1953
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 28 февруари - Југославија, Грција и Турција го потпишуваат Балканскиот пакт.
- 28 февруари – Џејмс Вотсон и Френсис Крик објавуваат дека ја откриле структурата на молекулата на ДНК.
- 7 април – Даг Хамаршелд е избран за генерален секретар на Обединетите Нации.
- 2 мај – Хусеин е крунисан за крал на Јордан.
- 29 мај – Едмунд Хилари и Тензенг Норгај стануваат првите луѓе што се искачуваат на врвот на Монт Еверест.
- 16 јуни – Југославија и СССР воспоставуваат дипломатски односи.
- 17 јуни – Советските трупи го задушуваат работничкото востание во Источна Германија.
- 18 јуни - Египет се прогласува за република.
- 19 јуни – Во САД се егзекутирани Џулиус и Етел Розенберг.
- 26 јули – Фидел Кастро и неговите приврзаници вршат неуспешен обид за соборување на Фулгенсио Батиста.
- 27 јули – Северна Кореја, Јужна Кореја, САД и Народна Република Кина потпишуваат договор за прекин на огнот со што заврши Корејската војна.
- 8 август – Советскиот премиер Георги Маленков објавува дека СССР поседува хидрогенска бомба.
- 19 август – Во Иран, со помош на САД, е соборена владата на Мохамед Мосадех.
- 9 ноември – Камбоџа стекнува независност од Франција.
- 23 декември – СССР официјално објавува дека Лаврентиј Берија е егзекутиран.
[уреди] Родени
- 25 февруари - Хозе Марија Азнар, шпански премиер
- 16 март - Ричард Сталман, американски информатичар, основач на движењето за Слободен Софтвер
- 6 мај - Тони Блер, британски премиер
- 21 јуни - Беназир Буто, пакистанска премиерка
- 15 јули - Жан-Бертран Аристид, хаитски претседател
- 22 септември - Сеголен Ројал, француска политичарка
- 14 ноември - Доминик де Вилпен, француски премиер
- 8 декември - Ким Бесинџер, американска актерка
[уреди] Починале
- 5 март - Јосиф Сталин, советски диктатор
- 5 март - Сергеј Прокофјев, руски композитор
- 7 април - Димитар Влахов, македонски револуционер и државник
Видете исто: