1946
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 11 јануари – Енвер Хоџа ја прогласува Народна Република Албанија
- 26 јануари – Од печат излезе првиот македонски буквар
- 31 јануари – Донесен е Уставот на Федеративна Народна Република Југославија
- 2 февруари – Унгарија станува република
- 24 февруари – Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина
- 5 март – Во својот говор во Фултон, Мисури, Винстон Черчил првпат ја споменува „Железната завеса“
- 6 март – Во Романија е формирана влада на чело со Петру Гроза и со доминација на комунистите
- 8 март – Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија
- 14 март - Методија Андонов - Ченто поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија
- 22 март – Британија му дава независност на Трансјорданија
- 7 април – Франција официјално ја признава независноста на Сирија
- 18 април – САД ја признава владата на Јосип Броз Тито во Југославија
- 25 мај - Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал.
- 31 мај – Грција на референдум го поддржува враќањето на монархијата
- 2 јуни – Италија на референдум решава да стане република, по што италијанскиот крал е принуден да ја напушти земјата
- 14 јули – Полицијата го апси Методија Андонов - Ченто пред неговата куќа во Прилеп
- 2 – 3 август – Во Скопје се одржува Првиот конгрес на Народниот фронт на Македонија
- 18 - 21 август – Во Скопје се одржува Првиот конгрес на единствените синдикати на Македонија. За претседател на Земскиот одбор е избран Страхил Гигов
- 8 септември – Бугарија е прогласена за народна република
- 22 септември – Се одржуваат избори за Уставотворното Собрание на НР Македонија. Гласаат 94,6% од запишаните избирачи
- 11 октомври - Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев
- 11 октомври – Велес е преименуван во Титов Велес
- 15 ноември – Холандија ја признава Индонезија
- 21 ноември - По дводневно судење Методија Андонов - Ченто е осуден на 11 години затвор
- 11 декември - Основан е УНИЦЕФ.
- 31 декември – Уставотворното Собрание на НР Македонија го усвојува првиот Устав на НР Македонија
[уреди] Родени
- 19 јануари – Доли Партон, американска пејачка и актерка
- 20 јануари - Дејвид Линч, американски режисер
- 28 февруари – Робин Кук, британски политичар
- 20 мај – Шер, американска актерка и пејачка
- 1 јуни - Славе Димитров, македонски композитор, пејач и аранжер.
- 20 јуни – Ханана Гусмао, претседател на Источен Тимор
- 6 јули – Џорџ В. Буш, американски претседател
- 6 јули – Силвестер Сталоне, американски актер
- 19 август – Бил Клинтон, американски претседател
- 5 септември – Фреди Меркури, британски пејач („Квин“)
- 15 септември – Оливер Стоун, американски режисер
- 5 декември – Хозе Карерас, шпански оперски пејач
- 9 декември – Соња Ганди, индиска политичарка
- 18 декември – Стивен Спилберг, американски режисер
[уреди] Починале
- 21 април – Џон Мајнард Кејнз, британски економист
- 1 јуни – Јон Антоанеску, романски диктатор
- 17 јули - Дража Михајловиќ, српски четнички водач.
- 26 јули – Мирка Гинова, македонска партизанка
- 13 август – Х. Џ. Велс, британски писател
- 15 октомври – Херман Геринг, германски нацистички водач
Видете исто: