Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Москва - Википедија

Москва

Од Википедија, слободна енциклопедија

Координати: 55°45′8″N, 37°37′56″E

Грб на градот Местоположба
Свети Ѓорѓи ја убива ламјата
Површина: 1.081,00 km²
Население: 10.415.400 (без предградија, 2005)
Густина на население: 8.537,2 жители/km²
Надморска висина: 150-200 m
Поштенски код: 119992-123182
Повикувачки број: +7 495 (порано +7 095); +7 499
Регистарски таблички: 77, 99, 97, 177
Временска зона: UTC + 3 (Лето: UTC + 4)
Сателитска снимка на Москва
Сателитска снимка на Москва

Москва (руски: Масква́) е главен град на Руската Федерација, а воедно претставува и нејзин политички, економски, образовен и транспортен центар. Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Седиштето на Руската православна црква исто така се наоѓа во Москва, во Свети-Даниловиот манастир (Данилов монастырь, Свято-Данилов монастырь). Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.

Содржина

[уреди] Географија

Кејот на реката Москва во близина на Кремљ
Кејот на реката Москва во близина на Кремљ

Градот се наоѓа во средиштето на Источно-Европската низина. Се протега низ рамничарски предел на надморска височина од 150-200 m и зафаќа над 1000 km². Во правец северозапад-југоисток должината му е најголема и изнесува околу 80 km. Низ градот тече реката Москва која е поврзана со пловен канал со Волга. Со ова (преку опсежен систем на реки, канали, езера и вештачки езера) градот е поврзан по воден пат меѓу другите и со:

Поради ова Москва ја нарекуваат и „Пристаниште на 5 мориња“.

[уреди] Клима

Просечни температури (црвено) и врнежи (сино) во Москва
Просечни температури (црвено) и врнежи (сино) во Москва

Климата во Москва е континентална со топли лета и многу ладни зими. На лето температурите достигнуваат и над 30°C, а зиме паѓаат и под -20°C. Просечната температура во јануари е -9,3°C а, во јули изнесува 18,1°C.

Првиот снег обично паѓа во средината на ноември, а најснежни месеци се јануари и февруари. Снегот обично се топи кон крајот на март.









[уреди] Историја

Пејзаж на Москва од минатото
Пејзаж на Москва од минатото
Пејзаж на Москва од 1798год
Пејзаж на Москва од 1798год
Пушкиновиот плоштад 1920год
Пушкиновиот плоштад 1920год
Гранатирањето на Думата од 1993 година
Гранатирањето на Думата од 1993 година

Москва прв пат се спомнува во пишаните записи како мало гратче во 1147 година. Во 1156 кнезот Јуриј Долгоракиот (Руски: Юрий Долгорукий) го изградил првиот ѕид оклу градот. Во 1237 и 1238 монголската Златна орда го ограбила и запалила градот, убивајќи го целото население. Благодарејќи на одличната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал. Неговиот подем сепак бил ограничен од страна на Монголите, кои во тоа време собирале даноци од најголем дел од руските територии преку своите вазали. Но поради подемот на Литванија, монголите сакајќи да балансираат дозволиле Москва да прерасне во моќно кнежество и еден од најважните руски градови во тоа време. За оваа стратешка грешка ги сноселе последиците почнувајќи од 1380год кога Големиот Кнез на Москва Димитриј Донски предводејќи обединета руска армија ги поразил во битката на Куликовското поле. Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело се до 1480год, кога по Големото стоење на реката Угра (Големата битка на реката Угра), татаро-монголите се повлекле и засекогаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Русија која многупати била менувана, конечно била префлена во Москва за подолго време. Подоцна во 1571 кримските Татари накратко го завзеле градот и го запалиле. Во периодот 1610-1612 градот бил окупиран и од Полско-Литванската Држава.

Москва престанала да биде руска престолнина во 1703 година, за сметка на Санкт Петербург, но официјално продолжила да се води како главен град и останала важен центар на руската империја. Во 1812год градот го завзел Наполеон, но претходно бил евакуиран и запален од страна на русите, што во многу придонело за конечната победа над францускиот Император кој се нашол одсечен и без доволно залихи. Во 1905 била воведена функцијата градски управител (Градоначелник). Првиот градоначелник на Москва бил Александар Адрианов.

По успехот на Октомвриската револуција, Ленин плашејќи се од странска интервенција Москва повторно ја направил главен град, овој пат на Советскиот Сојуз. Комунистите за кратко време го смениле лицето на градот.

На 22 јуни 1941 нацистите го нападнале СССР. До есента таа година германскиот Вермахт стигнал до московските предградија и следела големата Битка за Москва. На 10 октомври одбраната на градот му била доверена на Маршал Георгиј Жуков. Тој успеал да ја запре германската Армиска Група Центар, која била задолжена за завземање на советскиот главен град. На 5 октомври Жуков отпочнал голема офанзива за отстранување на опасноста по Москва. Биле искористени Сибирските засилувања, а исто така за прв пат масовно се користени катјушите. До 7 јануари 1942 Германците биле отфрлени на 100-250 km и не ја загрозиле Москва до крајот на војната. Ова претставувало прв голем пораз на нацистите во втората светска војна.

Во 1980 Москва беше домаќин на XXII летни Олимписки игри.

Во 1991год во градот беше извршен обид за воен удар од страна на тврдокорните комунистички генерали против тогашниот претседател на политбирото, Михаил Горбачов. Ударот беше неуспешен и подоцна таа година Советскиот Сојуз официјално се растури. По распадот на СССР Москва остана главен град, овој пат на Руската Федерација. Во 1993 градот повторно западна во неизвесност кога тогашниот претседател на државата Борис Елцин, во политичка борба ја злоупотреби власта и го распушти парламентот. Следеше неочекуван отпор од народните избраници, но со помош на нему лојални елементи во армијата кои го гранатираа и зазедоа парламентот (московската Бела Куќа) Елцин изврши преврат и воспостави мека диктатура.

По финансиската криза од 1998 Москва бргу се развива и денес е еден од најдинамичните градови во светот.

[уреди] Административна Поделба

Административна поделба на Москва
Административна поделба на Москва

Моксва се наоѓа и во и е центар на Московската област. Административно градот е поделен на 10 Окрузи, од кои 9 го опфаќаат самиот град а десеттата е Зеленоград, кој иако е посебен град и е географски одделен од Москва, административно му припаѓа на главниот град. Окрузите се поделени на Општински окрузи, уште наречени и Реони. Секој округ има своја кабловска тевевизија и официјален весник.

Десетте окрузи се (види мапа):

  1. Зеленоград (Зеленоградский округ Москвы)
  2. Северен (Северный округ Москвы)
  3. Северо-Источен (Северо-Восточный округ Москвы)
  4. Северо-Западен (Северо-Западный округ Москвы)
  5. Централен (Центральный округ Москвы)
  6. Источен (Восточный округ Москвы)
  7. Јужен (Южный округ Москвы)
  8. Југо-Источен (Юго-Восточный округ Москвы)
  9. Југо-Западен (Юго-Западный округ Москвы)
  10. Западен (Западный округ Москвы)

[уреди] Демографија

Движење на бројот на жители низ историјата
Движење на бројот на жители низ историјата
Станбен комплекс во Строгино
Станбен комплекс во Строгино
Триумфлната Палата висока 264m претставува најголема станбена зграда во светот и највисока зграда во Европа
Триумфлната Палата висока 264m претставува најголема станбена зграда во светот и највисока зграда во Европа


И покрај големиот пад на бројот на население во Русија (над 700.000 годишно) поради мал наталитет, бројот на жители во Москва бележи голем раст. Ова најмногу се должи на големата миграција која продолжува и покрај тоа што за легален престој во градот подолг од 90 дена е потребна специјална дозвола. Емигрантите најмногу се привлечени од големиот економски пораст на економијата на Москва која во последниве години бележи годишен раст од околу 20%.


Денес во самиот град живеат над 10 милиони жители (10.415.000 проекција-2005). Во целата метрополитенска област живеат околу 14.440.000 жители, а вкупното население на московскиот административен округ изнесува над 17 милиони. Во овие бројки не се вклучени проценките за оние кои во Москва престојуваат нелегално. Овие проценки многу варираат од извор до извор, но во секој случај бројката не е занемарлива и изнесува неколку милиони (најголем дел живеат во самиот град).

Во Москва практично можат да се најдат припадници на скоро сите етнички групи на светот.
Според пописот од 1994 најзастапени се:



[уреди] Транспорт

[уреди] Аеродроми

Шереметјево, Терминал-2
Шереметјево, Терминал-2
Метро станица на аеродромот Внуково
Метро станица на аеродромот Внуково

Москва има 5 аеродроми за цивилен авиосообраќај:

  • Меѓународен Аеродром Шереметјево (SVO / UUEE) -- Международный аэропорт Шереметьево
  • Меѓународен Аеродром Домодедово (DME / UUDD) -- Международный аэропорт Домоде́дово
  • Меѓународен Аеродром Внуково (VKO / UUWW) -- Аэропорт Вну́ково
  • Меѓународен Аеродром Остафиево -- Аэропорт Остафьево
  • Аеродром Биково (BKA / UUBB) -- Аэропорт Быко́во

Шереметјево е најзначаен аеродром во Москва иако не и најголем по обем на сообраќај. Тој е најголем аеродром по обем на меѓународен сообраќај и е влезна точка за најголем дел од туристите што ја посетуваат Москва. Пуштен е во употреба во 1960 а терминалот Шереметјево-1 е отворен во 1964. За потребите на московската Олимпијада беше пуштен во употреба терминалот Шереметјево-2 на 1 јануари 1980. Во моментов поради преоптовареност на постојната инфраструктура, во тек на изградба е трет терминал со планови и за четврт во иднина. Иако нивото на сообраќај е далеку под нивото од времето на СССР, растот е голем и се очекува наскоро да се достигнат и надминат бројките од тоа време. Во 2005 е забележан сообраќај од 12.174.000 патници.

Домодедово во моментов (2005) е најголем московски аеродром и опслужува околу 14 милиони патници годишно, но по бројот на патници во меѓународниот сообраќај заостанува зад Шереметјево. Аеродромот бил отворен за сообраќај во 1965.

Внуково е пуштен во употреба во 1941 поради преоптовареност на дотогашниот московски аеродром на Ходинское Поле. Наскоро, со почетокот на втората светска војна е претворен во воен аеродром. По војната повторно претставува главен московски аеродром сè до шеесетите кога го губи приматот. Денеска постојат амбициозни планови за обнова и проширување
на аеродромот со цел до крајот на деценијава да опслужува и над 20 милионо патници годишно.

[уреди] Јавен транспорт

Станица Киевскаја
Станица Киевскаја
Московскиот „Монорејл“
Московскиот „Монорејл“
Воз за големи брзини ЕС-250 на „Ленинградската Станица“
Воз за големи брзини ЕС-250 на „Ленинградската Станица“

Московското метро е еден од многуте препознатливи симболи на градот. Метрото е едно од најголемите и секако најубавото во светот. Пуштено е во употреба на 15 мај 1935. Денес има 171 станица на 12 линии со вкупна должина од 278,3 km. Дневно превезува просечно 8,8 милиони патници. Во работни денови оваа бројка изнесува и над 10,5 милиони. Заштитен знак му се преубавите станици во центарот на градот, кои повеке наликуваат на уметнички галерии отколку на метро-станици.

Метро-2 -- Иако официјално не се признава, јавна тајна е дека во Москва постои уште една линија на подземната железница која е под воена управа и се наоѓа на значително поголема длабочина од главниот систем. Ги поврзува Кремљ, Министерството за одбрана, Љубјанка, и други важни објекти. Покрај другото се смета дека е наменето за евакуација на клучниот персонал од градот во случај на нуклеарен напад.

Покрај метрото исто така постои опсежен систем на автобуски, трамвајски и тролејбуски линии, кои го надополнуваат им обезбедуваат жителите на градот да можат да функционираат потпирајки се исклучиво на јавниот превоз.

Со предградијата и подмосковјето ефикасна и ефтина комуникација е овозможена со помош на локална железница, популарно наречена електричка.

Московскиот „Монорејл“ (види слика) е пуштен во употреба за патници во 2005 (2004 пробно). Засега има една линија во должина од 4,7 km и 6 станици.

Такси превозот е на пониско ниво од останатите сегменти на јавниот превоз. Препорачливо е туристите да го избегнуваат заради честите измами од страна на таксистите.

[уреди] Железница

Москва претставува главен руски железнички јазол. Меѓу бројните линии кои зраковидно се шират од градот секако најпозната е Транс-сибирската линија која тргнува од Москва, оди преку Сибир (по целата должина на Азија) и завршува во Владивосток. Должината ѝ изнесува 9288km. На далечниот исток има неколку гранки меѓу кој најважната е за Пекинг. Покрај нејзиното стратешко значење за Русија, таа претставува и вистински магнет за авантуристички настроени туристи. Возовите на оваа линија највеќе тргнуваат од „Јарославската станица“.

[уреди] Патна мрежа

[уреди] Воден сообраќај

[уреди] Образование

[уреди] Економија

[уреди] Култура

[уреди] Архитектура

[уреди] Музеи

Во Москава има огромен број на музеи и ги има од сите типови. Едни од најпознатите и најпосетените секако се Третјаковската галерија, Пушкинскиот музеј на убави уметности, Политехничкиот музеј и други.

Третјаковската галерија е националното богатство на руската фина уметност, а воедно е и еден од најголемите музеи во светот. Збирката на галеријата се состои целосно од руска уметност и артисти кои дале придонес кон историјата на руската уметност или биле блиско поврзани со неа. Колекцијата содржи повеќе од 130000 дела (слики, скулптури и графика) креирани низ вековите од неколку последователни генерации на руски уметници.

Пушкинскиот музеј на фини уметности содржи милиони предмети и уметнички дела од Древниот Египет, Грција, Рим, Асирија и Вавилон. А во посебен дел е сместена и голема колекција од европски дела од: Ван Гог, Матиз, Пикасо, Сезан, Моне, Кандински, Реноар и други.

[уреди] Уметности

[уреди] Туристички Атракции

Црквата Св. Василиј и дел од ѕидините на Кремљ на Црвениот плоштад во Москва.
Црквата Св. Василиј и дел од ѕидините на Кремљ на Црвениот плоштад во Москва.

[уреди] Црвен плоштад

Главна статија: Црвен плоштад

Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх - црквата на Исус Христос. Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджуваа на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Инаку, покрај црвен плоштад името на плоштадот „краснаја плошчад“ (руски: красная площадь) оригинално означува убав плоштад.




Црквата на Исус Христос Спасителот и реката Москва.
Црквата на Исус Христос Спасителот и реката Москва.

[уреди] Црква на Исус Христос Спасителот

Главна статија: Црква на Исус Христос Спасителот (Москва)

Црквата на Христос Спасителот (руски: Храм Христа Спасителя) претставува седиште на Вселенскиот Патријарх на Православната црква. За неа е врзана долга и интересна историја. Имено црквата постоела сè 5 декември 1931 кога Лазар Каганович ја срушил со цел да изгради огромна градба - статуа на Ленин. Но, поради недостигот на фондови, а и проблемите со поплави од околната река, Никита Хрушчов го претворил местото во огромен отворен базен. Но, оригиналната скица на црквата била зачувана и во февруари 1990 Руската Православна црква добила дозвола за реизградба на храмот, по што се започнало со собирање на пари во 1992 година и со градење во 1994 година. Црквата конечно беше завршена на 19 август 2000.


Административна поделба на РусијаФедерални субјекти
Републики: Адигеја | Алтај | Башкортостан | Бурјатија | Дагестан | Ингушетија | Јакутија | Кабардино-Балкарија | Калмикија | Карачаево-Черкесија | Карелија | Коми | Мариј Ел | Мордовија | Северна Осетија-Аланија | Татарстан | Тува | Удмуртија | Хакасија | Чеченија | Чувашија
Краеви: Алтајски | Забајкалски | Камчатски крај | Краснодарски | Краснојарски¹ | Пермски | Приморски | Ставрополски | Хабаровски
Области: Амурска | Архангелска | Астраханска | Белгородска | Брјанска | Владимирска | Волгоградска | Вологодска | Воронешка | Ивановска | Иркутска | Јарославска | Калининградска | Калушка | Кемеровска | Кировска | Костромска | Курганска | Курска | Ленинградска | Липецка | Магаданска | Московска | Мурманска | Нижегородска | Новгородска | Новосибирска | Омска | Оренбуршка | Орловска | Пензенска | Псковска | Ростовска | Рјазанска | Самарска | Саратовска | Сахалинска | Свердловска | Смоленска | Тамбовска | Тверска | Томска | Тулска | Тјуменска | Улјановска | Чељабинска
Градови од федерално значење: Москва | Санкт Петербург
Автономна област: Еврејска
Автономни окрузи Ненецки | Ханти-Мансиски—Југра | Чукотски | Јамало-Ненецки
Федерални окрузи
Далекуисточен | Јужен | Приволшки | Северозападен | Сибирски | Уралски | Централен



Други јазици