Vuoi aiutare economicamente questo sito? Spiacenti, non accettiamo donazioni. Sorry, we ar not for sale. We are not liber, we are free!
Puoi farlo indirettamente acquistando il libro "Debito Formativo" di Valerio Di Stefano.
Oppure, acquisendo un abbonamento Audible per i nostri audiolibri. O per gli e-book su Mondadori Store. Oppure su Kobo.
Oppure... anche no! (Niente monetine da 2 euro, niente pizza o focaccia. Il caffè ci rende nervosi.)


This website is referral for adsterra.com, popcash.net, clickadu.com and iubenda.it!

Please visit our new website audiobookgratis.it and our brand new Encyclopaedia Britannica. It's absolutely free!

Now you can download our classical and etnic music archives in just one clic.

Privacy Policy - Cookie Policy - Termini e condizioni di servizio



Static Wikipedia: Italiano - Inglese - Francese - Spagnolo - Tedesco - Portoghese - Olandese - Polacco -
Russo - CineseTurco - Svedese - Swahili - Afrikaans - Vietnamita - Ebraico - Greco - Arabo - Coreano -
 Finlandese - Winaray - Giapponese - Ungherese - Bulgaro - Farsi - Danese - Hindi -
 Lituano - Lettone - Catalano - Euskera - Esperanto - Estone -Norvegese -Rumeno -

 Static Wikipedia - Other Languages:  aa - aab - als - am - amg - an -  arc- as - ba - bar - bat - bcl -  be - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug -
bxr
 - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy- diq - dib - dv - dzee - eml  - ext -
 fa - ff - fiu - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk . gn - got - gugv - ha - hak  - hif - ho - hr -
hsb  - hy - hz -ia- id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - iu - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl -
 km - kn - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lomdf - mg - mh -
 mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus -my - myv - mzn - na - nh - nap - ne - nds - new -ng - nn - nov -
nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pag - pa - pdc - pih - pi - pms - ps - qu - rm - rmy - rn - rw -
 sa- sah - sc -scn - sco -sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st -
stq - su - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - ts - tt - tum - tw - ty -
udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu -xal - xh - yi - yo - za - zea - zu -



Other Static Wikipedia: .org - .it - .net - .eu - com - controversi.org - literaturaespanola.es - Quality articles
Wikipedia for Schools: English - French - Spanish - Portuguese
101 free audiobooks - Stampa Alternativa - The Open DVD - Open Bach Project  - Liber Liber - PunchLibretti d'opera - Audioletture - Audible
Appunti di informatica libera - Conferenze - Audiobook PG - Bach Organ WorksEnglish PG -
Italiano PG - GNUtemberg - Guide LinuxAnonymous PG - Authors - ISO files -
Holy Bible: King James Version -  OnLine Bible - Spanish Reina Valera - French Segond - World English Bible - KJV Concordances - Concordanza Biblica

And don't forget our Wikipedia Dumps: HTML - JSONZIM

Христијанство - Википедија

Христијанство

Од Википедија, слободна енциклопедија

Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Апостолите
Екуменски совет
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања
Католицизам
Православие
Протестантизам

Христијански движења

 п  р  у 

Христијанството е монотеистичка религија базирана врз животот, учењата и делата Исус Христос по раскажувањата во Новиот Завет.

Со 2,1 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потекло сродна е со јудеизмот, со кој дели доста религиозни текстови и својата рана историја; поточно заднички за двете религии се Хебрејската Библија, која во христијански контекст е позната како Стар Завет (видете Јудо-христијански). Христијанството се смета за Аврамска религија, заедно со Јудеизмот и Исламот.

Во светото христијанско писмо, поимот „Христијански“, а така и „Христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиох учениците на Исус биле наречени Христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).

Содржина

[уреди] Називи

Во рамките на христијанството постојат разни групи со разни верувања кои прилично се разликуваат од култура до култура и од место до место. Од времето на реформацијата, Христијанството се дели на три главни гранки:

  • Католицизам: Римокатоличката црква, најголемата од сите — во која се вбројуваат неколку Источно Католички заедници — како и помали заедници (како на пр. Старокатолици), со повеќе од една милијарда крстени членови.
  • Источно Христијанство: Источно Православни цркви, Асирската црква и Православните цркви, со вкупно членство од 240 милиони крстени членови.
  • Протестантство: Разни називи и групи како Англиканци, Лутеранци, Реформисти, Евангелисти, Харизматици, Презвитеријанци, Баптисти, Методисти, Анабаптисти и Пентекостици. Најстарата од овие групи се одвоила од Римокатоличката црква во 16-тиот век со Протестантската Реформација. Подоцнежните групи се оформиле како одвојувања од постарите. Некои протестанти едноставно се декларираат како христијани или преродени христијани. Други, особено во англиканизмот и неолутеранизмот, се декларираат како „и католици и протестанти“. Вкупно во светот ги има 500 милиони.

Други цркви кои се самонарекуваат „христијански“, но се оддалечуваат од горенаведената класификација бројат 275 милиони членови. Овие се афричките домородечки цркви со 110 милиони членови (проценките прилично варираат), Мормони) со повеќе од 12 милиони членови, Јеховини Сведоци со 6.6 милиони членови и други групи. Основоположниците на овие групи сите првобитно биле протестанти.

Овие генерални поделби не подразбираат едногласност. Напротив, некои гранки се соочуваат со огромни внатрешни несогласувања, додека во други случаи постојат симпатии помеѓу две различни групи. И покрај тоа, ова е стандарден преглед на разликите, особено како што западниот свет ги гледа.

Графикон на развојот на главните црковни ограноци од заеднички корен
Графикон на развојот на главните црковни ограноци од заеднички корен

[уреди] Верувања

Распетие христово, церемонијална икона, 13-ти век. Галерија на икони, Охрид (првобитно во Св. Климент, Охрид)
Распетие христово, церемонијална икона, 13-ти век. Галерија на икони, Охрид (првобитно во Св. Климент, Охрид)

Постои огромна разновидност на верувања помеѓу христијаните. Без оглед на тоа, одредени учења се заеднички за сите нив.

[уреди] Свето тројство (Света троица)

Ова е верувањето дека Бог е единствено и вечно битие кое се состои од три засебни, вечни и неделиви личности: Отецот, Синот (Исус) и Светиот Дух.

[уреди] Спасител

Најголемиот дел од христијаните го сметаат Исус за месија чие раѓање било пророчено во Стариот Завет.

[уреди] Исус Христос како Бог

Ова е верувањето дека Исус е и наполно Бог (боженствен) и наполно човек: две природи во една личност, опишани во Халкидонската вероисповест. Како човек, се верува дека Исус бил смртен; Страдал од болките и искушенијата на смртниот човек. Значајно е дека Тој можел да умре. Бидејќи бил боженствен, Тој можел да продолжи да живее.

[уреди] Распетие и воскресение

Ова е верувањето дека Исус умрел на Крстот, воскреснал и се воздигнал во Небесите по обраќањето на неговите ученици и апостолите.

[уреди] Исус Христос и спасението

Ова е верувањето дека спасение од „грев и смрт“ се достигнува преку ликот и делото на Исус. Протестантите, католиците и православните нудат објаснение за тоа како изгледа спасението.

Најголемиот број на христијани го толкуваат спасението како можност за влез во рајот (и избегнување на пеколот) по смртта, иако некои теолози не се согласуваат. Прашањето: „кој ќе е спасен“ веќе долго претставува темна мистерија за многу теолози, иако најголемиот број на протестанти сметаат дека прифаќањето на Исус како Господ и Спасител е релативно прост проблем.

[уреди] Второ доаѓање

Ова е верувањето во „општо восресение“, во кое сите луѓе што било кога живеле ќе станат од мртвите на крајот на светот за да им биде судено од Исус кога ќе се врати.

[уреди] Задгробен живот

Христијанските гледишта за задгробниот живот обично подразбираат рај и (донекаде не толку често) пекол, со тоа што Католицизмот додава и меѓуваријанта - чистилиште. Освен за чистилиштето (чии жители ќе влезат во рајот по нивното прочистување), овие „царства“ обично се сметаат за вечни. Меѓутоа кај православците постои дебата на оваа тема.

Генерално нејасно е дали задгробниот живот почнува непосредно по смртта или по судниот ден; и дали овој задгробен живот подразбира физичко воскресение (и претворање во духовен облик). Најголемиот број на христијани сметаат дека свеста и душата продолжуваат да живеат по смртта, иако Јеховините Сведоци, меѓу другите, велат дека добросторителите се прераѓаат одново, додека злосторнизите воскреснуваат на судниот ден.

[уреди] Разлики во верувањата

[уреди] Никенска вероисповест

Едно изјаснување за верувањата на христијаните е Никенската вероисповест, утврдена како универзална вероисповест на Источното и Западното Христијанство од Ефешкиот Совет во 431 год. Римокатолиците и православните христијани не се согласни за филилоквијата, која Западните цркви ја вклучуваат подоцна. Неко ипротестанти го отфрлаат концептот на формална вероисповест. Најголемиот дел на христијани се согласуваат барем за Никенската Вероисповест.

Главни (но не и сите) христијански верувања утврдени во Никенската Вероисповест:

  • Тројството
  • Исус е и вистински Бог и вистински човек.
  • Спасение може да се добие преку ликот и делото на Исус Христос.
  • Партеногенезата, распетието, воскресението, успетието и Второто доаѓање на Исус.
  • Воскресението на мртвите, во кое сите луѓе што било кога живеле ќе станат од мртвите на крајот на светот за да им биде судено од Исус.

Некои групи отстапуваат од начелата кои се сметаат од сите други за најосновни во христијанството. Заради тие отстапувања овие групи се сметаат за еретички, нетројни или дури и нехристијански од страна на другите групи. Најголемиот број на несогласувања се базираат на Тројството, божественоста на Исус или на двете заедно. Во Никенската Вероисповест се посочуваат примери на други облици на христијанство во тоа време кои овие ги сметале за еретички. Вакви примери се Ебионостичките групи кои ја отфрлале божественоста на Исус, како и Докетистичките групи кои ја отфрлале човечноста на Исус или Аријанците, кои отфрлале дека Таткото и Синот се „едно исто битие“ (ομούσιος). Други рани ереси се Симонијанизам, Маркионизам, Гностицизам и Монтанизам.

[уреди] Записи

[уреди] Повластение и разните делови на Библијата

Сите христијански цркви ја прифаќаат Библијата, вклучувајќи го и Стариот Завет и Новиот Завет. Постојат разлики кај каноните на Православната, Католичката и Протестантската црква — главно во нивниот пристап кон Девтероканонските книги кои се коистат во Православната и Католичката црква но се отфрлени во Протестантството. Ова прашање ги погодува доктрините само индиректно. Теолошки позначајно е отфрлањето на Посланието во Новиот Завет кајСвенденборгијанистичката црква, став кој останува неприфатен кај сите гранки и ограноци.

Додека Евреите сметаат дека Петтокнижието е најважниот дел на Библијата, најголемиот дел од христијаните го сметаат Евангелието за најважно бидејќи истото зборува за животот и учењето на Христос.

[уреди] Толкување

Иако христијаните се согласуваат за содржината на Библијата, постојат несогласности за нејзиното толкување. Зборовите „Библиски буквализам“ или „Христијански фундаментализам“ го опишуваат добро познатите херменевтички ставови на конзервативното Христијанство.

Католиците, Православните и Англиканците сметаат дека Библијата била направена во една (но формативна) фаза на развој на црковната традиција. Оваа традиција била воспоставена со одлуките на екуменските совети, делата на Црковни отци, житијата и учењата на светците, литургиските обичаи, духовната уметност и папските укази (за Римокатолиците) и се смета за жива и ден денес. Впрочем, еден православен теолог ја окарактеризирал црковната традиција како „гласот на Светиот Дух во Црквата“.

Протестантите, пак, отфрлаат некои делови од „Црковната традиција“ додека радо прифаќаат некои други. Најголемиот дел од протестантите го прифаќаат прогласот на Мартин Лутер за единствено писмо, во кое Библијата е најголем или единствен извор на вера и учења.

[уреди] Други дела како додаток на Писмото

Некои други христијански групи практикуваат возвишение и на други свети дела. Добро познати преимери се Мормонската книга, која се смета за „другиот завет на Исус Христос“ од страна на мормоните; неколку дела на Елена Г. Вајт, се сметаат за свети и вдахновени од страна на адвентистите на седмиот ден; и Наука и здравје со клуч за светите дела од основоположникот на Христијанската наука Мери Бејкер Еди. Други, како Јеховините Сведоци, имаат свој превод на Библијата. Ова пропагирање на други дела е извор на конфликт помеѓу ваквите групи и матичните цркви. Може да се предпостави дека Лутеранците и Калвинистите ги сметаат интерпретациите на нивните основоположници како релевантни свети писма, но теолозите се согласуваат дека тие се само религиозни дела, а не вдахновени свети писма.

[уреди] Богослужба и обичаи

Православните и Католичките христијани го слават бога по пат на седум свети тајни. Тие се: Крштевање, Свето Миропомазание (Евхаристија),Господова Вечера (Причест), Свештенство, Исповед, Брак и Елеоосветување.

Многу протестанттски групи-следбеници на мартин Лутер, ја признаваат тајната природа на крштевањето и светото миропомазание, но обично не и другите пет. Анабаптистите и Бретренците би додале и миење на нозете. Пентекостите, харизматиците и Црквите на Светоста им придаваат значење на „Вдахновенијата на Духот“ како духовно лечење, пророштво, егсорсизам и Глосолалија. Овие не служат како тајни, туку како начин на служба. Квакерите комплетно го отфрлаат концептот на тајни. Сепак, нивните „сведоштва“ за афирмација на мирот, интегритетот, еднаквоста and и едноставноста се интегрални делови од верувањата на Квакерите.

Практично сите христијански традиции ги почитиваат делата на лична побожност како молитва, читањето на Библијата, и моралниот живот. овој стил на живеење вклучува не само покорност на Десетте Божји Заповеди, протолкувани од Христа (како во Проповед на планината), туку и љубов кон ближните по став и дела — било пријател или непријател, христијанин или не. Оваа љубов, според Христа е втора по важност само по љубовта кон Бога; која вклучува заповеди како „храни ги гладните“ и „засолнувај ги бездомните“, формално и неформално. Христијанството учи дека тотална тотална преродба на човека е неможна, но одење по вистинскиот пат е можно со вдахновение на Светиот Дух, кој живее во вистинските верници. Во христијанството се верува дека со споделување на Христовиот живот, смрт и воскресение, умираат со Него во грев, а ќе воскреснат со Него во нов живот.

[уреди] Неделни богослужби

Компоненти на богослужбата:

  • Читање на делови од Стариот Завет, Евангелијата, или Послание. Често овие се распоредуваат систематички во годишен циклус.
  • Проповед. во античко време ова следело по читањето на Светото Писмо; денес ова може да дојде подоцна во службата, иако во литургиски цркви се следи античкиот начин.
  • Собирна молитва и искажување на благодарност. Овие се случуваат често през службата. Често се кажува и молитвата Оче наш.
  • Евхаристија— обред во кој мали дози на леб и вино се осветуваат и потоа се јадат и пијат. Некои христијани веруваат дека ова симболично игра улога на телото и крвта на Исус, додека Православните, Католиците и Англиканците веруваат дека тие стануваат телото и крвта на Исус. Црквите од „литургиското“ семејство (Православни, Католички и некои Англикански цркви) го сметаат ова за главен дел на службата, додека некои Протестанти го практикуваат нередовно. Во многу случаи постојат ограничувања за тоа кој може да учествува. На пример, само Католици без неисповедан смртен грев може да учествува во причесна во католичка црква, иако ректо на кого му се одбива евхаристијата.
  • „Прилози“ од народот (парични) со чинија која се предава од рака на рака. Овие пари не само што се користат за црквата, туку исто така и за разни добротворни цели.

Постојат неколку варијации и исклучоци. Понекогаш овие се должат на посебни настани, како крштевки и венчавки кои вои тој случај се дел од службата. Денес во многу цркви децата и младите можат да не одат на служба за да присуствуваат на Неделно училиште. Многу други деноминации се разликуваат на пофундаментален начин. На пример, Адвентистите на седмиот ден се собираат во Сабота (библискиот Сабат),а не во Недела, денот на Христовото воскресение. Харизматиците и Пентекостите се собираат на ден кој е менлив во завистност од волјата на Светиот Дух, а не по зафажан план. Квакерите на своите собири молчат сè додека Светиот Дух не ги поттикне да зборуваат. Кај некои отсеци (главно литургиски), службата ја води свештеник. Кај други (главно Протестанти), тоа го работат министри, проповедници или пастори. Некои други пак, воопшто немаат формални водачи. Исто така постојат „виши“ црковни служби, што се одликуваат со поголема доза насвеченост и ритуал, и „нижи“ служби каде преовладува посекојдневна атмосфера, дури и при литургиски служби.

Кај Православните цркви луѓето стојат за време на литургијата (со исклучок на немошните). Во Римокатоличката и многу Протестатски цркви луѓето стојат кога пејат, клечат кога се молат и седат за да слушаат (проповеди). Други служби можат да бидат по неформални и често се проследени од музика. Во Православните цркви нема инструменти и се пее исклучиво а капела.

Кај многу несродни цркви, како и кај некои Протестантски отсеци, обично се употребува религиозна музика како дел од службата која и предходи на проповедта или пораките. Ова обично се состои од пеење на црковни песни, религиозна музика или псалми.

[уреди] Празници

Католиците, Источните Христијани и половина од Протестантите следат литургиски календар со разни религиозни празници. Овие календари се состојат од слави и пости. Постите им предходат на славите. Најдобро познатиот период е Велики пости.

Дури и христијаните кои не го следат литургискиот календар го прославуваат Божиќ и Велигден, со некои разлики во датите. Неколку цркви не се согласуваат со постоењето на посебни празници, а многу приговараат на фактот што потеклото на Божиќ и Велигден е паганско.

[уреди] Симболи

Најпознатиот христијански симбол е крстот, кој може да се најде во многу варијации кои црквите ги создале за да се разликуваат една од друга: распетието кај Католиците, православниот крст кај Православните и едноставниот крст кај Протестантите. Меѓутоа ова не се стриктни правила. Други христијански симболи се ихтисот („риба“), и во античко време, котвата.

[уреди] Историја и потекло

Христијанството започнало во рамките на хебрејската религија меѓу следбенците на Исус од Назарет. Под водство на Апостолите Петар и Павле, во рамките на групата почнале да се примаат и неевреи, која полека се одделила од Рабинскиот Јудеизам. Некои еврејски христијани не го прифаќале ова и развиле свои отсеци. До 3-тиот век прифаќањето на неевреи се формализирало во правилник.

Христијанството се раширило преку Медитеранот, со прогонства од римските императори. Бидејќи христијанството се проширило вон Палестина, дошло во контакт со старогрчката философија, од каде истото подоцна многу црпело. Ранохристијанските теолози како Ориген работеле на создавањето на синтеза помеѓу старогрчката философија, особено Платонизмот, и Христијанството и успеале да создадат карактеристична христијанска теологија. Христијанските учители сакале да го различат христијанството од другите вери во тоа време како Гностицизмот (некои аспекти од кој биле доста повлијаени од христијанството) и Митраизмот. Христијанството исто така веројатно абсорбирало разни елементи од современата паганска религија, особено мистеричните култови, иако научниците имаат разни мислења за нивото на повлијаеност.

Императорот Константин Велики (4-ти век) го озаконил христијанството а Теодосиј I го прогласил за официјална религија на Римската империја при крајот на истиот век. Одтогаш па натаму, тешко е да се следи развојот на христијанството заради преземањето на некои административни улоги од рацете на рисмакта власт во рацете на црковните водачи. Во ова време се развиваат и првите облици на монаштвото.

Христијанската црква на Римската империја била поделена на Западна (латински јазик) со седиште во Рим, и Источна (грчки јазик) со седиште во Константинопол, со значајни заедници во Египет и Сирија. Вон границите на империјата христијанството се проширило во Ерменија и Етиопија, Персија и Индија и меѓу келтските племиња. За време на Големата преселба на народите, разните германски народи го прифатиле христијанството; најпрвин Аријанската вероисповест (меѓу готите и вандалите), но подоцна Католичкото христијанство надвладеало, почнувајќи со франките. Источноевропските словени генерално ја прифатиле византиската форма на христијанството (како на пр. Русија во 988 год). Културните и дисциплински разлики ги раздвоиле Источната и Западната црква и резултирале во Големата Шизма (1054 год.)

од 7-миот век, Христијанството било предизвикано од Исламот кој го освоил Блискиот Исток и северна Африка. Следеле многу воени конфликти, вклучувајќи ги и Крстоносните војни, шпанската Реконквиста и потоа победата над Византиската империја и југоисточна Европа од страна на турците.

Западното христијанство во средниот век се карактеризира со соработка и конфликти меѓу локалните власти и Папата и развојот на сколастичката теологија и философија. Подоцна, големото незадоволство од корупцијата во Црквата резултирало во обиди за реформација на Црквата и општеството. Римокатоличката црква успеала да се обнови со Трентскиот Совет (1545-1563, но по издавањето на 95 тези во 1517 год. од страна на Мартин Лутер. Ова е еден од клучните настани во историјата на Протестантската Реформација која резултирала со појавувањето на бројни отсеци. За време на следните векови, соперништвото помеѓу Католицизмот и Протестанството со борбата на европските држави за политичка доминација ескалирало, додека многу од Православните цркви се нашле под власта на нехристијански владетели. Делумно како резултат на мисионерски жар, но и под стимулот на колонијалната експанзија на европските сили, христијанството во разни облици се проширило во С. и Ј. Америка, Океанија, источна Азија и подсахарска Африка. Со започнувањето на евопското Просветителство, христијанството се соочило со научни пронајдоци (како хелиоцентричниот систем и теоријата за еволуцијата), како и со појавувањето на библискиот критицизам и современите политички идеологии како либерализмот, национализмот и социјализмот.

Во 19-тиот и 20-тиот век, важни настани за црквата се развојот на екуменизмот, харизматичното движење и Фундаменталистичкото Христијанство.

[уреди] Видете исто така

  • Библија
  • Христијанска уметност
  • Христијански календар
  • Христијански материјализам
  • Христијанска музика
  • Христијански приказни
  • Христијански теолошки контроверзии
  • Христијански поглед на жените
  • Христијански симболизам
  • Крстоносна војна
  • Големата шизма
  • Историја на христијанството
  • Листа на апостоли
  • Листа на христијански имиња

[уреди] Наводи и избрана библиографија

  • A World History of Christianity од Adrian Hastings (уредник) [1] (темелен коментар за книгата во овој Теолошки дневник:[2]
  • Rubenstein, Richard When Jesus Became God, p. 179. [3]
  • Oden, Thomas. Systematic Theology (an ecumenical trilogy)
  • Pelikan, Jaroslav (5 Volumes published between 1971-1989).The Christian Tradition: A History of the Development of Doctrine.
  • Tolstoy, Leo (1894). The Kingdom of God is Within You. ISBN 0803294042.
  • Tomkins, Stephen (2005). A Short History of Christianity (Lion).
  • Ellegard, Alvar (1999). Jesus One Hundred Years Before Christ.
  • Burton Mack (2001) The Christian Myth: Origins, Logic, and Legacy. Social formation of myth making.
  • Vermes, Geza and Martin D. Goodman, eds. The Essenes according to the Classical Sources. Sheffield: Oxford Centre for Postgraduate Hebrew Studies and JSOT Press, 1989.

[уреди] Надворешни врски


Одлична статија Статијата Христијанство е пример меѓу избраните статии.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија.

Други јазици