 Избрана статија на седмицата
|
Бонсаи-бор во неформален исправен стил. Дрвoто е старо над 30 год.
Бонсаи (јапонски: 盆栽, буквално: „засадено во сад“) е уметноста на естетска минијатуризација на дрва по пат на нивно растење во садови. Изразот главно се однесува на јапонскиот „бонсаи“ со потекло од Кина првобино развиен од кинескиот пенџинг. Меѓутоа на западот, зборот „„бонсаи““ се однесува како на јапонскиот бонсаи, така и на кинескиот пенџинг, и корејскиот бунџае.
Кинезите биле првите кои минијатуризирале дрва во саксии (200 н.е.) Оваа уметност можеби води потекло од пренесувањето на лековити растенија од страна на лекари. ВО прво време стилистичкиот фокус бил на обликување на стеблата во облик на животни и митолошки суштества.
Од Кина, оваа практика се проширила во Јапонија околу Хејанскиот период. За време на Токугавскиот период, пејзажното градинарство се здобило со ново значење и важност. Одгледувањето на растенија како азалија и јавори станало хоби на богатите. Исто популарно било и растењето на џуџести растенија во саксии, но о ова време садовите биле нессодветно големи по современи бонсаи-стандарди.
Ваквото одгледување тогаш се нарекувало хачи-но-ки, „дрво во саксија“. Терминот „бонсаи“ веројатно не почнал да се користи пред крајот на XIX век во Меиџискиот период.
архива |
|

- ... дека според легендата, за да ја изградат Саат-кулата во Битола, Турците поминале по сите околни села и собрале 60.000 јајца за да направат малтер?
- ... дека италијанецот Џовани Кабото, во Англија познат како Џон Кабот, се смета дека е првиот Европеец којшто по викинзите Ерик Црвениот и Лајф Ериксон ја открил Северна Америка?
- ... дека индијанците од племето Мохавк имале 9 поглавари, по тројца од 3 различни кланови: Желки, Волк и Мечка?
- ... дека на овогодинешната победничка на Ролан Гарос Ана Ивановиќ ова ѝ е трето учество во финале на Гренд Слем турнир?
- ... дека основачот на витешкиот ред темплари (грбот на сликата) Хуго де Паен по барање на папата Урбан II со себе земал 9 витези и ги обезбедувал аџиите коишто оделе во Ерусалим од пљачкашките банди и сиромашните крстоносци?
- ... дека најдобро пласирана песна на Македонија на Евровизија е „Нинанајна“ во изведба на Елена Ристеска на 12. место?
- ... дека Бретонскиот јазик станал малцински дури по 1532. година кога Бретања влегла во составот на Франција, и иако постепено бил истиснуван од францускиот, околу 500.000 лица денес зборуваат Бретонски?
- ... дека Хенри Еври (1653-?) е еден од ретките пирати кои пиратската кариера ја завршиле со својот плен, без да биде фатен или убиен, а исчезнал околу 1696?
- ... дека Бакари Сања во иста година е избран за Играч на сезоната, Најдобар десен бек во Франција и Член на Тимот на сезоната на 1. лига?
- ... дека Касапски кучиња, дебитантскиот филм на Квентин Тарантино, прикажува што се случило пред и по еден вооружен грабеж на накит, но не го прикажува и самиот чин на грабежот.
- ... дека витешкиот Малтешки ред бил создаден во 1080., уште пред да започнат крстоносните војни, од страна на бенедиктински свештеници?
- ... дека Бирото за филателија при Македонска пошта годишно издава од 27.000 до 30.000 поштенски марки, на 18 различни теми?
|
|
 Избрана слика на седмицата
|
Википедија:Слика на седмицата
архива
|
 Eventos recentes
|
Шаблон:Eventos atuais
Шаблон:Comunidade wikipédia
|
|