1938
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 10 февруари – Романскиот крал Карол II присвојува диктаторски овластувања.
- 3 март – Во Саудиска Арабија е откриена нафта.
- 12 март – Нацистичка Германија ја зазема Австрија.
- 18 март – Мексико ја национализира целата сопственост на странските нафтени компании.
- 5 мај – Ватикан ја признава владата на Франциско Франко во Шпанија.
- 14 мај – Чиле се повлекува од Друштвото на народите.
- 7 септември – Режимот на Јоанис Метаксас во Грција донесува закон со кој строго е забранет македонскиот пишан и говорен јазик.
- 29 септември – Германија, Италија, Британија и Франција го потпишуваат Минхенскиот договор со кој е дадена согласност Германија да ја анектира чехословачката Судеска област.
- 30 октомври – Емитувана е радио адаптацијата на „Војната на световите“ на Орсон Велс, која предизвикува паника во повеќе делови на САД.
- 9 ноември – Започнува Кристалната ноќ во која во Германија нацистите ги напаѓаат еврејските продавници и синагоги. При тоа се убиени 91 Евреин, а најмалку 25 илјади Евреи се уапсени.
[уреди] Родени
- 5 јануари – Хуан Карлос I, шпански крал
- 11 февруари – Мануел Нориега, панамски диктатор
- 8 април – Кофи Анан, гански дипломат, генерален секретар на Обединетите Нации
- 15 април – Клаудија Кардинале, италијанска актерка
- 28 јули – Алберто Фуџимори, перуански претседател
- 28 август – Пол Мартин, канадски премиер
- 29 септември – Вим Кок, холандски премиер
- 16 ноември – Роберт Нозик, американски филозоф
[уреди] Починале
- 19 јануари - Бранислав Нушиќ, српски драматург
- 1 март – Габриеле Д’Анунцио, италијански поет и политичар
- 13 март – Николај Бухарин, советски политичар
- 26 април – Едмунд Хусерл, австриски филозоф
- 4 јули – Ото Бауер, австриски политичар
- 17 октомври – Карл Кауцки, марксистички теоретичар
- 10 ноември – Кемал Ататурк, турски претседател
- 25 декември – Карел Чапек, чешки писател
Видете исто: