Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Солун - Википедија

Солун

Од Википедија, слободна енциклопедија

Солун
Белата кула во Солун
Белата кула во Солун
Официјално знаме на Солун
Знаме
Официјален грб на Солун
Грб
Локација
Локација на Солун
Местоположба на Солун во Грција
Координати

40°38′″N, 22°57′″E

Временска зона
- лето
UTC+2
UTC+3
Општи податоци
Име
- други имиња


Солун'
Салоника
грчки: Θεσσαλονίκη
англиски: Thessaloniki
Прво доселување околу 4 век п.н.е.
Основан крал Касандар
315 год. п.н.е.
Стари имиња Selânik
Selanik
Поштенски код 53x xx, 54x xx, 55x xx, 56x xx
Официјална страница [1]
Управа
Земја Грција
Префектура Солун
Градоначалник Василис Папагеоргопулос (Нова Демократија)
Географија
Површина 20,449 /km² (52,962 /mi²) km²
Надморска височина 16 m
Клима Медитеранска клима
Население
Население 1.057.825 (2007)
Густина 9.787 /km² ж./km² (2006)

Содржина

Солун е вториот по големина град во Република Грција и главен град на периферијата Централна Македонија. Поради тоа се нарекува уште симбротевуса (грчки: συμπρωτεύουσα), што значи ко-главен град. Градот е познат и под други имиња како Σαλονίκη на грчки , како Selânik на турски, како Salonica на латински . Во Грција, овој град претставува еден од најголемото седиште на индустријата, трговијта, културата и туризмот. Населението во градското подрачје изнесува 363.987 жители (попис 2001), а со околината 800.764. Градот Солун е вклучен во списокот на УНЕСКО светското наследство.

[уреди] Историја

[уреди] Основање на градот

Основач на Солун е кралот Касандар во 315 год. п.н.е., крал на Македонија. Градот така бил наречен според неговата сопруга Тесалоника, сестра на Александар Македонски. Исто така се смета дека освен оваа верзија, градот го своето име го добил во времето на победата на Филип II Македонски над Тесалијците. Самото име на градот може да биде преведено како победа над Тесалијците (Θεσσαλοί + Νίκη). Солун многу брзо се развивал по своето основање и така во текот на 2 век п.н.е. веќе ги добил и своите ѕидини за одбрана на градот.

Споменик на Александар Македонски во Солун
Споменик на Александар Македонски во Солун

[уреди] Римски период

По пропаѓањето на македонското кралство во околу 168 година п.н.е. Солун паднал во рацете на Римјаните и веднаш станал многу важен трговски центар на Виа Егнатиа. Најмногу се тргувало помеѓу Европа, Африка и Азија. Градот станал еднен од четирите главни римски реони во Македонија. Во тоа време градот си ја задржил својата власт, но со неговладеел римски претор. Од тој период датира и солунскиот акропол кој се наоѓа на северното брдо и е изграден во 55 година п.н.е.. Поради големото трговско значење на градот, римјаните морале да изградат пристаниште.

[уреди] Почетоци на Христијанството

Солун како и цела Македонија бил еден од раните центри кои го примиле Христијанството како своја официјална религија. На своето второ патување, апостолот Св. Павле, кој проповедал во месната синагога, која била главна за Евреите од реонот, го поставил почетокот на христијанското братство и црква. Месните еврејски водачи биле незадоволни од него, поради што и го избркале од Солун во градот Бер. За заштитник на градот се смета Свети Димитрија кој градот го добил во 306 година. Денешното постоење на градот и неговата важност за светот се препишуваат токму на Свети Димитрија. Тој бил римски проконзул во времето на царот Максимијан и бил затворен и мачен во римските затвори, место каде денеска се наоѓа црквата Свети Димитрија, изградена во 463 година од страна на римскиот подпрефект Лирика.

[уреди] Византиски период

Заштитник на градот-Свети Димитрија
Заштитник на градот-Свети Димитрија

По пропаѓањето на Римската империја и нејзината поделба на источно и западно царство, каде како главни центри на новите империи се издвојувале Рим и Константинопол, градот Солун потпаднал под Источното Римско Царство или уште попознато како Византија. Солун бил втор по важност град веднаш по Константинопол. Во 390 година градот прераснал во место каде избувнал голем револт против владетелот Теодосиј I и неговите готски платеници. Така римскиот генерал во оваа побуна заедно со уште неколку други високи функционери на империјата биле убиени и погубени, што резултирало до создавање на еден голем за тоа време масакар, каде од 7.000 до 15.000 жители на градот биле ликвидирани на тогашниот хиподром. По овој настан сѐ до пропаѓањето на Византија, Солун бил изложен на постојани земјотреси вклучувајќи го рушењето на голем број згради и објекти како од тој период така и од периодот на Римската империја. Најголем бил оној од 620 година.

Кон крајот на 6 век и почетокот на 7 век, од зад Карпатите Словените го започнале своето населување на Балканот и истиот го опседнале. Скоро целиот Балкански полуостров бил населен од страна на Словените. Останал само главната метропола на Македонија, Солун. Во историјата е познат походот кон Солун од страна на Словенитекој останал неуспешен. Во Солун исто така се родени и словенските браќа Свети Кирил и Методиј, кои земајќи го јужниот говор во Македонија го создале старословенскиот јазик (глаголицата) и кои на повик од царот Ростислав отишле во Велика Моравија каде ја распространиле и ја утврдле православната вера и подоцна на повик од папата заминале за Рим, каде барале признавање на нивната азбука. Во 9 век, градот бил нападнат од страна на бугарскиот цар Симеон I каде ја разбил византиската војска и каде подоцна продолжил кон Константинопол. Во 904 година градот бил нападнат од страна на Сарацијците од Крит и по десет дена пљачкања, рушења и убивања заминале од градот со големо богатство и со 22,000 робови, главно млади машки потомци од Солун. По овој грабеж, градот многу брзо се опоравил и заедно со Византија ги доживеал своите “златни векови“. Бројот на населението на градот нагло се зголемувал. Секоја есен надвор од зидините на Солун се одржувал саем во чест на Свети Димитрија, кој траел 6 дена. Во тоа време, овој саем бил еден од најголемите во целиот свет.

Господарскиот голем развој на градот исто така продолжил и во 12 век за време на династијата Комнени која ја проширила византиската граница кон север во Србија и Унгарија. Во градот, во тоа време се наоѓала и основната коварница на пари, што претставува и уште еден знак дека Солун бил еден од најразвиените градови во светот во тоа време.

Веднаш по смртта на царот Мануел I во 1180 година започнало и пропаѓањето на Византија. Така, во 1185 година, нормадските владетели од Сицилија најпрвин го нападнале а потоа и окупирале градот, што резултирало до уништување на долговековниот расцвет на градот. Нивното владеење со градот траело околу една година бидејќи биле поразени повторно од страна на Византија и така тие биле принудени на повторна евакуација. Солун од картата на Византија бил повторно избришен во 1204 година кога Цариград бил освоен од страна на крстоносците во текот на Четвртата крстоносна војна. Солун и околината потпаднале во составот на Солунското кралство под контрола на Латинското Царство. Во текот на 1207 година, бугарскиот цар Калојан пристигнал пред вратите на Солун и бил на пат да го превземе градот, пред да биде предаден од страна на сопругата си и убиен од цар Борил. Така во 1224 година градот преминал под власта на Епирското деспотство. Градот повторно бил вратен на Византија во 1246 година. Во текот на 14 век за завладување на градот дошло до религиозен судир помеѓу конзервативниот бискуп Грегориус Паламаса (Γρηγόριος Παλαμάς) и Барлам.

Подоцна, кога Отоманската империја сѐ повеќе зајакнувала и сѐ повеќе се доближувала кон Солун, поради невозможност да го заштити градот византискиот император Андроник III Палеолог го предал на Венеција. Градот останал во венециски раце сѐ до 1430 година кога бил преземен од страна на Турците.

[уреди] Отомански период

Ротунда- најстарата зграда во Солун
Ротунда- најстарата зграда во Солун

Во 1492 година, по прогонувањето на сефарадските евреи од Шпанија, голем дел од нив се населиле во Солун. Градот се претворил во еден од најголемите еврејски центри на Балканот и пошироко. На 29 март 1430 година, на чело со султанот Mурат II по тридневна опсада го зазел Солун. Во текот на Отоманското владеење на Солун, градот станал мултикултурно општество во кој живееле голем број на Турци, Македонци, Бугари, Грци и Албанци, како и сефадиски Евреи, кои претсавувале 60.000 жители од вкупните 130.000 на градот. Солун во територијата на Османлиската империја останал околу пет векови со што станал, како и во византиско време, еден од најважните трговски центри на Балканот. Железничка станица во градот била изградена во 1888 година. Во Солун исто така бил роден и Кемал Ататурк во 1881 година под чија команда подоцна избувнала и Младотурската револуција, повторно во Солун. Солунската афера исто така зела голем замав на Балканот.

[уреди] Основање на ВМРО

Солун бил многу важен центар и за Македонците кои живееле таму, кои се образувале и кои дејствувале за создавање на посебна македонска држава на Балканот. Така, на 23 октомври 1893 година, во Солун била основана ВМРО, чија цел била добивање на автономија за Македонија и Одринска Тракија преку револуционерна борба. Во Солун, од тој период се познати и големите терористички напади од страна на ВМРО и нејзините членови наречени гемиџии. Солун останал во рамките на |Отоманската империја сѐ до 1912 година.

[уреди] Период по Балканските и Светските војни

Навлегување во градот на грчката војска во 1916 година
Навлегување во градот на грчката војска во 1916 година

По Балканските војни, градот стапил во составот на Грција. Населението на градот многу тешко можело да се утврди поради секојдневното прогонување на месното население (главно Македонци[се бара извор]) и доаѓање на Грци од разни делови на државата. Во текот на Првата светска војна за градот се водела голема битка, воглавно против Бугарија која сеуште сонувала за Санстефанска Бугарија. Подоцна, во 1917 година, голем дел од градот бил зафатен од пожар кој случајно или не го подметнале француските војници. Така, од вкупно 271.157 жители на Солун, 72.000 останале без покрив на главата. Обнова на градот во почетокот била забранета сѐ додека не бил донесен план за модерен развој на градот. Тој план бил направен од страна на францускиот архитект Ернест Хебрард, со кој Солун станал модерен европски град. Поради овој пожар голем број од еврејското население го загубило својот имот. Голем дел од нив се упатиле кон Палестина и САД. Населението на градот многу брзо пораснало по војната од 1922 година помеѓу Грција и Турција. Грција го изгубила малоазиското крајбрежје и градот Измир. Така, илјади бегалци од тие реони се населиле во Солун. Под власта на Нацистичка Германија градот паднал на 9 април 1941 година и под нивна окупација бил сѐ до 30 октомври 1944 година. Градот бил многу оштетен како резултат на сојузничкото бомбардирање каде нацистите биле целосно поразени.

[уреди] Период по војната

Поглед на градот
Поглед на градот

По војната, Солун многу брзо се обновил и бројот на жителите повторно започнал да се зголемува. Градот својот најголем економски подем го доживеал од 1950 до 1980, но без урбанистички план, што довело до големи сообраќајни метежи, кои во денешницата се секојдневие на градот. Во 1978, градот бил погоден од голем земјотрес со јачина од 6,5 степени. Со овој земјотрес биле разрушени многу објекти и споменици во градот и животот го загубиле 40 луѓе.

Во денешно време, како и во минатото, Солун е многу важен центар за Југоисточна Европа и Европската Унија. Во моментот, Солун е еден од најразвиените градови на балканскиот полуостров.


[уреди] Демографија

[уреди] Број на население во Солун

Година население
1981 406.413
1991 383.967
2001 363.987

[уреди] Еврејската населба во Солун

Еврејското маало
Еврејското маало

Еврејската населба во Солун била една од најголемите населби во градот. Евреите во времето на Османлиската империја го сочинувале половина од вкупното население на градот. Исто така, оваа населба во тоа време служела како една од најбогатите на Балканот, со најразвиена трговија. Но, работите многу се промениле кога градот бил превземан и стапил во составот на Грција во 1912 година. Градот практично згаснувал во сабота, на еврејскиот сабат. Опаѓањето на бројот на Евреите во Солун најмногу се променил по 1917 година кога во градот владеел можеби најголемиот пожар што дотогаш се паметил во Солун. Освен поради пожарот, бројот започнал да се намалува и поради хеленизацијата на градот од страна на грчката држава, која намерно го отежнувала процесот на повторно враќање на Евреите како и на многу Македонците во нивните сопствени домови, иако нивните домови биле компензирани. Така, голем број од Евреите во Солун се исселиле и никогаш повеќе не се вратиле во градот. Најмногу се населиле во Турција, САД, Александрија и по цела Европа. Солунските Евреи (скоро 96% од нив[се бара извор]) во текот на нацистичката окупација за време на Втората Светска војна биле однесени низ логорите низ Европа, со што била скоро целосно уништена еврејската заедница во градот. Денеска, во градот живеат само околу 1.000 Евреи бидејќи повеќето од нив се населени во Израел и САД.

Година Вкупно население Еврејско население Процент
1842 70.000 36.000 51%
1870 90.000 50.000 56%
1882/84 85.000 48.000 56%
1902 126.000 62.000 49%
1913 157.889 61.439 39%
1943   53.000  
2000 363.987 1.000 0%

[уреди] Етнички состав на населението

Година Население Евреи Турци Грци Бугари Роми други
1890[1] 118.000 55.000 26.000 16.000 10.000 2.500 8.500
1913[се бара извор] 157.889 61.439 45,889 39.956 6.263 2721 1.621

[уреди] Клима

Во градот преовладува медитеранска клима која опфаќа многу топли лета и средни влажни студени зими.

Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек
Максимална температура [°C] 9 10 13 18 23 28 31 30 26 21 14 10
Минимална температура [°C] 1 2 5 7 12 16 18 18 15 11 6 2
Врнежи на дожд (mm) 40 38 43 35 43 30 22 20 27 45 58 50
Рекордни температури [°C] 20 22 25 31 36 39 42 39 36 32 27 26


[уреди] Стопанство

Стопанството и економскиот развој на Солун бележи многу голем подем, особено во последните 20 години. Најразвиен е индустрискиот и трговскиот сектор. Во индустрискиот сектор најмногу се произведува: рафинирано масло, хемикалии, текстил, брашно, цемент, фармациско производство и алкохол. Бројот на невработеноста во градот е многу мала. Според податоците од 2002 година, бројот на невработеноставо Солун изнесувал 10%, но според некои статистичари овој процент е и помал.

[уреди] Архитектура

Архитектурното лице на Солун секогаш било сфаќано како голем предизвик на архитектите. Освен за неговото трговско значење, Солун низ вековите бил град каде се одржувале многу битки, град кој бил под власта на многу народи, град низ кој поминувале културните обичаи и ритуали на многу европски народи. Главниот стар град во Солун во кој биле опфатени архитектурни дела од времето на Римската Империја, Византија и Отоманската империја се променил главно во 1870 година кога крајбрежието било срушено и повеќето од древните ѕидови во градот биле исто така срушено вклучувајќи ја и онаа на Белата Кула. Во последните 47 години, Солун го опседнал со голем економски раст, населението на градот се зголемило за 70% достигајќи 135.000 во 1917 година. Планот за новиот Солун бил направен од страна на Ернест Хебрард, француски архитект, кој заедно со неговата екипа се трудел планот на градот да го направи во духот на Византија. Исто така, најмногу се оддало внимание на важните византиски цркви и отоманските џамии, додека рушевините во горниот дел на градот биле објавени за културно наследство. Овој план исто така го вклучил и местото на идниот универзитет во Солун кој постоел некогаш на истото место. Така, властите во градот ги обновиле делови од најраните византиски ѕидини и објекти, кое доведело до расширување на туризмот и во поглед на архитектурните особености на градот. Сите тие нови атракции главно се расположени и се наоѓаат на крајбрежјето. Но, со промена на идеологијата за проектирање во Западна Европа, дошло до потреба големите згради и објекти кои се наоѓаат во централното подрачје на градот да бидат конструирани.

[уреди] Транспорт

[уреди] Автопати

Првиот автопат покрај Солун бил направен во 1970 година. Во моментот Солун е достапен преку автопатот GR-1/E75 од Атина, GR-2, (Виа Егнатиа) и GR-12/E85 од Сер и Софија.

[уреди] Железничка станица

Во Солун постои една од најголемите железнички станици на Балканот, со директни врски до Скопје, Софија, Белград, Москва, Виена, Будимпешта, Букурешт и Истанбул, како и освен до Атина, и до друѓи поголеми центри во државата. Скоро во Грција беше пуштена и патничка линија помеѓу Солун и Литохоро, Пиерија, со кое патувањето многу се намали за 45-50 минути.

[уреди] Аеродром

Главна статија: Аеродром Македонија.

На 20 километри од градот се наоѓа меѓународниот аеродром Македониа (грчки: Διεθνής αερολιμένας Μακεδονία), кој во 2008 е преименуван македонски аеродром (грчки: Μακεδονικό αεροδρομίο). Има секојдневни летови во и вон државата.

[уреди] Знаменитости

  • Белата кула во Солун (грчки: Λευκός Πύργος, турски: Beaskule), која претставува симбол на градот. Оваа кула е градена во времето на византиската империја и денеска е претворена во музеј на градот;
  • Сводот и гробницата на галеријата, исто така е позната и како Камара
  • Базиликата Свети Димитар, која претставува еден од најголемите храмови на христијаните од овој крај
  • Плоштадот Аристотел (грчки: Πλατεία Αριστοτέλους)
  • Храмот Света Софија
  • Римската палата

[уреди] Музеи

[уреди] Манифестации

Солун е домакин на многубројни фестивали и манифестации, вклучувајќи:

[уреди] Медиуми

[уреди] Весници

[уреди] Дневници

  • Македониа (грчки: Μακεδονία)
  • Ангелиофорос (грчки: Αγγελιοφόρος)

[уреди] Телевизии

  • ΕΡΤ3 - Канал на грчката радиотелевизија (грчки: Ελληνική Ραδιοφωνική Τηλεώραση)
  • Македониа ТВ (грчки: Μακεδονία TV)
  • TV100
  • Аполон TV (грчки: Απόλλων TV)
  • Best TV
  • ТВ Валкања (грчки: TV Βαλκάνια)
  • Europe One
  • Омега ТВ (грчки: Ωμέγα TV)
  • Орион ТВ (грчки: Όριον TV)
  • Панорама ТВ (грчки: Πανώραμα TV)
  • Гноми ТВ (грчки: Γνώμη TV)
  • ТВ Тесалоники (грчки: TV Θεσσαλονίκη)
  • Вергина TV (грчки: Βεργίνα TV)
  • 4E

[уреди] Радио

[уреди] Спортски клубови

Навивачите на ПАОК
Навивачите на ПАОК
Спортската сала на Арис во кошарка
Спортската сала на Арис во кошарка
  • Ираклис ФК - прва лига (2005-2006: 4 место)
  • ПАОК ФК - прва лига (2004-2005: 5. место)
  • Арис ФК - прва лига (2004-2005: 14. место)
  • Аполон Каламарјас - прва лига (2004-2005: 12. место)
  • Агротикос Астерас - трета лига
  • Епаноми - трета лига
  • Павлос Мелас ФК - трета лига

[уреди] Галерија на слики

[уреди] Збратимени градови

[уреди] Познати родени во Солун

[уреди] Видете исто така

  • Историја на Грција
  • Евреите во Грција
  • Големиот пожар во Солун од 1917
  • Гемиџиите

[уреди] Надворешни врски

Commons logo
Викимедија Ризницата има категорија поврзана со

[уреди] Извори

  • Апостолос Папајанопулос,Споменици на Солун, Rekos Ltd, непозната дата.
  • Апостолос П. Вакалопулос, Историја на Солун, Институт за балкански студии, 1972.
  • Солун: Туристички водич и мапа на улици, A. Кесопулос, 1988.
  • Марк Мазовер, Салоника, град на духови: христијани, муслимани и евреи, 1430-1950, 2004, ISBN 0-375-41298-0.
  • Градски водич низ Солун, Издавачка куќа Axon, 2002.
  • Џејмс К. Скедрос, Свети Димитриј од Солун: Граѓански патрон и свет штитеник, 4-7 век (Теолошки студии на Харвард), Trinity Press International (1999).
  • Вилма Хастаоглу-Мартинидис, Реструктуирање на градот: Меѓународни натпревари за урбан дизајн на Солун, Андреас Пападакис, 1999.

[уреди] Забелешки

  1. В. Кѫнчовъ, Македония. Етнография и статистика, София, 1990, Бълг. Книжовно Д-во (II. Статистика, 1. Солунска Каза)
Претходник:
Копенхаген
Европски град на културата
1997
Наследник:
Стокхолм


Општини и заедници на префектура Солун
Агиос Атансиос • Агиос Георгиос • Агиос Павлос • Амбелокипи • Аполонија • Аретуса • Асириос • Аксиос • Василика • Вертискос • Ехедрос • Егнатија • Елефтерио-Корделио • Епаноми • Евозмос • Каламарја • Калиндија • Калитеа • Коронија • Куфалија • Лаханас • Лагадас • Мадитос • Менемени • Миханиона • Микра • Мигдонија • Неаполи • Ореокастро • Панорама • Полихни • Пилеа • Рендина • Сохос • Ставруполи • Сикиес • Термаикос • Терми • Тесалоники • Триандрија • Халастра • Халкидона • Хортијатис
Ефкарпија • Пефка



Одлична статија Статијата Солун е пример меѓу избраните статии.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија.