Главна страница - Википедија, Wikipedia HTML 2008 - Hosted by classicistranieri.com
Главна страница
Од Википедија, слободна енциклопедија
Добредојдовте на Википедија!
Добредојдовте на сајтот на слободната енциклопедија на македонски јазик. Википедија е повеќејазичен проект на креирање на потполна и точна слободна енциклопедија. Секој посетител може да додава и менува статии. Проектот на Википедија започна во јануари 2001, додека проектот на македонски јазик постои од септември 2003 година. Википедија на македонски јазик има 8.188 статии. Учествувајте во нејзиното проширување уште веднаш! Користењето и проширувањето на Википедија е навистина лесно - може да ги направите првите чекори за запознавање со Википедија кликајќи овде. Идеи за нови статии има безброј, а може да ги најдете на следната листа на статии кои Википедија на македонски би требало да ги има.
Важно: Користете исклучиво кирилица (секако, со исклучок на референци, специфични имиња и слично) во статиите кои ги пишувате или уредувате! Доколку имате статија напишана со некој македонски фонт, претворете ја во кирилична поддршка. За тоа можете да искористите некој од претворувачите наведени во соодветната страница за помош. Исто така пред да подигнете слика, видете ги лиценците за слики и задолжително наведете лиценца на сликата.
Актуелно на македонската Википедија
Македонската Википедија премина 8.000 статии.
Воведена е Одбрана статија на неделата наместо Одбрана статија на месецот.
Сергеј Михајлович Прокудин-Горски (руски: Сергей Михайлович Прокудин-Горскийчујте(помош·инфо)) (31 август, 1863, Муром – 27 септември, 1944, Париз) го посветил својот живот на унапредувањето на фотографијата како еден од првенците на фотографијата во боја. Роден е во Муром во Владимирската област, Русија, а по звање бил хемичар. Учел кај славни научници во Санкт Петербург, Берлин и Париз, и развил првични техники за фотографија во боја.
Своите првобитни истражувања резултирале со патенти слајдови и филмови во боја. Околу 1905 Прокудин-Горски разработил план за употреба на ова ново техничко октритие за документирање на Руската империја. Ова имало за цел да ги запознае учениците со огромната и разнолика историја, култура и модернизација на нивната татковина.
Процедурата се состоела од брзо правење на низа монохромни слики една по друга, секоја низ различно обоен филтер. Со проектирање на три монохромни слики во услови на светла со точна боја, можело да се реконстуира сликаната сцена во вистински бои. Помрднувањата на она што е сликано резултирало со заматени духолики слики, бидејќи сликите од црвена, зелена и сина боја се правеле со извесно временско растојание. прочитајте повеќе...