текст од каменот е напишан на античко-македонски јазик, кој пак, според нивните заклучоци, е особено сличен и близок со денешниот современ македонски јазик во однос на дел од лексиката и граматиката[25].

Овие теории ја негираат словенската врска во етногенезата, и не се подржани од официјалната македонска наука.

[уреди] Култура

Културата на Македонецот е импресионистичко-традиционалистичка. Таа е силно поврзана со неговата родна земја и поднебјето во коешто живее. Богатото културно наследство на Македонците доаѓа до израз во народното творештво, раскошните народни носии, украсите и орнаментите во градските и селските куќи, самиот архитектурен стил, манастирите и црквите, иконостасите, иконите, дрвозерите, литературните дела итн.

Македонија се смета за лулката на словенската писменост и култура, а градот Охрид за Ерусалим на словенското православие. Имено во Македонија се создава првата словенска азбука, и се прави прва кодификација на старословенскиот јазик. Солунскиот македонски дијалект се зема како основа за црковно-словенскиот јазик на кој до ден денес се држи богослужба.

Типична традиционална македонска градска куќа
Типична традиционална македонска градска куќа
Традиционален македонски дрворез.
Традиционален македонски дрворез.

[уреди] Традиција

Македонецот се гордее со својата боречка традиција. Неговиот непокорен слободарски дух го манифестира со буни, востанија и отворена вооружена борба против поробителите.

[уреди] Религија

Македонците се претежно православно христијани. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Голем број на Македонци себе си се сметаат атеисти.

[уреди] Архитектура

Типичниот образец за македонската градска куќа е двокатна нискоградба со испакнат горен кат, варосана бела фасада, и црно-обоени дрвени носечки столбови и рамки за прозорци.

Селската куќа, пак, е изградена најчесто од камен, со здрава камена фасада, и чардак на вториот кат.

[уреди] Идентитет кај Македонците

Во минатото, Македонците не биле обединети и сплотени како што се денес. Македонците, иако посебен народ со своја посебна култура, заради денационализаторскиот милетски систем се делеле на Грци и Бугари (односно таканаречените „патријаршисти“ и „егзархисти“)[26], но и во недамнешно време како Срби (види Србомани). Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, којашто трае до периодот меѓу двете светски војни, кога Македонскиот идентитет добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред, и за време на Втората Светска Војна, кога се создаваат Македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик, и се отвораат училишта, коишто на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик[27].

[уреди] Причини за проблемот со идентификацијата во минатото

Македонки во народни носии.
Македонки во народни носии.
Народни носии од Повардарие.
Народни носии од Повардарие.

Управниците на Отоманската империја, преку создавањето на Рум-Милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дава на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станува официјална институција во отоманска Турција, и започнува да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот Полуостров[28].

Имено, овој милетски систем доведува до тоа Македонецот да се определува според црквата под чијашто ингеренција се наоѓа. Со создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонците биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби[22]. Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочуваат.

[уреди] Македонската преродба

И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди, коишто се бореле за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци[29].

Со појавувањето на вакви личности кои пропагираат постоење на посебен Македонски народ, започнува периодот наречен Македонска преродба. А луѓето кои се директно влкучени во овој процес се наречени Македонски преродбеници.

Некои преродбениците се декларираат како директни потомци на Словените кои се населиле во Македонија во 6-ти век[30]; други сметаат дека се потомци на античките Македонци и на Александар Македонски (кого го сметаат за Словен)[31], а трети пак мислат дека се мешавина од двата народа[32]. Едно е важно и кај трите мислења - тоа што се застапуват за посебноста на Македонскиот народ.

[уреди] Истакнати преродбеници

Првиот позначаен македонски преродбеник е Ѓорѓи Пулевски. Пулевски целиот живот го оддава на борбата против турското ропство. Учествува како доброволец во руската армија во војните за ослободување на Србија и Бугарија. Учесник е и во Кресненското востание. Го издава првиот речник на говорен македонски јазик, насловен „Речник од три јазика“, во 1875 година. Во 1880 ја издава и книгата „Слогница речовска“, којашто се смета за прв обид да се направи граматика на македонски јазик. Во неа Пулевски се обидува да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, притоа креирајќи мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. Во неговата револуционерна поема „Самовила Македонска“, тој говори за посебен македонски народ, независна македонска држава и македонски јазик. Во 1888 во Софија ја формира Славјано-Македонската Книжевна Дружина.

Димитрија Чуповски.
Димитрија Чуповски.
Македонски Глас.
Македонски Глас.

Посебноста на Македонците се споменува и во писмото што Исаија Мажовски, за време на својата посета на Петербург во 1885, му го предава на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од дебарскиот крај, со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во Македонија. Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува и неговиот говор на рускиот брод „Рицар“ на 18 јули, 1888 година, на пат за Киев, по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите, кога тој ја истакнува својата теза дека Македонците се директни потомци на античките Македонци, донесени на балканските простори од цар Каран пред 2500 години. Иако историски неточна, оваа изјава е многу важна за процесот на оформување на Македонците[22].

Преродбеникот Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година во својата статија во весникот „Македонија“ од 16 фебруари 1871, по повод македонското прашање запишал: „не зинала земјата па да ги голтне старите Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ“. Оваа негова изјава се смета за прва прокламација на тезата за мешање на македонските Словени и античките Македонци[33].

Докази за пројава на македонски идентитет се и изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи, при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишуваат дека се припадници на Македонската нација[34].

Подоцна, во времето на Разловечкото и Кресненското востание, во периодот на 1875 и 1878 година, востаниците себеси јасно се декларираат како Македонци, припадници на македонскиот народ, кој е посебен словенски народ различен од бугарскиот и српскиот. Доказ за ова е Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава[35].

Крсте Мисирков.
Крсте Мисирков.
За Македонцките Работи.
За Македонцките Работи.

Во овој период за силната национална свест на Македонците, сведочи и големиот македонист, и еден од најнационлно освестените Македонци во тоа време, охриѓанецот Темко Попов. Тој во своето дело „Кој е крив“, напишано на македонски народен јазик во 1887 година, ја запишува реченицата од суштинско значење за свеста за нацоналната посебност кај Македонците: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Б’лгарин иљи Србин.“.

Прв странски автор кој пишува за постоење на луѓе од Македонија кои се декларираат како припадници на посебен македонски народ е бугарскиот писател Петко Славејков, во својата статија насловена „Македонското прашање“ објавена на 18 јануари, 1871 година, во весникот „Македонија“. Неговата статија е сведоштво за постоење на силната македонска национална свест меѓу Македонците за нивната национална посебност од останатите соседни народи. Во неговата статија тој вели: Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини (Велес, Скопје, Прилеп, Битола)[36].

Во тоа време се прават и првите обиди за воведување на народен македонски јазик во училиштата, на местото на грчкиот јазик што се изучувал дотогаш. Пример за тоа е и одлуката на Костурската црковна општина во 1882 да воведе народен македонски јазик во училиштата, како и да се изработат учебници на македонски јазик. Ова, тие го побарале и од турските власти, во што јасно се изјасниле дека се Македонци и сакаат да се учи на македонски јазик во нивната област.

Треба да се спомене весникот „Лоза“, којшто се издава во 1892 година од страна на Младата македонска дружина во Софија (по кој и целото ова движење ќе го добие името „лозари“), уредувано од страна на Петар Попарсов и други македонски дејци. Иако карактерот на весникот е спорен (заради учество на врховисти како Милан Матов и Андреј Љапчев во редакцијата), весникот е од огромно значење за посебноста на македонскиот јазик, а со тоа и народ - заради фактот што и покрај тоа што издавачите го владееле бугарскиот јазик, тие сепак сите статии ги пишуваат на изработена од нив азбука (слична со денешната македонска) и на народен македонски говор. Токму поради јазикот на кој бил издаван (македонски народни говори, фонетски правопис, воведување на нови букви), како и заради својата содржина која обработува етнографски, политички и културни елементи од животот на Македонците, наскоро бил забранет од бугарските власти со образложение дека бил сепаратистички.

Ѓорѓија Пулевски.
Ѓорѓија Пулевски.
Од „Речник од три јазика“ на Ѓорѓи Пулевски, 1875
Од „Речник од три јазика“ на Ѓорѓи Пулевски, 1875

Дефинитивно највлијателниот македонски преродбеник е Крсте Петков Мисирков, кој во 1903 година во Софија ја печати својата фундаментална книга „За македонцките работи“. Во книгата Мисирков на детален начин ги образложува философските основи на модерниот македонски идентитет - дека Македонецот иако е сроден со Бугаринот и Србинот, тој сепак е посебен, и треба да се бори за таа своја посебност. Објаснува дека училиштата на соседните држави во Македонија треба да се заменат со македонски училишта во кои ќе се предава на македонски јазик и ќе се учи македонска историја. Мисирков, заедно со Димитрија Чуповски и други македонски студенти и емигранти, на 28 октомври 1902 година во Петербург го основа Македонското научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методиј“. Автор е на многу дела кои ја разгледуваат тематиката на посебноста и самобитноста на Македонецот. Кон крајот на животот, тој го искажува своето национално самосознание во неговиот последен текст „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год, во кој вели: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште[37].

Прв сериозен весник издаван од Македонци, во којшто се потенцира посебноста на македонскиот народ и Македонија, е весникот издаван од страна на Димитрија Чуповски и дејците од Петербуршката Македонска Колонија, „Македонски Глас“. Весникот се издава во периодот 1912-1918 на руски јазик. Опфаќа теми од историското минато и сегашност на Македонците, политичката ситуација, како и за културното богатство. Во неговата статија „За Македонија и Македонците“ издадена во „Македонски Глас“ на 9 Јуни 1913, Димитрија Чуповски дава детален опис на историјата на македонскиот народ, неговиот бит и борбите за ослободување. Димитрија Чуповски и весникот што тој го печати, „Македонски Глас“, се многу важен момент во изградувањето на Македонците, зашто претставува прв обид на Македонците, преку создавање на нивен сопствен медиум, да пропагираат дека Македонците не се Бугари или Срби, туку посебен словенски народ[38].

[уреди] Историја на македонскиот народ

Дел од поредица статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт

Историја
Национална преродба
Н.О.Б. (1941-1944)
Н.О.Ф. (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Тематски
Распространетост
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

п  р  у

Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинството. Почнувајќи од војните меѓу македонските Словени и Византиската Империја, војните против Осламнлиите, буните на Македонците против турското ропство, масовните вооружени востанија против Осламнлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941-1944 во Вардарска Македонија и 1943-1949 во Егејска Македонија.[39].

Целата таа непрекината борба, на Македонците им го дава епитетот непокорни. Непокорот на Македонецот ја воодушевува европската и американската општественост, и големи историски личности како Вилијам Гладстон, Лав Толстој, Жан Жорес, Фридрих Енгелс, Хенри Брејлсфорд, А.Г. Хелс, Владимир Ленин, Џејмс Баучер, Франц де Јенсен, Ромуалд Пржевалски, Виктор Берар, Терезина Јенкова, Максим Горки, Казимјеж Мочарски и многу други[39].

[уреди] Борбите со Византија

[уреди] Македонските склавинии

За време на словенската инвазија врз Византија, Македонските Словени успеваат да извојуваат пат до најјужните предели на империјата. До крајот на 6 век, целата територија на Македонија (освен Солун и приморските тврдини) е во рацете на Словените. Словенските племиња кои се населуваат во Македонија се Берзити (брсјаци), Смолјани, Струмјани, Драговити, Сагудати, Ринхини, Велегезити и Венити[20].

Во најстарите историски извори за македонските Словени, „Животот на Св. Димитрија Солунски“, тие се опишани како физички издржливи, имуни на многу болести коишто за Ромеите се смртоносни, и многу лукави во војувањето. Откако се населуваат на територијата на географска Македонија, Словените се самоорганизираат во Склавинии - коишто претставуваат полу-државни воено-племенски сојузи, коишто, пак, се обединети во кнежевства - управувани од кнез[23].

Македонските Словени, водени од кнез Хатсон, пред нападот на град Солун.
Македонските Словени, водени од кнез Хатсон, пред нападот на град Солун.

Македонските Словени ја создаваат својата прва држава (сојуз на склавинии) уште во дваесеттите години на 7 век, под водството на кнезот Хатсон. Хатсон ја води армијата на македонските Словени во неколку успешни битки против визаниската армија, натерувајќи ја притоа да се сокрие во утврдениот град Солун. Хатсон подоцна решава да изврши напад врз Солун. Словените од 584 до 677 година извршуваат пет напади и две долги опсади на градот Солун. Најголем е нападот организиран од кнез Хатсон, 614-616. По почетните триумфи, во самата битка за градот, кнез Хатсон загинува, а армијата на македонските Склавинии е поразена. 50 години подоцна, македонските склавинии се соземаат и почнуваат нов напад врз Солун под водството на кнез Пребонд. Градот е под опсада долго време, но армијата на кнезот е поразена, и македонските Словени потпаѓаат под византиска власт[23].

[уреди] Самуилово Царство

По ослабувањето на Бугарската држава заради долгогодишните војни со Византија, управникот на областа Македонија, комит Никола, во 970 година се одделува, формирајќи своја држава. По краткотрајна борба за превласт помеѓу неговите четири сина, во 976 година на чело на новоформираната држава застанува Самуил. Престолнината на новата држава е градот Преспа[40].

Самоиловото царство во 996 година.
Самоиловото царство во 996 година.

Самуил води 20 годишна војна со Византија, којашто цело време врши напади врз неговата држава. По почетните победи, неговото царство се проширува кон териториите на денешна Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија. Следните десет години, Самуил води успешни борби за сочувување на териториите на својата држава. Но во јули 1014 година, во битката кај Беласица, неговата армија е поразена од византискиот император Василиј II Македонски.[40].

Иако не успева да ја сочува независноста на неговата земја од Византија, Самуил со децении успешно се спротивставува на Византија и останува во историјата како единствениот водач кој успеал да го победил Василиј II во битка.

Иако потеклото на Самуил е спорно, треба да се потенцира дека неговата армија е составена исклучиво од луѓе од Македонија. Неговото име и дело е врежано во традициите на македонскиот народ и понатаму неговото име се спомнува како дел од процесот на народната преродба.

[уреди] Државата на Добромир Хрс

Слика:Prosek.jpg
Археолошки раскопувања во близина на Демир Капија.

Позначајни македонски буни против византискиот гнет се организираните буни од страна на Добромир Хрс и Петар Дељан[20].

Средновековна тврдината во Струмица.
Средновековна тврдината во Струмица.

Во моментот кога Византија започнува поход против бугарските востаници во Велико Трново, во околината на град Струмица, се дига востание. Востанието е водено од македонскиот бољар Добромир Хрс. Во 1190 година, востаничка војска од 600 души под негова команда го напаѓа и освојува од Византијците, утврдениот град Струмица. Веднаш потоа, мобилизирајќи го локалното население ги раширува границите на своите владенија[40].

Добромир хрс се покажува како итар дипломат кога во 1193 година склучува пакт со Византијците, кои му ги признаваат територијалните придобивки околу Струмица, и почнува војна против Бугарите. Кога гледа дека Византијците си ја повраќаат силата и постигнуваат успеси во борбата против Бугарите, Хрс го ракинува пактот со Грците и ги напаѓа нивните владенија на запад од Вардар. Успевајќи да им нанесе десетици порази на Византијците, Хрс ги освојува градовите Прилеп и Битола, како и гратчето Просак (денешна Демир Капија), коешто го прогласува за престолнина. Следните неколку години успева да осигура стабилност на неговата држава, војувајќи и против Византија, и против Бугарија[20].

Но во 1205 година, под ударот на десет пати поголемата византиска армија, државата на Хрс е покорена. Хрс засекогаш останува во македонската историја како најуспешниуот и најлукавиот владетел-дипломат.

[уреди] Борбите со Османлиите

Во почетокот на 14 век, по сеодајна борба против османлиските Турци, територијата на Македонија паѓа под Османлиска власт. Периодот од 1400 до 1912 година од страна на македонската наука се нарекува османлиско ропство, или едноставно турско ропство[20].

Целиот овој период, македонскиот народ, како и други христијански народи, е изложен на еден постојан физички гнет. Честите колежи и насилното исламизирање доведуваат до драстични демографски промени кај македонскиот народ. Специјалните закони за ограничување на правата на немуслиманите, прават Македонецот да биде слуга на Турците и другите азијатски народи-колонизатори на Балканскиот полуостров[41].

Но македонскиот народ својот револт го манифестира со многуте буни и востанија. Уште од првите децении на османлиското ропство, македонските планини се полнат со ајдути - заштитници на народот и борци против неправдата[20].

Првите вооружени пројави се неорганизирани, спонтани, и најчесто имаат карактер на селски буни. Но на крајот на XIX и почетокот XX, особено по формирањето на ВМОРО, востанијата се организрани и даваат забележителни резултати[42].

И покрај петвековното ропство, македонскиот народ успеал да го сочува својот јазик, традиција и културно наследство.

[уреди] Востанија

[уреди] Карпошовото востание

Главна статија: Карпошово востание.
Писмо од австрискиот император Леополд I во кое се дава подршка за македонските востаници на Карпош.
Писмо од австрискиот император Леополд I во кое се дава подршка за македонските востаници на Карпош.
Карпош - реконструкција.
Карпош - реконструкција.

Првото поголемо и позначајно македонско востание е Карпошовото востание. Тоа е организирано од страна на легендарниот македонски водач Карпош. Карпош е роден во кумановското село Војник. Отпрвин Карпош бил рудар, но неможејќи да ги поднесе тешките услови и понижувањето, се вооружал и отишол во планина како ајдутин. За време на Австро-Турската војна, Карпош почнал да го организира народот по селата создавајќи притоа силна востаничка армија. Стапува во контакт со австриската армија, којашто му дава дури и еден одред од Австријци и Унгарци, којшто ќе биде под негова команда[43].

Карпошовата востаничка армија од 5000 души води неколку битки со Турците, кои завршуваат со пораз за Турците, притоа успевајќи во цела Северна Македонија да создаде слободна востаничка територија. Благодарение на активноста на Карпошовата војска, Австријците успеваат да стигнат до стратешки победи, и како благодарност и признание за борбата на македонските востаници на Карпош, австрискиот император го прогласува Карпош за Крал на Куманово и вазал на Австрија[43].

Во понатамошниот тек на војната, Австрија не успева да ја донесе ветената помош, и слободната територија во Северна Македонија е покорена и востанието брутално задушено. Самиот Карпош е обесен во Скопје, на Камениот мост во 1689 година.

[уреди] Разловечко

Главна статија: Разловечко востание.

Повлијаени од Херцеговското востание и од подготовките на Русија за војна против османлиска Турција, во источна Македонија започнува една револуционерна дејност. Беровскиот првенец Димитар Поп Георгиев и неговиот дедо Поп Стојан Разловечки се водачи на ова движење. Тие прават конспиративна група која подготвува и почнува да исполнува план за востание во источна Македонија. Без да разберат турските власти, групата предводена од Димитар Поп-Георгиев агититира по селата и започнува да ги вооружува селаните со пушки купени од Кочани и од Ќустендил[44].

Димитар Поп Георгиев.
Димитар Поп Георгиев.

Иако успеваат да вооружат неколку села, заради едно недоразборање - имено мислејќи дека се откриени од властите, раководителите на 8 мај 1876 година објавуваат предвремено востание. Востаниците го преземаат селото Разловци, а следните денови во битки со Турците ги освојуваат и останатите села во регионот. Востанието заради тоа што е неподготвено трае само една недела, но е од големо значење за Македонците, затоа што претставува прво современо македонско востание, што е навистина израз на самостојна револуционерна дејност, со учество на сите општествени слоеви: учители, свештеници, трговци и занаетчии, а најмасовно учество земаат македонските селани[44].

Четите под раководство на Димитар Поп Георгиев се префрлуваат во Пиринска Македонија и Бервско, кадешто следната година го организираат попознатото и поуспешно Кресненско востание.

[уреди] Кресненско

Главна статија: Кресненско востание.

По Разловечкото востание, Димитар Поп Георгиев се пријавува како доброволец во Руската армија во Одеса, и од 1977 до 1878 учествува во сите поважни битки во војната. Имено, од редовите на македонските војници во Руската армија се раѓаат раководителите на Кресненското востание.

Илија Малешевски.
Илија Малешевски.

Кресненското Востание е организирано од македонските војници кои служат во македонскиот полк во Руската армија, за време на Руско-Турската Војна од 1877-1878. Разочарани од тоа што Великите Сили не и дозволуваат на Русија да навлезе во Македонија, дел од македонските војници под командата на поручникот Димитар Поп Георгиев во соработка со локални луѓе од Пијанечко и Малешевско, организираат транспорт на оружје и муниција за вооружување на востанието. Како доброволци во востаничката војска се пријавуваат и Украинци од Руската армија[44].

Печат на Кресненското востание.
Печат на Кресненското востание.

Востанието започнува на 17 октомври 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 700 востаници и селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници. По ослободувањето на Кресна, востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско, при што се создава голема слободна територија во областа на денешна источна Македонија[40].

Значајното за Кресненското востание е тоа што востаничките водачи, во ослободените територии воведуваат административна власт. Штабот на востанието на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски и Украинецот Калмиков, се нарекува „штаб на македонското востание“, прави свој печат, и издава правилник во кој востанието се нарекува Македонско, а населението Македонци[44].

По првите успеси, настанува спор и недоразбирање меѓу востаниците и бугарската егзархија. Турците го искористуваат расцепот, и на 11 ноември, по долготрајни борби успеваат да го задушат востанието.

[уреди] Илинденско

Главна статија: Илинденско востание.
Група македонски востаници во 1903 година.
Група македонски востаници во 1903 година.

Илинденското вистание е организирано од револуционерната организација ВМОРО. По неколкугодишно вооружување на населението, притоа создавајќи една вистинска држава во држава, на Смилевскиот конгрес на организацијатана на 20 јули (2 август нов стил) е решено 1903 година во Битолскиот вилает да се дигне сенародно востание[42].

8000 вооружени Македонци востануваат на 2 август 1903 година и ги растресуваат темелите на отоманската власт во Македонија. Во првите два дена од востанието, македонските востаници со пушка во раце ослободуваат 150 села и три града (Крушево, Невеска и Клисура). Се создава една ослободена територија која се протега од дебарско-кичевскиот регион, преку Охридско, Струшко, Битолско, Леринско, Костурско, и Воденско. Целата турска војска и администрацијата од оваа територија е или ликвидирана или пребегната.

Костурските востаници го преземаат градот Клисура.
Костурските востаници го преземаат градот Клисура.

Вооружени битки се водат и во Пиринскиот крај, во Кумановско, во Гевгелиско, и во Делчевско. Востанието трае цели 4 месеци (почнува на 2 август, а последните вооружени дејствија завршуваат во ноември)[42].

Илинденското востание се смета од многу Македонци како највеликиот ден во историјата на македонскиот народ - затоа што 8000 вооружени луѓе водат војна против 300 000 редовна армија и за време на четиримесечни битки ѝ нанесуваат големи жртви (востаничките загуби се 860, а турските се околу 5 900)[40].

Илинденското востание успева да постигне дел од своите цели - европската опшественост е раздвижена, и се почнува дебата за иднината на Македонија, која резултира со австриско-рускиот договор за реформи во Македонија познат под името Мирцштегски договор[42].

[уреди] 1912-1941

Димитар Влахов, водачот на ВМРО (обединета).
Димитар Влахов, водачот на ВМРО (обединета).

До Илинденското востание, ВМОРО се бори за независна Македонија во која сите македонски народности ќе бидат рамноправни. Но по 1903 година, раководството на ВМОРО преоѓа во рацете на оние Македонци кои сметаат дека Македонија треба по нејзиното ослободување да биде дел од Велика Бугарија. До 1912 година, Македонија ќе се претвори во арена на која три различни движења (бугарофилски, србомански и гркомански) водат крвави борби една против друга за превласт над Македонија[45].

Букурешка Македонија по 1913 година.
Букурешка Македонија по 1913 година.

Во 1913 година, по Балканските војни, со договорот од Букурешт, географска Македонија е поделена меѓу трите балкански монархии, Грција, Србија и Бугарија. Доаѓа и Првата Светска војна, која не носи решавање на Македонското прашање. Голем дел од македонскиот народ, очаен од војни, репресии и поделби, успева да биде придобиен од про-бугарската автономистичка организација ВМРО, која преку лажни ветувања за независна Македонија прави востанија и буни, во кои најмногу страда обичниот Македонец[45].

Во тоа време има две организации кои навистина се борат за слобода на македонскиот народ, и кои пропагираат дека Македонците се посебен народ, а не Срби, Бугари и Грци - тоа се Петербуршкото Македонско Друштво водено од Димитрија Чуповски, и ВМРО (обединета) водена од Димитар Влахов, Панко Брашнаров и Павел Шатев[40]..

Значајното во овој период е тоа што, разочарани од империјалистичките политики на балканските држави, кај Македонците се зацврстува и кристализира нивната посебност - т.е. се раширува идејата дека тие се посебен народ, различен од Грците, Бугарите и Србите, и дека се обесправен народ, разделен, кој заслужува да си има своја држава и сам да управува со својата судбина[29].

Овој процес го достигнува врвниот момент во Втората Светска војна и непосредно по неа, кога на териториите на сите три дела од географска Македонија (Вардарски, Пирински и Егејски) се отвораат училишта на македонски јазик и се формираат македонски институции[46].

[уреди] Народноослободителна војна

Македонскиот народ во својот поголем дел ја пречекува Втората Светска војна национално освестен. Меѓу двете Светски војни, Македонците осознаваат дека само со помош на комунистичките партии и со социјалистичка револуција ќе успеат да се изборат за своите права и да создадат своја држава. Во тој правец дејствува ВМРО (обединета), а во исто време се создаваат и првите комунистички организации во сите делови на Македонија (Вардарски, Пирински и Егејски)[47].

Фашистичките агресии на Балканот отвораат пат на една нова борба, во која Македонците истакнувајќи се со хероизам и пожртвуваност ќе успеат да ги исполнат вековните стремежи.

[уреди] Вардарска Македонија

Востанието против фашистичките окупатори во Македонија започнува во октомври 1941 година со партизански акции во Прилеп и Куманово. Партизанска активност се забележува и во велешко и Тиквешијата.

Методија Андонов Ченто со група партизани.
Методија Андонов Ченто со група партизани.

Во 1943 година на Славеј планина е форморан партизанскиот батаљон „Мирче Ацев“ од кој е создадена народноослободителната војска на Македонија. Вистинскиот пресврт на настаните настанува во почетокот на 1944 година, кога македонската партизанска армија брои неколку илјади души и го извршува познатиот февруарски поход. За задушување на партизанското движење во Македонија, освен целосниот состав на бугарската Петта армија, биле ангажирани и 91-от германски армиски корпус од Солун со 4 бригадни групи[48].

По капитулацијата на фашистичка Бугарија, целата народно-ослободителна војска во Вардарска Македонија започнува фронтална офанзива за ликвидирање на германските воени единици стационирани во Македонија.

На 2 август 1944 година, во манастирот „Прохор Пчињски“ се оддржува Првото заседание на АСНОМ, со кое се поставуваат темелите на современата македонска државност. Исто така на заседанието се даваат главните насоки за завршните операции за ослободување на Македонија[48].

До крајот на 1944 година, целата територија на Вардарска Македонија е во рацете на Народно-ослободителната војска.

[уреди] Егејска Македонија

Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ.
Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ.

По капитулирањето на Грција, грчката партизанска амрија ЕЛАС прави неколку неуспешни обиди да го мобилизира целосно македонското население за нејзината кауза. По неуспешните обиди, дозволува македонските членови на КПГ, да формираат нивна посебна организација СНОФ и посебни батаљони[49].

Во 1944 година СНОФ е расформирана по наредба на КПГ, и еден нејзин батаљон, незадоволен од оваа одлука се префрлува во Вардарска Македонија, и тука зема учество во завршните операции на НОБ. Во 1945 година овие единици се префрлуваат во Егејска Македонија и учествуваат во создавањето на Народно Ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија, а потоа учествуваат во Граѓанската војна во Грција[50].

Македонците кои претставуваат 60% од силите на ДАГ, се борат од 1945-1949 и успеваат да создадат слободни територии во кои се води македонска културна дејност. Но, поради отворената англо-американска помош на владината армија, ДАГ е поразена, и 50 000 луѓе се протерани од земјата[51].

[уреди] Пиринска Македонија

Во Пиринска Македонија всушност и започнува антифашистичката борба во Бугарија. Таму се води првата битка меѓу партизанска единица во Бугарија продив владини фашистички сили. По Втората Светска војна, БКП на чело со Георги Димитров е подготвена да ја отстапи Пиринска Македонија за да се спои со Вардарска. Затоа и до 1949 е дозволено македонски учители да бидат испраќани таму за да ги учат децата на македонски јазик и историја[52].

Но, заради судирот на Тито со Советскиот Сојуз и остатокот од Источниот блок, овој процес е прекинат.

[уреди] Број на Македонците во Македонија и светот

[уреди] Бројот на Македонците во Република Македонија

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година, бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%)[53]. Бројот на Македонци во пописната година 1994 во државата е 1 378 687 - причина за намалувањето е емиграцијата во прекуокеанските земји.

Според податоците од пописот во 2002 година, бројот на граѓани чиј мајчин јазик е македонскиот изнесува 1 401 897 (69,31%) души[53].

[уреди] Македонци во соседните земји

Повеќе информации: Македонци во Бугарија, Грција, Албанија и Србија

Во соседните земји, односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо (географски територии на Македонија), Гора (македонска етничка територија поделена меѓу Албанија и Косово) и во Србија живеат околу 500 000 души кои го говорат македонскиот јазик[54][55]. Официјалната теза на Република Македонија е дека овие луѓе се Македонци по потекло, иако дел од нив не успеал да оформи, или пак го загубил националното чувство поради репресиите и пропагандите во минатото, како и заради денешната асимилаторска политика од страна на државите во коишто живеат, а и поради неможноста да го изучуваат и да се образуваат на мајчиниот македонски јазик. Огромниот дел од нив го говорат мајчиниот дијалект и ги негуваат македонските културни традиции и родови врски.

[уреди] Бројот на Македонците во странство

Официјалната македонска статистика за бројот на Македонци во странство е несигурна, но се претпоставува дека се движи меѓу 300 000 и 500 000 души, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Италија, Австрија, па дури и во Аргентина и Јужно Африканската Република. Во западноевропските и прекуокеанските земји, Македонците слободно и достојно ги негуваат своите македонски традиции и се организирани во македонски клубови и друштва, имаат свои културно-уметнички друштва, цркви, радио и телевизиски програми, а во австралискиот град Сиднеј постои и гиманзиска паралелка на македонски јазик.

Официјално бројот на Македонците во Република Македонија, соседството и во светот е околу 2 милиона. Постојат и некои мислења дека бројот изнесува 3 до 4 милиони[56], но тие не се докажани со официјални статистики.

[уреди] Национални симболи

Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш.
Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш.

Како неофицијални но, масовно употребувани македонски национални симболи се користат шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш, коешто било симбол на античка Македонија, и жолтиот лав на црвена подлога, кој бил симбол на средновековна Македонија и официјално знаме на Илинденското востание. И двата симбола се користат на културни манифестации, спортски натпревари, митинзи, а се забелжува и нивна масовна употреба од страна на емиграцијата.

Златниот лав - симбол на средновековна Македонија, и на Илинденската епопеја.
Златниот лав - симбол на средновековна Македонија, и на Илинденската епопеја.

Едно од двата неофицијални симбола на Македонците - шеснаесет зрачното златно-жолто сонце од Кутлеш на црвена основа, беше и официјално државно знаме на Р. Македонија во периодот од 1991 до 1995 година.

И двете знамиња (и сонцето и лавот) се општоприфатени како македонски национални симболи насекаде каде што живеат Македонци, а исто така се употребуваат и како амблеми на македонските партии и организации во странство (околните држави) и во Македонија.

[уреди] Македонскиот народ денес

Македонците ги уживаат придобивките од борбата на нивните претци и слободно ја градат својата современа култура. Во својата најголема придобивка - слободната Република Македонија, Македонците се образуваат, надградуваат и се борат за подобро општество и животен стандард.

Со развојот на плурализмот, особено по 1992 година, и Македонците кои живеат во соседните балкански земји работат на афирмирање на нивните културни и социјални права. Најзначајни организации на Македонците од соседните земји се партијата „Виножито“ во Грција, „ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, „Демократска партија на Македонците од Албанија“ и „Здружението на Македонците во Србија“.

Јавното мислење во Република Македонија е дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници во соседните земји за сочувување на македонскиот јазик и традиции таму, како и за почитување на човековите и малцинските права на Македонците. Иако секој обид на Република Македонија да помогне на Македонците од соседните земји на било кое поле (културно, научно, образовно, економско), од соседните земји се смета за „територијална претензија“ на Република Македонија, јавното мислење е дека тоа не треба да ја спречува Република Македонија да ги помага и поддржува Македонците надвор од нејзините граници.

Стратешки цели на Македонците и на република Македонија се стабилна политичка ситуација, силна економија и полноправно членство во НАТО и Европската Унија.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Извори

  1. 2002 попис
  2. 2006 попис, БРОЈ НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ
  3. 2006 Се води статистика за бројот на странците кои живеат во Германија, според земјата чии државјани се а не по етничка припадност., БРОЈ НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ
  4. 2006 попис
  5. 2006 попис, БРОЈ НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ
  6. 2006 попис, БРОЈ НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ
  7. 2002 попис
  8. GREEK HELSINKI MONITOR (GHM) & MINORITY RIGHTS GROUP – GREECE (MRG-G) - Во извештајот стои: “those with a Macedonian national identity can be estimated to between 10,000-30,000. Indeed, the political party “Rainbow” which was created in 1994 and has campaigned for the recognition of a national Macedonian minority, received 7,300 votes in 1994 and 5,000 in 1999, two elections it contested alone: these figures correspond to some 7,000-10,000 citizens of all (not just voting) ages. One can estimate that besides this “hard core” there may be other citizens voting for mainstream parties that also espouse this identity, hence the above estimate.“ (исто така види Македонците во Егејска Македонија)
  9. 2000 попис
  10. 2006 попис - Tabelle 13: Ausländer nach Staatsangehörigkeit (ausgewählte Staaten), Altersgruppen und Geschlecht - page 74
  11. 2001 попис види Македонци во Бугарија
  12. Center for Documentation and Information on Minorities in Europe - Southeast Europe (CEDIME-SE) - Macedonians of Bulgaria - Во извештајот, Г-дин Красимир Канев (претседател на Бугарскиот хелсиншки Комитет) наведува бројка од 15,000-25,000 етнички Македонци во Република Бугарија.
  13. 1989 попис, [1]
  14. 2001 попис
  15. 2002 попис
  16. 2003 процена, БРОЈ НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ
  17. 2005 попис
  18. Новозеландски попис 2006 Родени во Република Македонија, БРОЈ НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ
  19. 2002 попис
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 20,5 „Историја на македонскиот народ“, Др. Блаже Ристовски.
  21. „Македонија, нејзините луѓе и историја“, Стојан Прибичевиќ, Македонска Книга, Скопје, 1990
  22. 22,0 22,1 22,2 „Создавање на македонската нација“, Драган Ташковски
  23. 23,0 23,1 23,2 „Македонските Словени од VI до IX век“, Др. Орде Иваноски
  24. „Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци“, Александар Донски
  25. Прилози, Одд. мат. тех. науки, XXVI, 2 (2005), с. 7 - 122, ; „По трагите на писмото и јазикот на Античките Македонци“ акад. Томе Бошевски, проф. д-р. Аристотел Тентов - Резиме 92-93 стр.
  26. „Спомени“, Димитар Влахов
  27. „Историја на Балканот“, Барбара Јелавич
  28. Histoire de la Grèce moderne“, Nikolaos Svoronos
  29. 29,0 29,1 „Кон македонската преродба“, Блаже Конески
  30. „За македонцките работи“, Крсте Мисирков
  31. Статија во весник „Македонски Голос“, Димитрија Чуповски
  32. Статија во весник „Македония“, (16 февруари 1871), Димитар Македонски.
  33. „Македонија. Лист за политика и книжевност“, Цариград
  34. „Македонскиот полк во Украина“, Др. Александар Матковски
  35. „Правилник - Устав на македонскиот востанички комитет“ од 1878
  36. The Macedonian question, Petko Slaveikov
  37. „Самоопределувањето на Македонците“, Крсте Мисирков
  38. Весник „Македонски глас“ бр. 1 од 9 јуни 1913 година
  39. 39,0 39,1 „Одѕивот на Илинденското востание во светот“, Др. Христо Андонов Пољански
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 40,4 40,5 „Документи за борбата на македонскиот народ за независност“, том I. Универзитетска Библиотека „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1985
  41. „Македонија, нејзините народи и нивната иднина“, Хенри Ноел Брејлсфорд
  42. 42,0 42,1 42,2 42,3 „Ослободитените борби на Македонија“, Христо Сиљанов
  43. 43,0 43,1 „Карпошевото востание“, Драган Ташковски
  44. 44,0 44,1 44,2 44,3 „Димитар Поп Георгиев - Беровски (1840-1907)“, Др. Александар Трајановски.
  45. 45,0 45,1 „Предавниците на македонското дело“, Димитар Влахов
  46. „Демократски и аитифашистички партии и организации во Егејскиот дел на Македонија (1941-1949)“, Ристо Кирјазовски
  47. „Егејска Македонија во НОБ“, уредил Ристо Кирјазовски
  48. 48,0 48,1 „Ослободителната војна и револуцијата во Македонија“, Михајло Апостолски
  49. Бугарската пропаганда во југозападна и централна Егејска Македонија (1941-1944)
  50. Егеjски бури - Револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егеjска Македоница. Вангел Аjановски Оче
  51. „Народно Ослободителниот Фронт и други организации на Македонците од Егејскиот дел на Македонија“, Ристо Кирјазовски
  52. „Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948“, Васил Јотевски
  53. 53,0 53,1 Попис на населението во Република Македонија од 2002 година
  54. Македонски малцинства на Балканот
  55. Македонскиот народ на Балканот
  56. „Географија“ за 2 година во реформираното гимназиско образование, Просветно дело, Скопје 2002

[уреди] Надворешни врски


Одлична статија Статијата Македонци е пример меѓу избраните статии.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија.