Малдиви
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Национално мото: - | |||||
Национална химна: Gavmii mi ekuverikan matii tibegen kuriime salaam "Во единство ја поздравуваме нацијата" |
|||||
![]() |
|||||
Официјален јазик | Дивехи | ||||
Главен град | Мале (Malé) | ||||
Облик на влада | Република | ||||
Најголем град | Мале | ||||
Претседател | Мамун Абдул Гајум | ||||
Површина - Вкупно - % вода |
115та во светот 298km² 0% |
||||
Население - 2006 - Густина |
176та во светот 298.842 [1] 1.105 |
||||
Основање | 26.061965., Независност од Обединетото Кралство | ||||
БДП - Вкупно (2003) - БДП по жител |
79та во светот 2,569 милијарди УСД 7.675 УСД |
||||
Валута | Руфија | ||||
Временска зона | |||||
UTC(ГМТ)+5 | |||||
Интернет домен | .mv | ||||
Повикувачки број | +960 |
Малдивите или Малдивските острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија.
Малдивите се познати по своите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.
Главни индустрии се туризмот и рибарството.
Содржина |
[уреди] Историја
Првите познати жители биле Будисти, со потекло од околните Индија и Шри Ланка, од времето на 3. век п.н.е. Населението останало со будистичка религија до 12. век. Во 1153. Малдивите биле освоени од исламски освојувачи (веројатно Арапи) кои го формирале Независниот Исламски Султанат, го усвоиле Исламот, и тој останал доминантна религија до денес.
Малдивите од 1887 биле британски протекторат, а се здобиле со независност од Обединетото Кралство во 1965. Во 1968. султанатот бил заменет со република.
[уреди] Туризам
Природните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. [1]
Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.
Островите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи.
Зградите на типичен комплекс се ниски, еднокатни или приземни, и секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.
Хотелите нудат разни екскурзии и други видови на забава: излет со подморница, со хидроавион, рибарење, лов на сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.
[уреди] Рибарство
Малдивската економија била целосно зависна од рибарството во текот на илјадници години. Малдивските морски полжави, масло од семени китови и сушена туна биле прочуени во целиот свет. Голем дел од населението и денес се занимава со рибарство. Рибарството учествува со 15% во БДП, и е втора извозна дејност, по туризмот.
[уреди] Опасност од глобалното затоплување
Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.
Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.
[уреди] Цунами од 2004-та
На 26.12.2004 Малдивите биле тешко оштетени од цунами кој настанал како резултат на Земјотресот во Индискиот Океан во 2004. Само 9 острови не биле поплавени, додека 57 преживеале сериозни оштетувања на основната инфраструктура. 14 острови биле целосно евакуирани, а 6 острови исчезнале. 108 лица, од кои 6 странци загинале. Штетата била проценета на преку 400 милиони УСД, или преку 62% од БНП.
[уреди] Референци
- Министерство за информации на Малдиви
- Антрополошки, етнографски и етнолошки информации за Малдивите
- ББЦ: Малдивите - Рај што скоро ќе се изгуби
- Гугл мапи и сателитски слики
Земји во Азија |
---|
Авганистан | Азербејџан | Бангладеш | Бахреин | Брунеи | Бутан | Виетнам | Грузија | Ерменија | Израел | Источен Тимор | Индија | Индонезија | Ирак | Иран | Јапонија | Јемен | Јордан | Јужна Кореја | Казахстан | Камбоџа | Катар | Кипар | Киргистан | Кина | Кувајт | Лаос | Либан | Малезија | Малдиви | Мијанмар | Монголија | Непал | Обединети Арапски Емирати | Оман | Пакистан | Папуа Нова Гвинеја | Русија | Саудиска Арабија | Северна Кореја | Сингапур | Сирија | Таџикистан | Тајван | Тајланд | Туркменистан | Турција | Узбекистан | Филипини | Шри Ланка |
Комонвелт | ![]() |
---|---|
Антигва и Барбуда | Австралија | Бахами | Бангладеш | Барбадос | Белизе | Боцвана | Брунеи | Вануату | Гамбија | Гана | Гвајана | Доминиканска Република | Замбија | Индија | Јамајка | Јужна Африка | Камерун | Канада | Кенија | Кипар | Кирибати | Лесото | Малави | Малезија | Малдиви | Малта | Маврициус | Мозамбик | Намибија | Науру | Нов Зеланд | Нигерија | Обединетото Кралство | Пакистан | Папуа Нова Гвинеја | Самоа | Свазиленд | Света Луција | Свети Винсент и Гренадини | Свети Китс и Невис | Сејшели | Сиера Леоне | Сингапур | Соломонови Острови | Танзанија | Тонга | Тринидад и Тобаго | Тувалу | Уганда | Фиџи | Шри Ланка |