Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Стоби - Википедија

Стоби

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
Внимание!
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Содржина

[уреди] Пред Римски и Римски период

Градот Стоби се развил од мала Пајонска населба со длабоки корени уште од архајскиот период, на површината од околу 2,5 хектари, лоцирана на северниот дел од ритчестата тераса. Ваквата позиција на утока на реката Еригон-Црна во Аксион-Вардар, во плодниот регион на Средното Повардарје, а недалеку од златоносните лежишта на планината Кожув, му овозможила на градот голем напредок особено во мирновременски услови низ 1 и 2 век. Во прилог на тоа одела и близината на планината Клепа, поточно нејзините источни и јужни падини, богати со лежишта на суво - бел и розов мермер. Но, изгледа домашниот - пајонски етнички елемент бил особено силен и компактен, така што населената заедница граѓани со римско граѓанско право не успеала да се избори за колонијален статус. Тоа секако не пречело во градската агломерација, голема околу 20 хектарi, да бидат издигнати сите вообичаени јавни градби што ги имал античкиот град на Римското Царство: театар и терми, аквадукт, храмови, судници и друго.

Мошне рано во времето на владеење на императорот Август (31 п.н.е. - 14 н.е.), Стоби првин го добил рангот oppidium civium Romanorum, а нешто подоцна municipium. На монетите исковани во Стоби стои испишан овој ранг – municipium Stobensium.

[уреди] Нова ера

И Стоби, исто како и Скупи со уште неколу наши антички градови, не ги заобиколиле варварските пробиви во 3 век. Обновениот доцноантички град во 4 век, во 5 век настрадал од хунските походи на Атила, а потоа и во походот на Остроготите со водачот Теодерик, во 479 година. Христијанската заедница го ревитализирала градот на крајот од 5 век и животот течел натаму.

Меѓутоа лесно освоивата позиција на градот, во текот на немирниот 6 век, му донесува декаденција на Стоби, а единствена светла точка е монументалната Епископска базолика.

Античките извори известуваат за неколкумина христијански свештеници од Стоби: епископот Будиј (Никејски концил, 325 г.) епископот Евстатиј (на подниот мозаик на Старата епископска базилика, меѓу 343 - 381 г.); Епископот Никола (4 екуменски концил во Халкедон, 451 г.); епископот Филип (обновител на големата Епископска базилика во Стоби, околу 500 г.); епископот Фока (учесник на 5 екуменски концил во Цариград, 553 г.).

Изненадува сосем доцното споменување на епископот Јован од Стоби како учесник на 6 екуменски концил во цариград во 681 г., како и на неговиот наследник, епископот Маргарит, на црковниот собор во истиот град во 692 г. Некои истражувачи коментираат дека во новонастанатата ситуација, кога Балканскиот полуостров бил преплавен со Словени, христијанските свештеници секако се повлекле - емигрирале во сигурноста на големите доцноантички метрополи во Солун и Цариград.

[уреди] Археолошки ископувања

Во Стоби се забележани голем број на култни претстави на божества од грчко - римскиот пантеон: Аполон и Артемида, Асклепиј, Дионис, Немеза, Зевс, Тихе, Афродита, Хигиеја, Телесфор... Се работи за бронзени и мермерни статуи, или пак за релјефни претсави на мали камени икони. Исто така, откриени се и многубројни примери на архитектонска камена пластика од раноримските храмови. За жал, археолошките ископувања се уште го немаат откриено ликот на раноримскиот град и ние денес немаме објекти од ова време, со исклучок на две до три градби, меѓу кои се истакнува театарот.

Податоци за постоењето на најмалку два градски храма ни даваат монетите што се ковале во ковачницата во Стоби. Продукцијата на стопската монетарница се одвивала во времето на цар Веспазијан (69 - 79) до царот Елегабал (218 - 222). На најрано искованата монета, како што се претпоставува, се гледаат претстави на Викторија - гениј на победата - и фигура на бик. Датирањето на овој таканаречен автономен тип не е со сигурност одредено.

[уреди] Монети

Монетите од времето на Веспазијан, на аверсот го носат профилот на царот, додека на реверсот гледаме: четириколонен храм со минијатурна фигура на Асклепиј на средина, Бонус Евентус - гениј на добрата среќа; непознат гениј со мала Викторија во раката и рогот на изобилието, со шлем, штит и оклоп: жена - гениј на градот Стоби со венец во косата, во рацете ги држи мала Викторија и рогот на изобилието. На еден тип монета од времето на Тит и Домицијан се гледаат профилите на двата цара свртени еден кон друг, додека на реверсот е храм со 4 колони.

На монетите на Домицијан (81 - 96) се гледа храм со четири колони и со мала фигура на царот во воена опрема со копје и скиптрон. Познати се и монетите со профил на неговата сопруга Домиција.

На монетите на Трајан (98 - 117) гледаме: четириколонен храм со фигура; но и една мошне значајна симболична сцена со жена - гениј на градот со корона муралис (градска круна) во косата, со мала Викторија и скиптар во рацете. Лево и десно под неа лежат две брадести фигури со садови од кои истекува вода. Десната фигура држи трска. Тоа се речните гении на Еригон и Аксиј. На монетите на Марко Аврелиј(161 - 180) се гледа иста претстава, потоа фигура на Јупитер со скиптар и патера (плитка култна чинија); фигура на Викторија, жената - гениј на Стоби со копје и патера.

На еден тип монети на Фаустина Помладата, сопруга на Марко Аврелиј, се гледа Фортуна со рогот на изобилието и кормило.

Монетите од времето на Септимиј Север (193 - 211) ја носат Викторија со венец и палма.; Плутон ја граба Персефора; Персефора во квадрига (четвороспрег).

На еден тип монета на Јулија Домна, втората сопруга на Септимиј Север, која извршила самоубиство со апстиненција од храна, ги гледаме нејзиниот профил и сцената Грабањето на Персефора. На монетите од нејзиниот прв син Каракала (198 - 217) се гледаат: Викторија во повеќе варијанти, Јупитер на престол со скиптар и мала Викторија; Плутон ја граба Персефора, Јупитер кој стои; Деметра која стои; Меркур со ќесе пари во раката седи на карпа.

На монетите на Гета (209 - 212), вториот син на Јулија Домна, се гледа фигура на војник меѓу две нимфи или Викторија.

На монетите на Елегабал (218 - 222) се гледа: Јупитер седи, со мала Викторија и скиптар; фигура на момче (можеби атлетичар) со победнички венец и палма; Викторија во неколку варијанти; фигура на борец; Плутон ја граба Персефора.

Сите досега познати монети се исковани во бронза. Со оглед на скромниот репертоар типови на овие монети, во науката постои мислење дека монетарницата на градот Стоби ковала исклучиво јубилејни - пригодни монети.


[уреди] Објекти и градби

[уреди] Северна базилика

Црквата е ранохристијанска тробродна базилика, чии странични бродови се надоградени на централниот, има простран атриум, ексонартекс и нартекс и баптистериум од еверната страна, кој има четирилисна писцина. Во црквата се влегува од Вија Принципалис Инфериор. Објектот, според стилските особености, е датиран во 5-6 век. Во јужниот брод и јужно од црквата се откриени 23 средновековни словенски гроба од 9-12 век, кои и припаѓале на големата некропола што се протегала од Северната до Централната базилика.


[уреди] Цивилна базилика

Овој објект се наоѓа наспроти Северната базилика. Со истражувањата биле утврдени седум градежни фази. Се смета дека на крајот служел за световни цели, па затоа е наречен Цивилна базилика.

Под нивото на Цивилната базилика откриени се бронзени предмети од 5 век пр.н.е., најдени длабоко внатре во апсидата. Под наосот пак на базиликата најден е фрагмент од фреско - живопис со престава на барска птица, од 1 век од н.е. Под овој објект се откриени хеленистички слоеви од 3 и 2 век пр.н.е.


[уреди] Мала бања

Објектот се наоѓа меѓу Цивилната и Северната базилика, граден според прописи на доцно античките градби на бањи. Објектот има аподиториум, со базен сместен во апсидалниот простор, како и двојна соба со 3 апсиди со хипокаусти. Суспензурите од хипокаустите се направени од тркалести и четвртести тули.


[уреди] Централна базилика и синагога

Ранохристијанската базилика е со тробродна диспозиција, во која се влегува од улицата Виа Принципалис, подигната на крајот од 4 или почетокот на 5 век. Има две градежни фази. Пред тоа, на тоа место стоела синагога чиј под бил откриен на 1.5 метри под нивото на наосот.

Оваа синагога е од 4 век, подигната врз темели на постар објект од 3 век, за кој се претпоставува дека бил изграден со пари од Полихармос. Инаку, името на "таткото на синагогата во Стоби", се викал Тибериус Клудиус Полихармус, познато е од колоната на надолжниот натпис, употребен во североиточната страна на нартексот во атриумот на базиликата, па оттука и претпоставката дека базиликата била синагога.

Со подлабоки истражувања под овој објект беа откриени градби од 2 век п.н.е., а под наосот беше најдена остава со пари од 211-125 г.п.н.е. Парите беа најдени во дваа сада, под нивото на Полихармосовата синагога. Хеленитичките слоеви лежат над праисторикото корито на Црна Река.


[уреди] Куќа на псалмите

Градбата се наоѓа јужно од Централната базилика со Синагога. Таа има централна апсидална просторија, ходници, сали со колонади, со голем базен, со колони на западниот дел на двориштето. Главната сала е постелана со луксузни мозаици, другите протории - исто така со подови од мозаици со геометриски орнаменти.

Мозаичниот под во големата апсидална дворана е состои од 4 главни полиња. Западното поле е со геометриски орнаменти и птици. Источното поле преставува композиција со барски птици и лисја што ја опкружува осмоаголната фонтана што се наоѓа на средината. На источното најголемо мозаично плато предадени се елени и барски птици во средина со кантарос од кој се прелива вода, чито ранохристијански мотив така често употребуван во сакралните и профаните градби од ова време. Самиот апсидален простор украсен е со геометриски мотиви во вид на крлушки.

Верските теми на мозаиците во апсидалната сала и структуралната поврзаност со базиликата, укажуваат дека се работи за резиденција што им припаѓал на црквата и ма црковните великодостојници. Од оваа градба се влегувало исто така, и во една од синагогите.


[уреди] Виа аксија

Виа Аксиа била една од главните улици со првец исток-запд, од која досега е откриен само еден дел.


[уреди] Градска чешма

На малиот плоштад, што го формираат Виа Аксиа и Виа Принципалис Инфериор, од западната страна се наоѓа чешма од јавен карактер. Од три цевки водата течела во три корита, изведени од сполии од тетрот и други градби.


[уреди] Голема бања

Откриена во 1931-1932г., во оваа бања се влегува откај Виа Аксиа. Има аподериум, големо претсобје, голема сала со хипокаусти со 6 мермерни базени и префурниум од јужната страна. Бањат има неколку фази на градење и доградување. Реконструираната бања била во употреба во последната фаза од животот на градот, во доцниот 6 век. Меѓутоа, најденат статуа во аподитериумот потекнува од средината на царскиот период.


[уреди] Виа принципалис инфериор

Оваа улица е со правец ссевер-југ, таа може да се прати од Северната базилика до Градскта чешма, потоа покрај Партениусовата куќа, Теодисијанската палата и Куќата на псалмите.


[уреди] Перистериина куќа

Ова е градежен комплекс за повеќе фамилии и со простории на запад, за дуќани. Перистериината фамилија ги зафаќала просториите на јужниот дел од комплексот. Дворот, под отворено небо со големи фонтани од западната страна, е централен простор. Просториите од источната страна служеле за магазини. Главните простории на куќата биле апсидални сали јужно од дворот. Во иточната сала е зачувни подните мозаици, а во средината се наоѓа фонтана изведена од мермер. За мозаичните површини во оваа куќа биле употребени тесери од стаклена паста, што им дава посебна живост на мотивите. Мозаикот, се претпотаавува, настанал во доцниот 4 или раниот 5 век кога била подигната и самата градба.


[уреди] Виа Теодосија

Ова улица е паралелна со Виа Аксиа и ги одделува Перистериината улица и Теодосијанската палата. Улицата била поплочена со облутаци и камени плочи.


[уреди] Теодосијанска палата

Источно од улицата Виа Теодосија се наоѓа една од најлуксузните досега откриени куќи во тоби, во која се претпоставува дека престојувал императорот Теодосиј Први, при неговата посета на Стоби во 388 година. Со оглед дека името на сопственикот на куќата, не е познто наречена е Теодисијнк, во спомен на посетата на императорот. Оваа градба има план на латинско Л и излегува на три улици. Салата е опкружена со колони од севернаата и западнта стрна. Од источната страна е базен со осум пиедестали од мермер, украсени со пирални канелури, а врз кои стоеле откриените статуи. На северната и јужната страна од дворот се ниски платформи, секако некогаш цветни тераи. Подот во дворот е прекриен со мермерни плочки, а перистилот о мозаици.

Големта апсидална просторија, триклиниумот, која се наоѓа на јужната страна, на повисоко ниво, поплочена е во опус сектиле. другите простории се исто така раскошно украсени. поред мозаичните површини, палатата се датира во 4-5 век.


[уреди] Куќа на Партениј

Оваа куќа е јужно од Теодосијнката палата, со која има заеднички ѕидови и потекнува од ито време како и првата. Била изградена во форма на латинска буква Л, слична по концепција на градење со претходната палата, но помала и поскромно изградена и украсена.


[уреди] Валавница

Тоа е комплекс од градби меѓусебно поврзани, што преставувале резиденции и мали дуќани изградени врз постари градби. Името одговара само на една фааза од малиот двор, каде што во 5 век вила работилница за бојдисување и валање на ткенини. Животот на овој комплекс почнува од 1 век и трае се до 5 и почетокот на 6 век.


[уреди] Виа принципалис инфериор

Паралелна е со ВИА ПРИНЦИПАЛИС ИНФЕРИОР, и може да се следи од куќата на Перистерија, покрај Теодосијанската палата, па до комплексот на работ на Помус Фулоника, каде скршнува кон запад и украена е со колонади.


[уреди] Епископска резиденција

Се наоѓа северно од Епископската базилика. Во 4 век служела како христијански ораториум, а во 5 век била претворена во епископска резиденција. Овде се најдени бронзена кадилница и златен прстен во форма на крст со алманадини. Овој комплекс од градби од кои источниот дел во вид на протрана базилика не е доиспитан, а прествува комплекс од најстри ранохристијански градби во Стоби.


[уреди] Полукружен плоштад

Се наоѓа северно од Епископската базилика, од улицата одвоен со ниска преграда од седиштата на театарот. Се претполага дека бил подигнат во 4-5 век, опкружен со колонада, со база за голем споменик во центарот.


[уреди] Епископска базилика

Црквата е ранохристијанска базилика со тробродна диспозиција, позната како базилика на епископот Филип. Подигната е на вештачка тераса. Црквата е од хеленистички тип, со атриум, нартекс и ексонартекс со двојна апсида на иточната страна во која е сместена крипта. Од олтарната преграда од презвитериумот откриени се две фази на градење, каако и на подовите во истиот, кои се изведени во опус сектило. Два нивоа на подови, откриени е и во јужниот брод под кои е наоѓала засводена голема гробница во која бил закопан еден епископ. Централниот брод е поделен на квадратни полиња и поплочен со мермерни плочи и од сив шкрилец во кои се интерполирани триаголници од мозаик, што претавува посебно луксузен аранжман. НАртексот е поделен на 9 квадратни полиња од кои се сочувани 6 изведени во мозаик со геометриски, флорални и животински претстави. Просториите јужно од црквата биле на кат и имале исто така под од мозаик.

Јужно од базиликата се наоѓа баптистериумот со необично луксузните мозаици на кои се претставени пауни, барски птици и елени, како пијат вода од голем кнтарос. Среде баптистериумот се наоѓа писцина што има две фази на градење и последната фаза со употрба на голем мермерен кантарос што служел за крштевање. Од ѕидовите на баптитериумот откриени се остатоци од фреско живопис во два слоја од кои постариот со претстави на светители и цели сцени што се наоѓале во нишите.

Во црквата како и во баптистериумот, откриена е богата архитектонска декоративна платика, помеѓу која посебно место заземаат богато украсените капители и парапетните плочки што ги одделувале бродовите како и од емпората. Епископската базилика се датира во почетокот на 5 век и втората фаза при крај наа 5 и почеток на 6 век.

Во централниот брод на Епископската базилика во 1978, 1979 и 1981 година откриени се остатоци од една Стара базилика со сочувани остатоци од мозаичен под во презвитериумот и во централниот брод. Откриен е нтпис во централниот брод, од грчки букви во 6 реда, а западно од него во посебни ромбоидни полиња Христовиот монограм. На северниот ѕид од оваа базилика откриен е живопис од ромбоиди одделени со колони и на истиот ИС ХС што ја потврдува идентификацијата дека објектот преставува црковна градба. Старата базилика ја датирааме при крајот на 4 век. Нивото на баптистериумот и на Старата базилика се еднакви, па има можност баптистериумот да ги опслужувал како Старата базилика, така и подоцна изградената Епископска базилика.


[уреди] Западни гробишта

Најдени се 81 гроб недалеку од Порта Хераклеја. Наајстарите гробови се од доцниот 1 век п.н.е. и почетокот на 2 век Гробиштата се употребувале с# до 4 век, со прекин во 2 и 3 век

Гробните прилози се многубројни и ги сочинуваат монети, кераамички садови, унгвентариуми од теракота и стакло, накит и фигурини од теракота. Овие гробишта се протегаат до Гробјанската црква. А оттаму, по падината, биле откриени доцноантички и ранохристијански гробови, с# до базиликата во Паликура, крај која е откриена и словенска некропола.


[уреди] Театар

Театарот бил изграден во 2 или 3 век. Сличен е на постарите грчки тетри и е еден од поголемите и порепрезентативните објекти во Стоби, од римскиот период.

Гледалиштето, оркестрата и градбата на сцената се подигнати одвоено едно од друго. Градбата на сцената нема бина, туку добро изградена фасада, која била заднина на претставите во оркестрата. Гледалиштето, кое е состои од два дела, изградено е од бел мермер донесен од Плетвар. Според проценките, тетарот можел да прими 7.638 посетители. Распределбата на седиштата секако се вршела според припадноста на одделни племиња - во гледалиштето се наоѓаат запишани имињата на 5 племиња.

Театарот во доцниот 3 век, бил претворен во арена за борба на гладијтори со диви ѕверови. Ваквата промена настаналаа во 325 г., по издавањето на царскиот декрет на Константин Велики, со кој се забранувале борбите на гладијатори со диви ѕверки. Во средината и при крајот на 2 век, парадоите служеле како буништа, над кој простор биле подоцна изградени куќи, и тоа на падината што се спушта кон исток и каај заападниот ѕид од градбата на сцената. Целиот горен дел на гледалиштето и значителен дел од долните партии биле разнеени за градежен материјал потребен за градби во доцниот 4 и во текот на 5 век, а во поледниот век од градскиот живот на Стоби. Седишта и други архитектонски елементи биле вградени во надворешниот градски бедем кај Порта Хераклеја, во внатрешниот градски бедем , во дуќаните и пиедесталите вдолж Виа Сакра, во Полукружниот плоштад, во Епископската базилика, кон Градската чешма, Централната базилика со Синагога, и во Северната базилика.


[уреди] Коцкарница

Дел од оваа градба што се наоѓа северно од театарот откриен е во времето кога започнала втората световна војна. Во објектот се влегува од западната страна од улицата Виа Принципалис Инфериор, меѓутоа, амиот влез нее е откриен. Со итражувањата што ги изведовме 1981 година констатиравме дека објектот преставува една ранохристијанск тробродна базилика со нартекс и ексонартекс.

Таа е во склопот на еден комплекс од градби што е нааоѓа од северната трана на објектот, а што имаат термален карактер. Централниот брод, нартекот и апсидалниот простор постелени се првобитно о мозаичен под со геометриски мотиви, со висока техника на изработка. Подоцнежниот под е од големи тули о една раскошна фонтана во средината на централниот брод. Северното крило на базиликата има две видливи фази на градење и во последната приспособување на објектите од северната страна. Се работи за една стара базилика од доцниот 4 век, чија употреба продолжува во 5 и 6 век. Во централниот брод откриени се две мермерни плочи од часна трпеза, а во северниот брод две дипои со бронзени монети од 5-6 век.


[уреди] Внатрешен градски бедем

Остатоците од овој бедем се видливи по линијата од музејот до поттеатарот, а бедемот е откопан само на делот југоисточно од Централната базилика. Овој бедем претставува подоцна изграден дел, кога градското подрачје крај Црна Река било напуштено во 4 век, поради поголеми разорувања или поради поплаави на Црна. Бедемот е широк 2,36 метри, а зачуван е во длбочина 3-5 метри.

Проучениот дел на бедемот пресекол една голема градба од јавен карактер, која била на кат и со добро зачувани мозаични подови.


[уреди] Источен градски бедем

Овој надворешен бедем може да се следи по целиот периметар на локалитетот. Тој опкружува простор со неправилна форма во ширина од 400 метри, во правец исток-запад, и должина од 450 метри, во правец север-југ. Надворешниот бедем се гледа на гребенот што ссе издига над Вардар, крај Порта Хераклеја и на неколку метри крај Црна.

Приодот со камен под - калдрма до мостот од турски период е наоѓа на левиот брег на Црна. Овој приод бил подигнат над градскиот бедем, но нешто повисоко. Бедемот бил изграден од грубо делкан камен и секундарно употребени блокови поврзани со малтер. Дебелината на ѕидовите е 2,3 метри. Градскиот бедем, подигнат во 3 век или нешто порано, престанал да се корити во 4 или 5 век.


[уреди] Гробјанска базилика

Базиликата е тробродна со двојна апсида со нартекс. Гробниците под подот на црквата се од порано. Црквата може да се датира во 4-5 век. Подовите биле послани со мозаик. Зачуваната крипта јужно од нартексот, секако е мартириум.


[уреди] Базилика во Паликура

Објектот се наоѓа 2 км јужно од Порта Хераклеја. Градба од базикален тип о тробродна диспозиција о низа компартименти, па се претполага дека е манастирска црква. Непосредно крај неа, спрема Црна, е откриена поголема градба, која според должината од 47 метри вртена о фасадата и тремот кон Црна, бездруго треба да преставува ан. Крај црквата се протега една доцно-античка некропола. Меѓутоа, како најзначајно е откривањето на една поголема словенска некропола на овој простор крај базиликата во Паликура, со гробови што имаат камена конструкција со доста бројни прилози во накит од сребро и бронза што може да датираат од 9-12 век.