Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Република Македонија - Википедија

Република Македонија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници кои треба да се дискутираат на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, кликнете на врската историја.


Република Македонија
Знаме на Македонија Грб на Македонија
Знаме Грб
Химна: Денес Над Македонија
Положба на Македонија
Главен град  Скопје
42°0′N, 21°26′E
Најголем град Скопје
Службен јазик македонски1
Влада Парламентарна република
 - Претседател Бранко Црвенковски
 - Премиер Никола Груевски
Независност Од СФРЈ 
 - Објавена 8 септември, 1991 
Површина  
 - Вкупно 25 713 km² (145.)
 - Вода (%) 1,9%
Население  
 - 2004 2,071,210 (140.)
 - Густина 81/km² (109.)
БДП (ПКС) 2006 приб.
 - Вкупно $16.94 милијарди (129.)
 - По глава на жител $8,300 (103.)
ИЧР (2006) 0.801 (69.) – висок
Валута Македонски Денар (МКД) (MKD)
Временска зона UTC +1 до +2 (летно време)
Интернет домен .mk
Повикувачки број +389
1 Сите јазици што ги говорат повеќе од 20% од жителите на општината се општински официјални јазици. Тоа ги вклучува следните јазици: албански, турски, влашки, српски, ромски, итн.

Република Македонија е држава во Југоисточна Европа, во централниот дел на Балканскиот Полуостров со главен град Скопје. Територијата на Република Македонија претставува околу 38% од територијата на етничка Македонија. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција.

Содржина

Историја

Античка Македонија до појавата на Словените

Иако Република Македонија се здобива со независност во 1991, археолошките докази покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000-та и 3500-та година п.н.е. Македонија има најстаро име од сите европски држави што постојат денес. Античките Македонци веројатно биле првите што развиле државна организација на овие простори. Првпат Македонското Царство се јавува во периодот на IX век п.н.е. (за први македонски цареви се земаат Каран и Пердика I).

Историскиот центар на градот Битола.
Историскиот центар на градот Битола.
Античкиот град Хераклеа, основан од Филип II Македонски
Античкиот град Хераклеа, основан од Филип II Македонски
Архитектурата во градот Охрид.
Архитектурата во градот Охрид.

Од приближно V век п.н.е. Македонија станува значаен политичко - економски фактор во поширокиот регион, а нејзината главна надворешно-политичка активност се фокусирала на односите со Грчките градови-држави, при што често била сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак завземала страна на некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359-336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар Македонски (356-323 п.н.е.) е еден од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Царство, а подоцна во походот против Персија, ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу Европа, Египет и Индија.

По неговата смрт оваа огромна империја ќе се распадне на три дела, поради несогласувањето на неговите генерали околу тоа кој ќе биде негов наследник. Освојувањата на Александар Македонски имаат круцијално значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.

Продирањето на Римската Империја на исток ќе доведе до трите Македонски Војни (215 п.н.е.-168 п.н.е. со повеќегодишни прекини меѓу војните) во која Македонското Царство целосно ќе потпадне под римска власт, а последниот македонски цар Персеј бил однесен како роб во Рим. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станала дел од Источното Римско царство.

Од појавата на Словените до создавањето на македонската нација во 19 век

Во 6 и 7 век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез. Тие се измешале со затекнатото локално население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени биле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите превземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на 9 век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, истотака, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела во повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со нивното создавање на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната работа и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни центри на Балканот, лулка на словенската писменост. Во 10 век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како реакција на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и во цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.

До крајот на 14 век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а истотака бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија. (Видете: Македонска Православна Црква)

Создавањето на македонската нација во 19 век до Првата Светска војна

Македонија во 20 век

Независност

Административна поделба

Главна статија: Општини во Република Македонија

Географија

Планина Кораб
Планина Кораб

Република Македонија има површина од 25.713 км² и нема излез на море. Релјефот е претежно ридско-планински (75%).

Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:

Планина
Надморска височина
Врв
1 Кораб
2,764 m
Голем Кораб
2 Шар Планина
2,747 m
Титов Врв
3 Баба Планина
2,601 m
Пелистер
4 Јакупица
2,540 m
Солунска Глава
5 Ниџе
2,521 m
Кајмакчалан
6 Дешат
2,373 m
Веливар
7 Галичица
2,288 m
(2.288 е кота, а највисок врв е Магаро 2.254 m)
8 Стогово
2,273 m
Голем Рид
9 Јабланица
2,257 m
Црн Камен
10 Осоговски Планини
2,251 m
Руен
11 Бистра
2,163 m
Маденица

Најдолга река е Вардар со 388 km (од кои во 301 км во Македонија) и во најголем дел тече низ централниот дел на Република Македонија. Нејзиниот слив зафаќа најголем дел од површината на државата и е дел од егејското сливно подрачје. Мал дел од територијата е дел од јадранското сливно подрачје каде се влива реката Дрим (Црни Дрим во Македонија) со неговите притоки, а во црноморското сливно подрачје реката Биначка Морава.

Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје како на пример тутунот кој најмногу се одгледува во околината на Прилеп.

На јужната граница на Република Македонија лежат три големи природни езера:

Територијата на Република Македонија се наоѓа на сеизмички активно подрачје.

Местоположба

Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 766 km, и тоа:

Значењето на географската положба на Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.

Демографија

Дел од поредица статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт

Историја
Национална преродба
Н.О.Б. (1941-1944)
Н.О.Ф. (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Тематски
Распространетост
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

п  р  у


Според пописот од 2004 вкупното попишано население во Република Македонија изнесува 2.071.210 жители од кои:

Етнички состав
Македонци
  
64,18%
Албанци
  
25,17%
Турци
  
3,85%
Роми
  
2,66%
Срби
  
1,78%
Бошњаци
  
0,84%
Власи
  
0,48%
други
  
1,04%

Македонци - 1.297.981 или 64,18%

Албанци - 509.083 или 25,17%

Турци - 77.959 или 3,85 %

Роми - 53.879 или 2,66%

Срби - 35.939 или 1,78 %

Бошњаци - 17.018 или 0,84%

Власи - 9.695 или 0,48 %

други -20.993 или 1,04%.


Бројот на домаќинствата изнесува 564.296, а на становите 698.143. Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години брои 591.702 лица, додека со 60 и повеќе години има 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќаат 10,57 % во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години е застапена со 21,08 проценти.

Поголеми градови

Град Жители
Скопје 515.419
Битола 74.550
Куманово 70.842
Прилеп 66.246
Тетово 52.915
Велес 43.902
Штип 41.730
Охрид 41.146
Струмица 34.067
Гостивар 32.926
Кавадарци 38.288
Кочани 28.330
Кичево 25.129
Радовиш 16.223
Струга 16.037

Економија

Македонија излегла од СФРЈ како нејзина најсиромашна република. Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите спрема СР Југославија и многу други. Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување. Но Македонија сеуште го нема достигнато ни нивото од од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987)

Економијата е пост-транзициска, со голем број сеуште нерешени транзициски проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38% (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско.Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува и до 20% од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе долго време се добри. Исто така Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага средно кфалификувана но ефтина работна сила. Инфраструктурата е во релативно добра состојба, но сепак требаат инвестиции во оваа област (пред се во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Република македонија е член на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (вкупната размена со странство во 2005 изнесуваше 79,5%).

Денеска конечно економските перспективи на државата изгледаат поповолно. Некои од проблемите се надминати, а некој се во фаза на надминување. Ова особено поради реформите кои се прават со цел за приближување кон ЕУ. Исто така позитивно влијание се очекува и од самиот кандидатски статус за членство во ЕУ. Во секој случај Република Македонија мора да остварува континуиран и брз пораст на економијата ако сака во догледно време да се приближи до европскиот просек.

  • Национална валута - Македонски Денар (MKD)
  • БДП (Паритет на куповна способност) - 17.26 милијарди $ (2007)
  • БДП (Девизен курс) - 6.85 милијарди $ (2007)
  • БДП (ИЧР/По глава на жител) - 8,400 $ (2007)
  • БДП (ИЧР/По глава на жител, со проценка за сивата економија) ? 9.000 $ (2006)
  • БДП пораст - 4.6% (2007)
  • БДП по сектори (2007)
-Земјоделство 21.7%
-Индустрија 32.6%
-Услуги 59.3%
  • Раст на индустриско произвотство - 3.4% (2006)
  • Невработеност - 35% (2007) *работење на црно е распространета појава, така што реалната бројка е пониска
  • Сиромаштија - 30% (2006)
  • Инфлација - 2% (2007)
  • Инвестиции (% од БДП) - 18% (2007)
  • Буџет (2007) фискална година = календарска година
Приходи - 2.381 милијарди $
Расходи - 2.456 милијарди $
Дефицит - 2,6% (2006)
  • Јавен долг (% од БДП) - 26.1% (2007)
  • Надворешен долг - 2.561 милијарди $ (2007)
  • Резерви на злато и странски валути - 1.803 милијарди $ (2007)
  • Увоз - 4.079 милијарди $ (2007) Русија 15.1%, Германија 9.8%, Грција 8.5%, Србија и Црна Гора 7.5%, Бугарија 6.7%, Италија 6% (2006)
  • Извоз - 2.844 милијарди $ (2007) Србија и Црна Гора 23.2%, Германија 15.6%, Грција 15.1%, Италија 9.9%, Бугарија 5.4%, Хрватска 5.2% (2006)
  • Трговски дефицит - 1,2 милијарди $ (2005)


Стопанство

Енергија

  • Електрична енергија-производство: 5.935 милијарди кWh (2006 година)
  • Електрична енергија-производство по ресурси:

- фосилно гориво: 80,7%
- водни: 18,3%
- друг вид: 1% (2006 година)

  • Електрична енергија-потрошувачка: 8.929 милијарда кWh (2006 година)
  • Бензин-потрошувачка: 23,000 bbl/ден (2006 година)


Енергетски сектор

  • Македонија има потенцијал за самостојно снабдување со електрична енергија.
  • Околу 80% од потребната енергија се обезбедува со домашно производство, од термоцентралите и хидроелектричните централи.
  • Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е самостојно јавно претпријатие одговорно за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
  • ЕСМ е во фаза на реструктуирање и пред приватизација.
  • Вкупните производни капацитети на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) се состојат од околу 1500 mW од кои околу 1/3 се лоцирани во хидроцентралите, било да се тоа големи или мали централи, додека останатите 2/3 од капацитетите се во термоцентралите.
  • РЕК Битола со своите 3 ч 225 mW претставува најголем и високо концентриран извор на електрична енергија во државата.
  • Главната преносна мрежа се состои од 400 kV, 220 kV и 110 kV водови низ целата земја.
  • Дистрибуцијата на енергијата се остварува преку 28 засебни целини (подружници), од кои "Електродистрибуција Скопје" има доминантно место со речиси 33% од целокупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија.
  • Исто така, важно е да се напомене дека ЕСМ има околу 650.000 корисници.
  • Нафтоводот помеѓу Скопје и Солун е веќе изграден, а гасоводот за пренесување на рускиот природен гас од бугарската граница до Скопје е во изградба.

Реализацијата на проектот за изградба на термоелектрични централи за гас со комбиниран циклус на ко-производство на електрична енергија и енергија за затоплување во Скопје е во тек.


Инфраструктура

Сообраќај


Патен сообраќај

Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 км: 6.830 км или 64,5% од неа се локални патишта 2.820 км или 26,5% се регионлни патишта, а 950 км или 9% се автопати. Должината на модерните патишта е 5.100 км.

Најзначаен автопат е меѓународниот автопат бр.E75. Започнува во Остенд - Белгија, поминува преку Брисел - Нирнберг, Виена - Будимпешта - Белград - Солун до Атина во Грција. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 км. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката Вардар, и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.

Железнички сообраќај

  • Должината на постоечките железнички линии е 920 км, со 168 железнички станици.
  • Поврзувањето по железнички пат со Република Грција и Србија е добро.

Поврзувањето на постоечката железница со соседните земји - Бугарија и Албанија - претставува логична цел. Поврзувањето на нашата земја со железничката мрежа на Бугарија може да се постигне едноставно со градење на нова железничка линија - 46 км во должина - меѓу Белјаковце и бугарската граница, како и изградба на нов железнички пат од Кичево до Ќафасан во Албанија; со должина од 65 км. Со тоа ќе се придонесе за создавање на коридорот Исток - Запад, со должина од 295 км, однодсно со тоа Македонија ќе се поврзе на запад со Јадранското Море, а на исток со Црното Море. Железничкиот сообраќај во Македонија е во целосна надлежност на Македонски Железници

Воздушен сообраќај

  • Во Македонија има два аеродрома, во Охрид и во Скопје, со неколку меѓународни врски.
  • Исто така има домашни и рекреативни центри за авијација во Битола, Штип, Куманово, Скопје и Прилеп
  • Аеродромот ‘‘Александар Велики‘‘ во Скопје го користат 90% од патнците, а аеродромот ‘‘Свети Апостол Павле‘‘ во Охрид- 10%.


Телекомуникации

  • Телеком оператори: 2 (98 % дигитализација) Македонски Телеком, Онтел
  • Телефонски линии во употреба: 498.910 (2007 година)
  • Мобилни оператори: 3 („Т-Мобиле Македонија“, „Космофон“ и „Vip“).
  • Телефони-мобилни: 1.261 милиони
  • Интернет корисници: 392,671

- Dial-up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s
- Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s или 128kb/s
- Пристап преку pre-paid картичка
- Пристап преку изнајмени линии
- Broadband пристап преку АДСЛ и кабелски интернет

Природни ресурси

Политика

Политички систем

Односи со ЕУ

Република Македонија во моментов има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија. Хронологијата на односите помеѓу Македонија и ЕУ, датира уште од 1992 година кога првиот претставник на Република Македонија е назначен во Брисел. Во моментов Република Македонија исчекува да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ.

Евро-атлански асоцијации

Исто така Република Македонија е кандидат за влез во НАТО и се очекува поканата да се добие на следниот НАТО самит во Букурешт во 2008 година

Спор за уставното име на Република Македонија

Поради притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) [1], иако е признаена под нејзиното уставно име од 114 земји членки на ОН меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: Соединетите Американски Држави, Кина, Русија; членките на ЕУ: Полска , Словенија и Бугарија; а од соседството: Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција итн.

Галерија

Видете исто така

Меѓународни организации